23.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025
Дома Blog Страница 9459

Јокиќ ли е, Том Брејди ли е? (видео)

Денвер нагетс лесно го совлада тимот на ЛА клиперс со 121:100, а домашните навивачи одново посведочија на нов блесок на Никола Јокиќ. Српскиот центар го заврши мечот со трипл-дабл учинок од 18 поени, 10 скока и 14 асистенции, додека во текот на мечот направи нешто што ретко се гледа на НБА-натпреварите.

Јокиќ ја собра топката во својот рекет по утнатиот напад на гостите, па од свртување испрати долга топка до својот соиграч Џамал Мари, кој ја имаше полесната работа во оваа акција. Србинот додаде преку цел терен, и тоа без да види каде е неговиот соиграч, па неговиот потег потсети на НФЛ-ѕвездата Том Брејди, кој е познат по перфектните додавања во американскиот фудбал.

Енди Мареј во солзи најави крај на кариерата

По низата повреди, операции и обиди да се врати на тениските терени, се чини дека Енди Мареј ја губи битката со повредата на колкот, поради која долго време беше надвор од погон. Британецот се подготвува за Отвореното првенство на Австралија, односно првиот Гренд слем во новата сезона, а на прес-конференцијата едвај се воздржа да ги сокрие емоциите, па најави дека овој турнир може да биде негов последен во кариерата.

„Не се чувствувам добро. Многу долго време се борам, но во последните 20 месеци чувствувам силна болка. Мислам дека се обидов на сите начини да закрепнам, да го вратам колкот во нормална состојба, но ништо не помогна. Можам да играм, но со ограничувања. Со тие ограничувања и болката не можам да уживам во тенисот. Не сум сигурен дали ќе можам да играм уште четири или пет месеци со вакви болки. Планот ми беше да се повлечам по Вимблдон, но не сум сигурен дека ќе успеам во таа намера“, изјави Мареј.

Како што истакна, Мареј планираше да ја заврши професионалната кариера на Вимблдон, но болките во колкот очигледно не му дозволуваат да чека до налето, а посочи дека му предложиле да направи уште една опрација во обид целосно да се отстрани проблемот со колкот.

Триесет и едногодишниот шкотски тенисер освои вкупно 45 трофеи откако стана професионалец во 2005 година, од кои два трофеи му се од Вимблдон и еден од Отвореното пренство на САД. Мареј има и три медали од Олимписките игри, во Лондон освои два – златен медал во сингл и бронзен во мешан дабл, додека и во Рио беше златен во сингл. Во 2016 година беше и прв светски рекет кога го освои и завршниот АТП-турнир.

На стартот од Гренд слемот во Мелбурн, Мареј во првото коло ќе се соочи со Роберто Баутиста – Агут, а турнирот започнува во понеделник.

 

 

 

Македонија денеска стартува на СП: Како загревање ви нудиме топ 10 голови на нашата репрезентација (Видео)

Македонската ракометна репрезентација денеска од 15:30 часот ќе го игра првиот меч на Светското првенство во Германија и Данска. Противник е Јапонија, а избраниците на селекторот Раул Гонзалес ја имаат фаворитската улога.

Навивачите очекуваат победнички старт во дуелот со екипата од далечниот Исток, а како загревање пред мечот, ви нудиме листа на топ 10 погодоци на македонската ракометна репрезентација. Се надеваме дека и на планетарниот собир ќе има многу атрактивни погодоци од момците во „црвено-жолта“ комбинација.

 

Поранешните играчи на Реал се палат против Барса

Борха Мајорал синоќа беше стрелец на еден од двата гола со кои Леванте ја победи Барселона во првиот меч од Купот на Шпанија и стана четвртиот фудбалер кој го носел дресот на Реал Мадрид, а сезонава постигнал гол против најголемиот ривал на Реал. Леванте стана вториот тим по Реал Мадрид кој има две победи над Барса во ерата на тренерот Ернесто Валверде.

