28.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025
Дома Blog Страница 9456

Хиршер како „лавина“ ја поклопи конкуренцијата

Осма победа и 15-ти подиум за австрискиот скијач Марсел Хиршер на трките возени во швајцарски Аделбоден, со што е рекордер по успешност на оваа патека. На една од најтешките велеслаломски патеки на светот, тој доминираше, па 30-те илјади гледачи немаа што друго да прават псвен да го поздрават.

Хиршер сега во кариерата има 32 победи во велеслалом. Тој беше втор по првото возење, но во второто беше феноменален и ја разби конкуренцијата. Второто место му припадна на Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 71 стотинки заостанување, иако по првата трка тој беше побрз од Хиршер за 12 стоти делови од секундата. Место на подиумот имаше и за Томас Фанара од Франција.

Викендов требаше да има спуст и супервелеслалом за жени во Сент Антон, но трките беа одложени поради големо невреме. Одложениот спуст ќе се вози следниот викенд во италијанскиот ски центар Кортина Д`Ампецо, па таму наместо планираните две, ќе има три трки, додека судбината на одложената трка во супер-џи, засега не е позната.

Уеска загуби и испиша историја

Леганес триумфираше против Уеска со 1:0, со голот на Јусеф Ел Несири со 73. минута, и дојде до петтата победа сезонава, со која малку се одлепи од делот на табелата кој носи испаѓање.

На Леганес кој одамна нема пораз во првенството, трите бода му се многу важни, а Џонатан Силва ја имаше третата асистенција сезонава со што е најдобар во мадридскиот тим.

Уеска има девет порази по ред на гостински терен. Сепак, она по што ќе се памети овој меч е негативниот рекорд кој го поставија гостите.

Уеска стана првиот тим во историјата на шпанската прва лига кој примил гол на сите 19 меча во првата полусезона. Тоа е тим кој ниту еднаш сезонава не одигра 0:0, затоа што има лоша одбрана. Пред Уеска, гол на секој меч од есенскиот дел од сезоната имал само уште Атлетико Тетуан во далечната 1951/1952 сезона, кога Примера имаше 16 члена, па Атлетико примаше гол на 15 средби по ред, што е помалку од учинокот на Уеска.

И бебиња знаат да прослават гол во градско дерби (Видео)

Градското дерби во Глазгов помеѓу Ренџерс и Селтик е едно од најголемите на светот, а навивачите се фанатично настроени, па родителите ги воспитуваат и нивните деца да навиваат за тимот кој и тие го поддржуваат.

Таков е овој пример, во кој еден човек го снима своето дете како го гледа натпреварот Ренџерс – Селтик кој на 29 декември заврши со победа на тимот на тренерот Стивен Џерард од 1:0. Кога Рајан Џек од Ренџерс го постигна голот за водство (подоцна се покажа и како победнички), детето кое веројатно нема наполнето ниту две години, почна да се радува, да извикува „Гооол“ и со кренати раце да трча околу собата во која беше телевизорот.

Погледнете како се станува фудбалски фанатик уште од најмали нозе:

Креспо на клупата на Банфилд дебитираше со победа

Ернан Креспо кој непосредно пред нова година беше наименуван за тренер на Банфилд, како наследник на хрватскиот Аргентинец Дарио Цвитаниќ, веќе го имаше дебито на клупата на својот нов клуб и извојува победа. Мечот на Банфилд со Лаферере беше од пријателски карактер, а Банфилд триумфираше со 2:0. Двата гола ги постигна Агустин Фонтана.

„Среќен сум што повторно е работам како тренер. Се надевам дека ќе успееме да создадеме свој карактеристичен стил на игра, со добра контрола на топката и играње на противничката половина“ – изјави Креспо после мечот.

Наредниот контролен меч за Банфилд ќе биде во среда со Браун де Адроге, а на 19 јануари против Аргентинос јуниорс.

Креспо беше успешен фудбалер, играше за Ривер плејт, Парма, Лацио, Интер, Челзи, Милан, Џенова, за аргентинската репрезентација даде 35 гола на 64 настапи, а сега се испробува и во тренерската работа. Тој во сезоната 2015/2016 ја водеше Модена.

