30.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025
Дома Blog Страница 9461

Го прегази возилото кое требаше да дојде за да му даде помош (Видео)

Една по малку несекојдневна и бизарна ситуација се случи на дуелот меѓу Триндаде и Фламенго во Купот за младинци. Играчот на домаќините, Бернардо се пожали на повреда во 20-тата минута, па на теренот мораше да влезе и специјалното возило наменето за лекарите на фудбалскиот терен.

Сепак, наместо веднаш да добие помош, Бернардо дополнително почувствува болка откако возачот на количката без многу да внимава, го прегази по ногата фудбалерот кој се жалеше на повреда. За среќа, тоа не беше многу сериозно, па Бернардо по укажаната лекарска помош, се врати на теренот.

Гвардиола објасни зошто Манчестер сити го згази третолигашот Бартон

Манчестер сити со убедливи 9-0 славеше против Бартон во полуфиналето на Лига купот. Тоа е најубедлива победа во еден полуфинален меч во историјата на англискиот фудбал. „Граѓаните“ уште на полувремето имааа предност од 4-0, но иако беше јасно дека ќе стигнат до убедлива победа против третолигашот, Манчестер сити во второто полувреме продолжи во ист ритам и на крајот победи со неверојатни 9-0.

По мечот, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, ги тешеше противничките играчи, а шпанскиот стратег подоцна објасни зошто неговиот тим не го намалил темпото во вторите 45 минути.

„Ако престаневме да даваме голови, со тоа ќе покажевме дека не го почитуваме противникот и натпреварувањето во кое сме дел“, објасни Гвардиола по победата од 9-0.

 

Богата ракометна понуда во Sport Life – Кирил Лазаров меѓу топ-фаворитите, Сензација на Македонија со коефициент 100

Кирил Лазаров е меѓу топ фаворитите во трката за крал на стрелците на ракометниот Мундијал, што почнува денеска, а Sport Life стандардно подготви богата понуда со специјални игри.

Македонија ќе ги почне натпреварите утре, против Јапонија, а денеска до 17.30 часот можете да се обложувате на играта „Најдобар стрелец на Мундијалот“.

Прв фаворит е крилото на еден од домаќините на шампионатот, Германецот Уве Генсхајмер со коефициент 5.50. Зад него е скандинавското дуо Сандер Сагосен од Норвешка и Данецот Микел Хансен, двајцата со коефициент 6.

Следува одличниот Швеѓанец Никлас Екберг со коефициент 7, а потоа е рекордерот според бројот на постигнати голови на Мундијалите (2009, 92 гола), нашиот капитен Кирил Лазаров со коефициент 8.

Коефициентот е одличен, а само за потсетување, Лазаров беше најдобар стрелец на претходното СП во Франција пред две години со точно 50 голови.

Специјалот што го подготвија обложувалниците на Sport Life ви нуди можност да се обложите на Македонија дека ќе биде победник во групата Б, а коефициентот е примамлив, 13. Точно коефициент 100 е нашите репрезентативци да приредат светска сензација и да ја освојат титулата, а игри има уште многу.

Ќе следи и изненадување во следните денови од Мундијалот, затоа читајте Спорт Манија и обложувајте се во Sport Life.

 

 

Федерер тргнува по хет-трик во Мелбурн против Истомин

Роџер Федерер ќе се обиде да стигне до хет-трик трофеи на Отвореното првенство на Австралија, но ждрепката што се одржа денеска не го милуваше и од стартот ќе има незгодни ривали.

Прв на мегдан ќе му излезе 99-торангираниот Денис Истомин, тенисер кој преклани успеа да го елиминира Новак Ѓоковиќ во второто коло на Гренд слемот во Мелбурн.

Потоа, ако сè оди како што треба, проектирано полуфинале е Федерер против Надал. Тоа е дел од трилингот тенисери со Ѓоковиќ, кои заедно имаат освоено 50 титули на последните 60 Гренд слем турнири.

Ѓоковиќ на стартот ќе игра против квалифициран, а Надал ќе почне против домашниот тенисер Џејмс Дакворт. Потоа, до планираното полуфинале со Федерер на патот веројатно ќе му стои одличниот сервер од Јужна Африка, Кевин Андерсон, кој игра во одлична форма.

