24.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025
Дома Blog Страница 9460

Јуве ослабен во Суперкупот

Хрватот Марио Манџукиќ веројатно нема да настапи во Суперкупот на Италија против Милан откако на денешниот претпладневен тренинг со екипата на Јувентус се здобил со повреда на мускул во бутот на левата нога.

На Манџукиќ треба да му се направат детални прегледи за да се утврди точната тежина на повредата, па потоа ќе се знае дефинитивно дали тој ќе се појави на Суперкупот кој се игра во Џеда, Саудиска Арабија.

Неиграњето на 32-годишниот Хрватот е хендикеп за Јуве, бидејќи сезонава игра во добра форма. Тој нема да биде во составот на гостувањето кај Болоња в сабота од Купот на Италија, а утре би се знаело дали ќе може да игра против Милан на 16-ти јануари.

Уште еден Бразилец потпиша за Работнички

Фудбалскиот тим на Работнички го доби и шестото засилување во овој зимски преоден рок. Бразилскиот интернационалец Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор е најновата аквизиција во клубот од скопско Дебар Маало за пролетниот дел од првенството. Тој има 25 години, ќе ја засили офанзивната линија во тимот и потпиша договор до јули 2020 година.

Барбоса веќе им се приклучи на тренинзите на тимот. Тој има настапувано во повеќе бразилски клубови, како Гремио Анаполис, Гојас, Линенсе, Апаресиденсе, а собираше искуство и во Бахреин, во клубот Ал Рифа.

Во овој преоден рок, Работнички се засили и со: Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Николај Дулгеров, Емил Вијачки и Жунињо Кабрал.

Аплауз по говорот на Бошко Ѓуровски на комеморацијата за Шекуларац

Бошко Ѓуровски во емотивното излагање на комеморацијата посветена на Драгослав Шекуларац потсети колкава трага остави човекот кој беше роден во Штип, а потоа ги замоли присутните да станат на нозе и со долг аплауз да го поздрават покојниот Шеки.

„Во Ѕвезда нè учеа на тренерите да им персираме, но денеска јас ќе му се обратам со прекарот. Имав чест да ме тренираш. Фудбалот за тебе беше едноставен. Благодарение на Шеки, јас и татко ми станавме навивачи на Црвена ѕвезда. Во клубот имаше многу мајстори, џентлмени, генијалци, кобри, но никој не беше како Шеки. Во фудбалот, дриблингот е сè, а тој беше најдобар во овој елемент“, порача Ѓуровски, кој пред 30 и неколку години беше трениран од Шекуларац.

Шекуларац почина во саботата на 82-годишна возраст. Денеска во клупските простории на Ѕвезда имаше многу легенди и познати навивачи на ривалскиот Партизан. Смртта ги спои Дуле Савиќ и Бјековиќ, Пижон и Моца, Пантелиќ и Крстајиќ, Човиќ и Дачиќ. Една од најинтересните анегдоти за Шекуларац е моментот кога „кралот на фудбалот“ Пеле откако видел како дрибла Шеки, го прашал дали е Бразилец?

Ждрепката за одбојкарското ЕП на 16-ти јануари во Брисел

Кои ќе бидат противници на Македонија на Европското првенство во одбојка во септември годинава ќе се знае на 16-ти јануари. Ждрепката ќе се влече во Брисел, еден од четирите градови-домаќини на првенството кое е закажано за 13-ти до 29-ти септември.

Синоќа нашите одбојкари остварија историски успех и првпат се пласираа на завршница на континентален шампионат, па како дебитанти, ќе имаат улога на аутсајдери, но и самиот пламан на ЕП е огромен успех.

Во првиот шешир се: Русија, Србија, Италија и Полска. Во вториот се: Бугарија, Германија, Финска и Чешка. Во третиот се: Естонија, Словачка, Турција и Шпанија. Во четвртиот се: Португалија, Украина, Грција и Црна Гора (и Црногорците се дебитанти на ЕП). Во петтиот шешир се: Белорусија, Македонија, Романија и Австрија. Во секоја од четирите групи ќе има и по еден домаќин, а тоа се: Франција, Белгија, Словенија и Холандија.

Најскапата резерва на светот ќе се врати во Премиер лигата?

Барселона за да го донесе Бразилецот Кутињо од Ливерпул, плати 160 милиони евра, и тоа во јануарски преоден рок, а сега овој фудбалер е само „грејач на клупата“, па има реални шанси да си замине од Каталонија.

Кутињо не се вклопи во тактичките замисли на тренерот Валверде, па испаѓа дека клубот џабе потроши толку многу пари за да го донесе некогашниот  најдобар играч во Премиер лигата. Кутињо постојано е на клупата за резерви, стартер на неговата позиција е непредвидливиот Дембеле, последниот гол го даде во октомври.

Моментната ситуација на Кутињо во Барса сака да ја искористи Манчестер јунајтед, кој веќе имал контакти со агентот на Бразилецот и му нуди враќање во лигата во која се прослави. „Црвените ѓаволи“ во Кутињо би добиле големо засилување, па можеби ќе го искористат проблемот кој го има овој фудбалер.

Вечерва Барса игра меч од купот против Леванте и Кутињо би требало да биде во составот, но тоа е третокласно натпреварување. Доколку и понатаму не игра во првенството и Лигата на шампионите, Кутињо би можел да побара да замине во Манчестер.