Хрватите по стапките на Јапонците, ја „светнаа“ соблекувалната

После победата од 31:27 над Исланд, ракометарите на Хрватска ја исчистија и средија соблекувалната како никој да не бил во неа. „Коцкестите“ го продолжија трендот кој го почнаа јапонските фудбалери на Светското првенство.

Луѓето задолжени за одржување на хигиената во салата во Минхен влегле во соблекувалната на Хрватска и веднаш излегле, откако виделе дека нема да имаат што да работат. Хрватите им ја завршија работата, а потоа на фотографираа соблекувалната, за да покажат како ја „светнале“.

Веројатно соблекувалната не била толку средена и чиста ниту пред да влезат избраниците на Лино Червар во неа, па се фалеа по социјалните мрежи со коментари од типот: „Какви Јапонци, погледнете ние во каква состојба да оставивме соблекувалната“.

Навистина е убава глетката кога после престој на еден тим во соблекувална, нема да има расфрлани парчиња храна, облека, кутии и слично.

Сари: Не гледав ниту еден меч од Мундијалот во Русија

Италијанскиот тренер Маурицио Сари, кој сезонава го води лондонски Челзи, изјави дека не гледал ниту еден натпревар од Светското првенство кое се играше минатото лето во Русија, бидејќи нема што да се научи од гледање репрезентативен фудбал.

Сари не е заинтересиран за такви мечеви, и тврди дека секој тренер го мисли истото, но останатите негови колеги не сакаат јавно да го кажат тоа.

Според Сари, неговиот Челзи би ја совладал репрезентацијата на Англија, и најдобрите тимови во клупскиот фудбал се многу посилни од репрезентациите. Стручњакот мисли дека за само 30 дена, не може квалитетно да се подготви еден тим кој ќе игра на врвно ниво.

„Не го гледав СП. Ниту еден меч. Не ми се допаѓа репрезентативниот фудбал, бидејќи не можете ништо да научите. Секој тренер мисли како мене, но невообичаено е некој јавно да зборува за тоа. Секој тим што игра на СП, би загубил од најдобрите клубови. Тоа е нормално, бидејќи не може за 30 дена да организирате и воиграте тим како во клубовите кои работат цела година. Мислам дека Челзи би ја совладал селекцијата на Англија, мојот тим не е на пониско ниво“ – изјави Сари.

 

Нема крај на победничката серија на Манчестер јунајтед

Експертот за Премиерлигата, Ѓорѓи Христов верува во квалитетот на Манчестер јунајтед, дополнет со одличната атмосфера и очекува нов триумф на „црвените ѓаволи“, утре во дербито на Премиерлигата.

„Според мене нема да биде изненадување и типувам дека гостите ќе ги освојат бодовите, во ефикасен меч“, вели Христов.

Еве ги неговите пет предлог типови за 22. коло во Премиерлигата.

 

Брајтон – Ливерпул (Сабота, 16 часот)

Време е за прва победа на Ливерпул во 2019 година. Имаат одлична традиција против домаќинот, имаат многу посилен тим и очекувам да ги освојат бодовите. Титулата се освојува со бодови против таканарачените „мали“ клубови. Лидерот игра ефикасно, лесно дава голови и верувам дека и тука ќе ги има најмалку три.

Предлог тип:2&3+ (1.93)

 

Барнли – Фулам (Сабота, 16 часот)

Ќе се игра цврсто на меч во кој двете екипи имаат грижи за опстанок. Според квалитетот на играчите Фулам има подобра екипа, но Барнли е домаќин, па некако ми личи на реми. Иако последните четири меѓусебни дуели завршија со доста голови, сега влогот е голем и очекувам меч со малку голови.

Предлог тип: 0-2 (1.78)

 

Кристал Палас – Ватфорд (Сабота, 16 часот)

Лондонското дерби ќе биде ефикасно, бидејќи и двете екипи имаат добри напаѓачи. Ватфорд игра исклучително ефикасно, но според мене Палас е фаворит и ќе победи. Како додаток на единицата нека биде и 3+, односно да има најмалку 3 голови.

Предлог тип: 1&3+ (3.80)

 

Челзи – Њукасл (Сабота, 18.30 часот)

Очекувам Њукасл барем еднаш да ја затресе мрежата на Челзи, но и победа на домаќинот. Во меч од ланското првенство Њукасл изненадувачки го декласира тимот од Лондон со 3:0, им дадоа гол и на првуиот меѓусебен меч во ова првенство и очекувам и денеска да се затресе мрежата на Аризабалага.