На ждрепката лошо помина Енди Мареј, а прв ривал ќе му биде шампионот од Доха, Роберто Баутиста Агут, 22-ри носител и тенисер кој го елиминира Ѓоковиќ на патот кон титулата на турнирот во Катар што се играше по Нова година.

Кај дамите, ланската шампионка Каролина Возњацки ќе ја почне одбраната на трофејот против Белгијката Ван Ујтванк, првата носителка и ланска финалистка Симона Халеп ќе стартува со меч против Каја Канепи, а Серена Вилијамс во поход по рекордната осма титула на Отвореното првенство на Австралија ќе тргне со меч против Германката Татјана Марија.

Турнирот почнува на 14-ти јануари и ќе се игра до 27-ми јануари.

 

Челзи ќе му даде тројца играчи на Фулам за да се спаси од испаѓање?

Клаудио Раниери како тренер на Лестер успеа да го направи најголемото чудо во англиската Премиер лига и стана шампион во 2016 година. Сега мисијата на италијанскиот стратег е сосема поинаква. Треба да го спаси тимот на Фулам од испаѓање.

Фулам моментно е во опасната зона, а за што е можно побрзо бегање од таму, Раниери побара помош од Челзи. Италијанскиот стратег контактирал со својот сонародни Маурицио Сари и побарал лондонскиот сосед да му даде тројца играчи.

Се работи за купување на дефанзивецот Кејхил, како и за двајца фудбалери на позајмица. Раниери го бара Дени Дринквотер, кому му беше тренер во Лестер, но овој играч не доби вистинска шанса во Челзи. На „Крејвен котиџ“ би можело да заврши и Нигериецот Мозес, кој исто така е вишок во Челзи.

Раниери се обидува да го доведе и Марко Пјаца од Јувентус, каде што Хрватот нема многу шанса да игра, а сигурно би бил од корист за Фулам. По 21 меч во Премиер лигата, Фулам е на претпоследното, 19-то место на табелата само со 14 бодови. Кардиф, кој е на сигурната 17-та позиција, има 18 бодови, што значи дека опстанокот не е невозможна мисија.

Обединета Кореја доби попуст на ракометниот Мундијал

Обединета Кореја за првпат ќе игра со ракометари од двете земји, Јужна и Северна Кореја, а ќе бидат единствената репрезентација на која ќе ѝ биде дозоволено во составот да има 22-ца ракометари.

Јужна Кореја има многу поголемо реноме и ракометна традиција, па нивните соседи од Северна Кореја вклучија само четири играчи во заедничкиот состав што ќе игра во Германија и Данска на Мундијалот.

Поради баланс, ИХФ им дозволи мал попуст, па вклучени се уште четворица играчи, или вкупно 22-ца, што е над дозволениот лимит од 18 играчи за секој меч.

Кореја ќе игра денеска, на премиерниот меч во Берлин против домаќинот Германија од 18.15 часот, а во групата А се аутсајдери во конкуренција на Франција, Србија, Русија и Бразил.

 

Патуваа 8 часа за историскиот настап на Бартон и утнаа 8 гола

Емили и Едвард се брат и сестра и големи навивачи на Бартон, но им се случи вистински малер и долго патешествие од Лондон и Глазгов до Манчестер на историскиот меч на нивниот омилен тим против актуелниот англиски шампион Манчестер сити.

Бартон загуби со неверојатни 9-0 од премиерлигашот, а Емили и Едвард видоа само еден гол, последниот на Ријад Марез во 83-тата минута. Веројатно не жалат многу бидејќи Бартон беше декласиран и нема шанси за финале, иако има реванш во полуфиналето на Лига купот на Англија.

„Патував осум часа од Лондон до Манчестер поради блокада на патот. Четири часа стоевме во место, а билетите беа кај мене, па и брат ми Едвард, кој допатува од Глазгов за да го бодриме Бартон, не можеше да влезе на стадионот. Сега, згора на сè, и загубивме со 9-0. Ова беше ден за заборав, а се надевавме на историја“, изјави Емили.