Ова покажува дека за секој што играл за Кралскиот клуб, мечевите против Барса се посебно мотивирачки. Мајорал е позајмен од Реал и неговата иднина е неизвесна, но поголеми се шансите од јули да биде целосно откупен од некој клуб отколку да продолжи да биде резерва во Реал.

Покрај Мајорал, кој погоди во Купот, сезонава мрежата на Барселона ја тресеа и Пабло Сарабија, Езекиел Гарај и Серхио Каналес. Аргентинецот Гарај од Валенсија и некогашниот мега талент Каналес од Бетис дадоа голови против Барса во првенството, а Сарабија кој е член на Севилја, погоди во шпанскиот Суперкуп.

Слушнете која е омилената песна на Златан Ибрахимовиќ (Видео)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ имаше одлична дебитантска сезона во американската МЛС-лига, на 27 меча во дресот на Лос Анџелес галакси даде 22 гола, имаше и седум асистенции, покажувајќи дека годините ништо не му можат.

Со оглед на тоа дека Галакси ја заврши сезоната малку порано, Златан и друштвото имаа повеќе време за одмор, но и на одморот му дојде крај. Доказ е снимката од соблекувалната по одработен тренинг, но клипот е многу поинтересен по музиката која се слуша во заднина.

Додека Ибра се подготвува, во соблекувалната ечи стариот хит „Београѓанка“ од легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ. Очигледно дека Швеѓанецот многу го почитува Халид и не само што ја слуша, туку повремено и си ги потпевнува стиховите од оваа позната песна, па тоа дополнително ги воодушеви неговите фанови од екс југословенските простори.

Еве ја атмосферата во соблекувалната на ЛА галакси:

Оклахома одбра погрешна вечер да го налути Олдриџ, нов трипл-дабл на Јокиќ

Сан Антонио спарс го доби исцрпувачкиот дуел со Оклахома сити тандер на продолженија со конечни 154:147. Центарот на спарси, Ламаркус Олдриџ одигра меч за паметење постигнувајќи негов личен рекорд во кариерата, заврши со високи 56 поени, а му недостасуваше еден скок за дабл-дабл учинок.

Победата над Оклахома ќе ја памети и Грег Попович, со која стигна вкупно до 1.222 победи во својата тренерска кариера и сега е трет на вечната листа по број на победи. Пред него се само Лени Вилкенс со 1.332 и Дон Нелсон со 1.335 победи.

Одличен настап имаше и Расел Вестбрук, но ниту неговиот трипл-дабл учинок од 24 поени, 24 асистенции и 13 скока не беше доволен да се избегне поразот во „АТ&Т“ центарот.

 

Никола Јокиќ го предводеше тимот на Денвер до 28-та победа откако Нагетси славеа со 121:100 над ЛА клиперс. Спрскиот центар го запиша петтиот трипл-дабл учинок сезонава со 18 поени, 10 скока и 14 асистенции, а имаше голема помош од најефикасниот играч на средбата Џама Мари, кој заврши со 23 поени.

Денвер ја оствари седмата победа на последните осум средби и речиси по половина од натпреварите во регуларниот дел од сезоната цврсто го држи врвот на Западот пред шампионот Голден стејт.

 

Резултати НБА:

Сан Антонио спарс – Оклахома сити тандер 154:147 (по продолженија)

Денвер нагетс – ЛА клиперс 121:100

Мајами хит – Бостон селтикс 115:99

Сакраменто кингс – Детроит пистонс 112:102

Експериментот на Валверде потфрли, Леванте може да сонува четврт-финале

Леванте со предност од еден гол ќе го чека реваншот на „Камп ноу“, откако во првиот осминафинален дуел против Барселона триумфираше со 2-1. Тренерот на шпанскиот првак, Ернесто Валверде, реши да експериментира во пресрет на овој дуел, па им даде слободен ден на Меси и Суарес, но експериментот очигледно не функционираше.

