20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025
Дома Blog Страница 9477

МОК ја „освежи“ РФМ со 50.000 долари

Македонскиот олимписки комитет (МОК) за понатамошно унапредување на македонскиот ракомет обезбеди финансиски износ од 50.000 американски долари, од кои 40.000 веќе се префрлени на сметката на Ракометната федерација на Македонија. Парите се наменети за најдобрите македонски ракометари кои ќе учествуват на Светското првенство во Германија и Данска, односно за нивните подготовки.

Вечерва, од 20 часот, ракометната репрезентација игра пријателски меч со Србија, што ќе биде единствена контрола од отворен карактер во подготвителниот период за избраниците на Раул Гонзалес пред заминувањето за Германија.

МОК обезбеди и дополнителни 10.000 долари за обука на тренери на Универзитетот за физичко образование и спорт во Будимпешта, Унгарија, каде што еден македонски тренер ќе престојува на тримесечна обука на овој престижен спортски универзитет.

 

 

Шанса за шпанските тимови кои не се прославија во декември

Петочната понуда носи фудбалски настани од шпанската Примера, а ние ви нудиме да играте и на англискиот и на францускиот куп. Во понудата на SPORT LIFE се наоѓаат и мечевите од кошаркарската Евролига, а секако не треба да се заобиколат предложените квоти на денот.

Денешните мечеви се шанса за тимовите кои потфрлија во изминатиот период, новата година да ја почнат на позитивен начин. Ви даваме пет мини анализи како помош при прогнозирањето.

 

Леванте – Жирона (19.00 часот)

Овие два тима сезоната ја почнаа изненадувачки добро, а потоа и едните и другите потфрлија во декември. Леванте на последните три меча одвои само еден бод, а прими 11 гола. Жирона не знае за победа на последните четири меча и даде само два гола во тие дуели. Во минатата сезона, двата меѓусебни меча завршија со 1-1.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.20)

 

Транмер – Тотенхем (20.45 часот)

ФА купот е шанса за четвртолигаши како Транмер да играат против премиерлигаши. Транмер има само една победа од последните меча во својата дивизија. Тотенхем е во голгетерска форма, се бори за титула во Премиер лигата и важи за голем фаворит. Транмер и Тотенхем последен пат се сретнале во 2002 година (во ФА и Лига купот), а лондонскиот тим славеше со по 4-0.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 3+ (2.25)

 

Нант – Шатору (20.55 часот)

Францускиот куп е натпреварување во кое често има изненадувања. Нант нема причина за задоволство од настапите во лигата, но дома не знае за пораз на последните четири меча. Шатору е на пет бода од зоната на испаѓање во втората лига. Последните шест дуели на овие тимови во Нант завршиле или со победа на домашните или со нерешено, но последен пат се сретнале во 2013 година.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.30)

 

Олимпијакос – Панатинаикос (20.00 часот)

Евролигашката класика и градско дерби е меч кој не сакаат да го загубат овие ривали. По киксот со Дарушафака, Олимпијакос ќе се вади против ПАО. Панатинаикос со новиот тренер Питино ја надигра ЦСКА, а има и серија од три победи по ред во пресметките со соседот од Пиреја. Иако тренерите ќе инсистираат на цврста одбрана, тука има предуслови да биде и ефикасно.

Предлог тип: > 154.50 (1.85)

 

Еспањол – Леганес (21.00 часот)

По лошиот декември, во кој врза шест порази по ред, Еспањол падна на 14-тото место. На четири од последните пет меча, прими барем три гола. Во тој период Леганес остана непоразен и сега го делат пет бода од опасната зона, а два од Еспањол. Леганес ги доби последните две директни пресметки против Еспањол. Тимот од Барселона од 26-ти октомври не одиграл нерешено.

Предлог тип: Х (3.20)

Ултиматум за Интер: Ванда бара двојно поголема плата за Икарди

Нова пречка во преговорите на Мауро Икарди и Интер околу новиот договор. Неговата сопруга, која воедно е и агент на Икарди, Ванда Нара, го условува клубот да му даде двојно поголема плата од моменталната која напаѓачот ја заработува.