Тандемот големи симпатизери на третолигашот влезе на стадионот 15 минути до крајот на мечот и ако е за утеха, не го проследи поголемиот дел од бродолмот на Бартон против Манчестер сити.

 

Започнува ракометното лудило во Германија и Данска

Светското ракометно првенство во Германија и Данска започнува денеска и ќе трае до 27-ми јануари. Берлин, Хамбург, Минхен и Келн се германските градови кои ќе бидат домаќини, додека во Данска Мундијалот ќе се игра во Копенхаген и Хернинг. Ова е 26-ти планетарен собир на најдобрите ракометари во светот.

Иако турнирот уште не е започнат, ова се очекува да биде рекордно посетен планетарен собир. Досега се продадени повеќе од 500.000 влезници, а во текот на планетарниот собир се очекува да биде поставен и рекордот, кој е во сопственост на Германија од Мундијалот во 2007 година. Тогаш вкупно на трибините имаше 750.000 гледачи, а за овој турнир се очекува таа бројка да достигне и до 800.000 посетители.

Првиот меч на првенството е дуелот меѓу Германија и Кореја, а берлинската „Мерцедес-Бенц арена“ е распродадена и ќе има 14.800 гледачи. Вториот домаќин на турнирот, Данска, е апсолутен фаворит против Чиле.

 

 

Сити со „лудиот“ напад израмни рекорд стар 52 години во Англија

Манчестер сити синоќа приреди ново гол-шоу за навивачите на стадионот „Етихад“ откако со неверојатни 9-0 го победија Бартон во првиот меч од Лига купот на Англија. Ова е највисока победа во англиските купови на полуфинална средба.

Дека „граѓаните“ ќе забележат лесна и сигурна победа можеше да се очекува, со оглед на тоа дека противникот игра во третата англиска лига. Сепак, факт е дека девет погодоци се премногу, без разлика кој е ривалот, а посебно на меч од полуфинале во Куп.

Играчите на Сити беа расположени за голови уште пред овој меч, бидејќи само три дена порано победија со 7-0 во дуелот против Ротерам во ФА купот. Токму тој податок дека на последните два меча Сити даде барем седум голови е израмнување на рекордот стар 52 години.

Лидс  во 1967 година успеа на два меча по ред да даде барем по седум голови и оттогаш помина повеќе од половина век за сега Сити да го повтори тоа постигнување. Актуелниот англиски првак само за три дена даде вкупно 16 погодоци.

 

Дончиќ со нов меч за историја: Само Леброн и Дурант претходно го направиле тоа

Лука Дончиќ одигра уште еден меч во кој оствари нов подвиг. Дебитантот беше незадржлив и даде 30 поени во победата на Далас против Феникс од 104:94. На тинејџерот ова му беше четврти меч на кој дава барем 30 поени. Личниот рекорд му е 34 поени.

Покрај одличната реализаторска игра, Лука додаде и шест скокови, пет асистенции и три украдени топки. Тоа е само седми меч на кој еден тинејџер успева да заврши со вакви бројки зад своето име. Само на двајца играчи претходно им успевало тоа. Леброн Џејмс и Кевин Дурант се ѕвездите кои како тинејџери блескале толку силно.

Ноќеска во НБА се одиграа вкупно 10 меча, а домаќините се радуваа на девет. Единствено Милвоки успеа да победи на гости, и тоа кај Хјустон со 116:109. Јанис Адетокумбо беше незадржлив и на крајот имаше 27 поени и рекордни во кариерата 21 скок.

Бруклин ја победи Атланта со убедливи 116:100, но интересно е тоа што гостите во текот на мечот имаа дури 19 поени предност, а на крајот згубија со 16 разлика.

Резултати: Бостон – Индијана 135:108, Вашингтон – Филаделфија 123:106, Бруклин – Атланта 116:100, Хјустон – Милвоки 109:116, Мемфис – Сан Антонио 96:86, Њу Орлеанс – Кливленд 140:124, Далас – Феникс 104:94, Јута – Орландо 106:93, Портланд – Чикаго 124:112, ЛА лејкерс – Детроит 113:100.