Сараево го задржа капитенот – Велкоски го продолжи договорот до 2021 година

Крсте Велкоски останува во Сараево откако денеска го продолжи договорот до 2021 година со клубот чиј капитен е тој.

Новопечениот македонски репрезентативец е еден од најдобрите играчи на босанскиот гигант и иако имаше понуди да си замине, сепак одлучи да го продолжи престојот уште две години.

„Се радувам што ќе продолжам да играм за Сараево. Иако имаше понуди, сепак немав дилеми“, изјави Велкоски.

Сараево има шампионски амбиции и е лидер на табелата во БиХ со пет бодови повеќе од Зрински, а сега ќе им биде многу полесно по новиот договор со капитенот.

Велкоски првпат пристигна на „Кошево“ во 2014 година, а се врати во Сараево во 2017 година и е еден од омилените навивачи на клубот во „бордо“ бои.

 

Шкупи се засили со поранешен младински репрезентативец на Македонија

Филип Ристовски е едно од првите зимски засилувања за прволигашот Шкупи, екипа која доби одличен десен бек и член на златната генерација младинци која сигна до настап на Европското првенство во Полска во 2017 година.

Ристовски пристигна на „Чаир“ од редовите на Силекс, а 24-годишниот дефанзивец има играно и за Металург од Скопје и за Борац Бања Лука и Јавор Ивањица.

Претходно за Шкупи потпиша и голманот Енес Азизи, кој во минатото беше дел од јуниорскиот тим на Пари Сен Жермен.

„Доаѓам во клуб со голема традиција и се надевам дека ќе успеам да помогнам да се оствари целта и да играме во Европа. Подготвен сум за новиот предизвик“, изјави Ристовски.

 

Нова акција на Sport Life – Со ракометен тикет до пет мобилни телефони

Новата акција на Sport Life, 100% Ракомет, почнува денеска, а ќе биде поврзана исклучиво со Светското првенство во ракомет и ќе ги награди најдобрите ракометни типстери со пет мобилни телефони.

Акцијата важи од денеска до 27-ми јануари, а во игра за наградите ќе бидат тикети на кои има само ракометни игри од Мундијалот, од богатата понуда на Sport Life.

Петте најдобри прогнозери ќе добијат мобилни телефони „MI 8 LITE“, а сè што треба да направите е добитен тикет со најголем коефициент и со приложена СЛ клуб картичка. Може да се типуваат сите натпревари од понудата за ракомет на натпреварите од Светското првенство, вклучително и индивидуалниот учинок на играчите во играта број на постигнати голови.

Sport Life обложувалниците подготвија богата понуда за Мундијалот што ќе се игра во Германија и Данска. Има многу нови игри и специјали, кои ќе излегуваат секојдневно до крајот на шампионатот и кои ќе го привлечат вашето внимание, па ви преостануваат само неколку чекори до добивки и освојување на подароците – мобилни телефони „MI 8 LITE“.

Ранг-листата со најдобрите коефициенти на ракометните тикети кои се во игра за бонус подарокот можете да ја погледнете тука.

 

 

 

 

 

Перес доби ултиматум: Или јас, или Мурињо

Шпанските медиуми упорно тврдат дека Жозе Мурињо ќе биде наследник на Сантијаго Солари во Реал Мадрид. Кралскиот клуб игра променливо и е далеку од трката за титулата во Примера дивисион, па тоа е како најава дека Солари може да добие отказ.

Мурињо беше на клупата на Реал во периодот од 2010 до 2013 година, а токму играчите кои тогаш беа во екипата, сега се против негово враќање. Капитенот Серхио Рамос заедно со дефанзивецот Марсело упатиле ултиматум до претседателот на Реал, Флорентино Перес. Рамос дури најавил дека ќе си замине ако дојде Мурињо.

„Или јас, или Мурињо“, му рекол Рамос на Перес.

Како предводник на Реал, Мурињо ја освои титулата во Примера (2012), шпанскиот куп (2011) и Суперкупот на Шпанија (2013). Три трофеи за три години е премалку за клуб како Реал. Мурињо го предводеше мадридскиот гигант на 178 меча и забележа 127 победи, 28 ремија и 23 порази, со гол-разлика 476 дадени и 171 примени погодоци. Во шпанското првенство просечно освојуваше 2,3 бодови по меч.

 

Сонгкрасин ја украси првата победа на Тајланд (Видео)

Чанатип Сонгкрасин е херојот на Тајланд и со прекрасен гол во второто полувреме беше најзаслужен за првата победа на својата репрезентација на Азискиот куп.

Во 58-мата минута одлично реагираше еден од најдобрите играчи на Тајланд, а голманот на Бахреин беше немоќен. Победата е вистинска рехабилитација за неочекуваниот пораз од Индија во првата рунда со 1-4, па Тајланд сега повторно е во игра за пласман во осминафиналето.

https://www.youtube.com/watch?v=5-3ssBfBfMY

Бахреин беше втор фаворит во групата А, но по две кола само со еден бод се наоѓа на последното место. Сепак, имаат шанси за подвиг и пробив во следната фаза на Азискиот куп ако ја победат Индија во последното коло во фазата по групи.

Подоцна, од 17 часот ќе се игра и вториот меч од второто коло во групата А меѓу домаќинот Обединети Арапски Емирати и Индија.