Имено, таа сака Икарди да добива девет милиони евра по сезона, додека неговата клаузула од 110 милиони евра да биде зголемена, а не отстранета со новиот договор. Капитенот на „нераѕурите“ на тој начин би се наметнал меѓу најплатените фудбалери во Серија А, а воедно Интер ќе ги осигури неговите услуги на подолг период.

Сепак, италијанскиот гигант ќе треба да побрза во одлуката дали да ги прифати условите на Ванда, инаку во спротивно, можат да останат без најдобриот поединец во тимот бидејќи Реал силно притиска за неговиот потпис. „Кралевите“ наводно се подготвени да ја активираат клаузулата од 110 милиони евра, која ќе важи до првите две недели од почетокот на летниот преоден рок.

Теодор потпиша за АЕК Атина

АЕК Атина, бранителот на титулата во Лигата на шампионите на ФИБА, го ангажираше Џордан Теодор, повремениот македонски репрезентативец. Американецот до крајот на сезоната ќе биде член на грчкиот состав, а ќе има шанса повторно да заигра во првенството во кое беше прогласен за најкорисен играч во 2017 година.

Дваесет и деветгодишниот организатор на играта остана без клуб откако договорот со Армани Милано му истече, а пред извесно време беше поврзуван со Дарушафака и Будуќност. Тој е четвртиот кошаркар со македонски пасош кој бил член на атинските „жолто-црни“, по Перо Антиќ, Ристе Стефанов и Врбица Стефанов.

Сезоната 2017/18 беше дебитанска за Теодор во Евролигата, настапи на 21 натпревар и одржуваше просек од 11,6 поени и 4,3 асистенции.

Таткото на Фалкао почина играјќи тенис

Таткото на колумбискиот фудбалер Радамел Фалкао, 61-годишниот Радамел Гарсија Кинг, почина откако претрпел срцев удар играјќи тенис. Радамел наеднаш паднал, бил пренесен во болница, но лекарите не можеа да му го спасат животот.

Радамел Гарсија, исто како син му, беше професионален фудбалер, играл како дефанзивец во неколку колумбиски клубови и еден венецуелски. Во 1980 година на ОИ во Москва бил во олимписката репрезентација на Колумбија.

Минатата година Херберт Кинг, чичкото на Фалкао, а брат на Радамел Гарсија, исто така почина од срцев удар на 55-годишна возраст.

Годинава нема да има Џошуа – Вајлдер

Битката за обединување на сите светски титули во професионален бокс во тешка категорија нема да се одржи оваа година. Очекуваната и посакувана пресметка на Ентони Џошуа, кој е првак во четири верзии, и Донтеј Вајлдер, кој го има појасот во една, нема да се одржи во 2019, објави Бари Херн, таткото на Еди Херн, чија менаџерска агенција ги претставува интересите на британскиот боксер.

Вајлдер е позаинтересиран за реванш со Тајсон Фјури, со кого неодамна имаа битка без победник. Може да се случи тие двајца да се борат и двапати бидејќи поразениот сигурно ќе сака реванш, па нивните планови да го предизвикаат Џошуа се ставени во позадина.

„Би сакале меч со Вајлдер на 13-ти април на ‘Вембли’, но и покрај сите комуникации и извршени разговори нема никаков напредок. На Вајлдер му нудиме да земе повеќе пари отколку што видел досега во животот, но не дава одговор. Веројатно не сака битка со Ентони, иако јавно кажува дека сака. Тој преговара со Фјури за еден до два меча, ние ќе треба да почекаме“, изјави Херн.

Гвардиола: Секој натпревар во Премиер лигата е како финале

Манчестер сити вчера му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во Премиер лигата со конечните 2-1 на „Етихад“. Актуелниот англиски шампион на тој начин ја оживеа трката за титулата, па сега три екипи се борат за посакуваната титула, меѓу кои разликата е само шест бода.

По мечот, Пеп Гвардиола потенцираше дека за неговата екипа секој првенствен натпревар е како финале за нив, а особено е задоволен од настапот на своите фудбалери во „Мечот на сезоната“.

„Едно ќе беше јасно, ако загубевме, трката за титулата ќе беше практично завршена. Но, се изборивме за посакуваниот резултат, па борбата за врвот повторно оживеа.  Сезонава конкуренцијата е многу посериозна, неколку екипи посакуваат да бидат први по крајот на шампионатот. За нас секој нареден меч е како финале, мора да победуваме што повеќе за да ја одбраниме титулата“, истакна Гвардиола, а потоа додаде:

„Горд сум на своите фудбалери, но не само по она што го направија вчера, туку за целиот труд во изминативе 16 месеци. Притисокот врз нас беше голем против Ливерпул, но покажавме како треба да се носиме во вакви ситуации“, заврши шпанскиот стратег.