Предлог тип: 1&ГГ (3.35)

 

Тотенхем – Манчестер јунајтед (Недела, 17.30)

Очекувам да продолжи серијата на Манчестер јунајтед, иако сезонава Тотенхем игра одлично. Тргна машинеријата на „црвените ѓаволи“, а ова е првиот посериозен тест за Оле Гунар Солскјер. Атмосферата е победничка кај Јунајтед, што е често е и клучно за победа на фудбалските натпревари. Верувам дека ќе проследиме ефиксно дерби на колото во Премиерлигата со триумф на гостите.

Предлог тип: 2&ГГ (5.20)

 

Алиоски добива соиграч од Реал Мадрид

Резервниот голман на Реал Мадрид, Кико Касилја, е во завршна фаза на преговори со Лидс, и наскоро би можел да потпише договор со клубот кој во следната сезона можеби ќе игра во Премиерлигата. Дали искусниот Касилја ќе стане соиграч на Езџан Алиоски, ќе се знае за најмногу десетина дена.

За 32-годишниот Касилја кој има договор до јули 2020 година, во моментов нема место во Реал. Таму главни голмани се Тибо Куртоа и Кејлор Навас, го имаа и младиот Андриј Лунин кој е позајмен во Леганес, па Кико не брани ниту во Купот на Шпанија.

Касилја потекнува од школата на Реал, но никогаш не доби вистинска шанса. Во кариерата бранеше за Еспањол, Кадис и Картагена, а има настап и за националниот тим.

 

Бразил го намачи првакот, сега со домаќинот, Србите ја предизвикуваат Франција

Светското ракометно првенство денеска нуди комбинација од неколку интересни натпревари и некои во кои едната репрезентација е огромен фаворит.

Со жестокиот отпор против светскиот првак Франција, Бразилците покажаа дека се најдобар тим во Јужна Америка и оти може да изненадат во групата во Берлин. Но, вечерва против себе ќе ја имаат Германија која ќе има поддршка од трибините и ќе биде реваншистички настроена за да има врати на „кариоките“ за поразот на Олимписките игри во Рио во 2016 година. Тој триумф од 33:30 е единствен за Бразил во меѓусебните дуели со Германија.

Србија вчера можеше да победи, но и да загуби против Русија, па на крај средбата заврши нерешено, а вечерва нашите северни соседи ги чека уште поголем предизвик и многу силен противник. Франција потфрли во второто полувреме против Бразил кога даде само 8 гола, но победи со два гола разлика. Традицијата најавува победа на „галските петли“. Тие не загубиле од Србија или СР Југославија уште од 1998 година. Севкупно, Франција не знае за пораз уште од 26 јануари минатата година, во полуфиналето на ЕП од Шпанија.

Попладнево Русија мора да ја совлада Кореја, но ќе им треба уште некој што ќе му помогне на Тимур Дибиров, кој даде 12 гола против Србија. Данска на стартот го прегази Чиле, а ниту на Тунис не му се пишува добро.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Австрија – Чиле (15 часот), Русија – Кореја (15.30), Норвешка – Саудиска Арабија (17.30), Германија – Бразил (18.15), Данска – Тунис (20.15), Франција – Србија (20.30).

Матиќ го покани Ибрахимовиќ на македонски ајвар (фото)

Немања Матиќ го покани Златан Ибрахимовиќ да се врати од САД, за да може заедно да јадат македонски ајвар. Некогашните соиграчи од Манчестер јунајтед имаа интересна конверзација на социјалните мрежи. Се започна откако Ибрахимовиќ постираше видео на кое се облекува во соблекувалната, слушајќи еден голем хит на Халид Бешлиќ.

На тој пост, Матиќ го испровоцира Ибрахимовиќ нарекувајќи го „сељак“. Дека Златан на никого не останува должен, покажа и по оваа провокација на Матиќ, па му возврати „Мајсторе ти си оригинал сељак“. За да ја смири целата ситуација, Матиќ реши како адут да го искористи македонскиот специјалтет „Ајвар“. Србинот му порача на Златан „Ајде дојди стигна ајварот made in Macedonia“.