Домаќините за помалку од 20 минути во два наврати ја тресеа мрежата на Силесен. Во четвртата минута Леванте го искористи првиот прекин, па Кабако со глава ја смести топката во мрежата на Каталонците. Во 18-тата минута конечниот резултат го постави мадридското дете Борха Мајорал, кој како позајмен играч од таборот на „кралевите“ игра за Леванте.

Гостите стигнаа до погодок во 85-тата минута преку Кутињо, кој реализираше од белата точка по направениот фаул во казнената зона врз Денис Суарес.

Слободен ден имаше и нашиот репрезентативец Енис Барди, стратегот Пако Лопес одлучи да го одмори играчот за врска бидејќи веќе во недела ги очекува тешко гостување кај Атлетико Мадрид.

Реванш-средбата меѓу Барселона и Леванте е закажана за 17-ти јануари, со почеток од 21:30 часот на „Камп ноу“.

https://www.dailymotion.com/video/x70f2xn

 

https://www.dailymotion.com/video/x70f3x1

Претходно Бетис и Реал Сосиедад одиграа реми без голови, па сите карти се отворени во пресрет на реваншот во Сан Себастијан.

Погба е фит, ќе игра против Тотенхем

Манчестер јунајтед ќе може да смета на Пол Погба за претстојното дерби против Тотенхем, кое е закажано за во недела. Французинот се здоби со повреда на бутниот мускул изминатиот викенд, кога „црвените ѓаволи“ тирумфираа на гости кај Њукасл со 2-0, но стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, потврди дека проблемот е надминат и Погба е подготвен за настап.

„Погба чувствуваше болки, но на тренинзите деновиве се забележа дека проблемот е решен, па ќе биде во составот да ни помогне и против Тотенхем да обезбедиме позитивен резултат“, вели Солскјер.

Дербито од 22-рото коло во Премиер лигата кое ќе се игра на „Вембли“ е закажано за во недела, со почеток од 17:30 часот. Јунајтед по 21 натпревар, се наоѓа на шестото место на табелата со 38 бода, додека Тотенхем е трети и има 10 бода повеќе во однос на тимот од  „Олд Трафорд“.

„Кралевите“ му се реваншираа на безидејниот Олимпијакос

Реал Мадрид конечно му се реваншираше на Олимпијакос по трите последователни порази во меѓусебните дуели, па со конечни 94:78 ја запиша вкупно 15-тата победа во Евролигата. „Кралевите“ повторно фаќаат залет во европското натпреварување, веќе нанижаа три победи, додека грчкиот гигант го претрпе вториот пораз во последните пет меча.

Реал комплетно го контролираше мечот откако неизвесноста траеше само неколку минути во воведниот период. На паузата заминаа со +8 во своја корист (54:46), додека во четвртата четвртина ја остварија и највисоката предност со разлика од 19 поени.

Рендолф беше најефикасен во победата на Реал со 16 поени и осум скока, по 13 додадоа Кампацо и Ајон. Ледај со 15 поени и осум скока беше најрасположен во составот на Олимпијакос, а Вилијамс-Гос заврши со 13 поени и пет асистенции.

Малком + 50 милиони фунти = Вилијан

Барселона одново ќе се обиде да го ангажира Вилијан од редовите на Челзи. Каталонците наводно се подготвени да понудат 50 милиони фунти плус Малком во пакет за да го доведат Бразилецот на „Камп ноу“ во зимскиот преоден рок. Барса и во текот на летото се интересираше за услугите на триесетгодишниот крилен офанзивец на „сините“, но клубот од Лондон тогаш одби 65 милиони фунти.

Вилијан оваа сезона не е на потребното ниво, па со новата понуда од Барса, „сините“ можат многу да профитираат. Ќе се ослободат од играч кој има 30 години и му истекува договорот за 18 месеци, а за возврат ќе добијат супер сума плус млад играч со слични предиспозиции на Вилијан.

Каталонците воедно не се задоволни од Малком, ниту пак тој се изнаигра на „Камп ноу“. За неговите услуги платија 40 милиони евра изминатото лето, кога го купија од Бордо, а Малком настапи само на девет средби во сите натпреварувања постигнувајќи само два гола.