По 21 средба во Премиер лигата, Ливерпул е на првото место со 54 бода, Сити има 50, додека третопласираниот Тотенхем заостанува само два бода. Во следното коло „црвените“ на Јирген Клоп гостуваат кај Брајтон, додека „граѓаните“ на свој терен ќе го пречекаат Вулверхемптон.

Ова го нема направено ниту Харлем глобтротерс (Видео)

Цела минута траеше акцијата која ја изведоа студенти од еден американски колеџ и на крајот беше крунисана со атрактивно забивање во кош. Вакви потези со помош на трамболина често користи забавувачката група Харлем глобтротерс, но таму обично по 5-6 играчи ја одбиваат топката од паркетот, правејќи пируети во воздух, додека тука целата акција траеше многу долго и беа вклучени многу повеќе акробати.

На крајот, последниот учесник ја заби топката за воодушевување кај присутните кои чекаа да видат дали е можно по толку долга низа никој да не погреши и целиот труд да не биде залуден, туку акцијата да заврши успешно. Воодушевен беше и Пау Гасол, кој на својот „Твитер“ го објави клипот.

Погледнете што правеа пред да се забие топката во кошот:

https://twitter.com/i/status/1080884188805505034

 

Само Тампа Беј сигурна од водечките екипи на Истокот

Тампа Беј лајтнинг ја продолжи победничката серија на седум меча откако ноќеска со 6-2 славеше на гостувањето во Лос Анџелес кај Кингс. „Грмотевиците“ многу полесно стигнаа до триумфот за разлика од претходните неколку средби.

Веќе по првиот период имаа удобна предност од три гола, домаќините немаа одговор за расположените Кучеров и Стамкос.

https://twitter.com/TBLightning/status/1081067800712630273

За разлика од лидерите на Истокот, нивните конкуренти за првата позиција ноќеска потфрлија. Торонто мејплс лифс загуби на домашен терен од Минесота вајлд со 4-3, додека актуелните шампиони, екипата на Вашингтон капитолс претрпе пораз од 5-2 на гости кај Сент Луис блус.

Резултати НХЛ:

Торонто мејпл лифс – Минесота вајлд 3-4

Бостон бруинс – Калгари флејмс 6-4

Бафало сејберс – Флорида пантерс 4-3

Филаделфија флаерс – Каролина хурикејнс 3-5

Монтреал канадиенс – Ванкувер канукс 2-0

Њујорк ајлендерс – Чикаго блекхокс 3-2 (по продолжение)

Сент луис блус – Вашингтон капитолс 5-2

Лос Анџелес кингс – Тампа Беј лајтнинг 2-6

Очајна одбрана на Реал, никој не го чува Касорла

Ветеранот Санти Касорла првпат на еден меч од шпанската Примера даде гол со глава, а синоќешниот беше многу важен и бидејќи му донесе бод на Вилјареал против Реал Мадрид. Шпанските медиуми се занимаваа со очајната одбрана на Реал при тој гол со глава на Касорла и како тој се најде сам и непречен од никого даде гол со глава на два-три метри од Тибо Куртуа.

Во близина на Касорла беа Иско, Рамос, па и Марсело, но никој не спречи изедначување. Се чини дека највиновен е Иско, кој доцнеше и не го следеше Касорла до крај. Рамос ја следеше топката и веројатно не ни виде дека зад грб му се прикрадува фудбалерот на Вилјареал. Марсело и онака имаше катастрофална игра, па не се ни потруди да дојде до Касорла и евентуално да го попречи.

Уеска е единствениот тим со повеќе примени голови на гости од Реал и оваа статистика покажува каква е дефанзивата на мадридскиот гигант сезонава, особено кога не игра дома. Реал ја продолжи лошата традиција да не победува на првиот меч по освоена титула на Светско клупско првенство, а за тренерот Сантијаго Солари ова е прв нерешен исход на клупата на „кралевите“ по 11 победи и два порази.