18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025
Дома Blog Страница 9476

Ѓоковиќ направи од готово вересија и загуби од Баутиста

Роберто Баутиста Агут приреди вистински подвиг и со победа во три сета го елиминира најдоброрангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на АТП турнирот во Доха.

Ѓоковиќ имаше чиста позиција за победа, го доби првиот сет со 6:3, а потоа направи и брејк и поведе со 4:3, но не успеа докрај да ја заврши работата.

Шпанецот се разигра, веднаш возврати со ри-брејк, а потоа во тај-брејк со 8:6 во поени израмни на 1.1 во сетови.

И веднаш на стартот од решавачкиот сет направи нов брејк, а предноста ја задржа до крајот и победи со 3:6, 7:6 (8), 6:4.

На патот до финалето Баутиста елиминираше двајца поранешни шампиони од Австралија опен, турнир кој е прв гренд-слем во сезоната и ќе почне за десет дена.

Пред да го победи Ѓоковиќ, седмиот носител на турнирот во Доха беше подобар и од Станислас Вавринка. Во финалето Баутиста ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Чекинато и Бердих, кое ќе се игра вечерва од 19.30 часот.

Интер секогаш ќе го памти Пандев, тоа го покажа и денеска (Видео)

Горан Пандев како тинејџер замина во Италија и потпиша за Интер во 2001 година. Сепак, требаше да поминат години во кои Пандев ја докажа својата вредност и по настапите во Специја, Анкона и Лацио, на 4 јануари 2010 година, Интер реши да го врати Македонецот на „Џузепе Меаца“.

Популарниот Гоче се покажа како вистинско засилување за тимот и со своите добри игри и голови, помогна „нераѕурите“ да станат италијански, европски, а потоа и светски прваци. Девет години по доаѓањето на Пандев во Интер, италијанскиот гигант се присети на тој момент и посвети видео за Македонецот. Пандев сезонава е дел од тимот на Џенова.

Капело: Има уште да се игра, далеку е скудетото од Јувентус

Јувентус ја игра најдобрата сезона засега во Серија А и тоа му носи девет бода предност на табелата пред второпласираниот Наполи. Таквата доминација, според многумина значи дека Јувентус со сигурност и осма сезона по ред ќе стигне до титулата во Италија. Сепак, со тоа не се согласува легендарниот тренер Фабио Капело.

„Не се согласувам дека борбата за титулата во Италија е завршена. погледнете само уште колку меча има да се играат до крај. Оние кои го бркаат Јувентус не смеат да се откажат. „Старата дама“ доминира веќе седум години, но страста кај навивачите уште постои“, вели Капело.

Пред да започне доминацијата на Јувентус, последен клуб кој беше првак е Милан во сезоната 2010/11.

Погба се повреди и ќе мора да паузира

По доаѓањето на Оле Гунар Солскјер за нов тренер на Манчестер јунајтед, во вистинска форма се врати и Пол Погба. Францускиот репрезентативец имаше импресивни 15-тина дена во кои даде четири гола, а имаше и три асистенции, а „црвените ѓаволи“ споија четири победи во низа, во Премиер лигата.

Сепак, на последниот меч против Њукасл, по еден старт на Џонџо Шелби, Погба заработи повреда на ногата. Се работи за не многу сериозна повреда, но Солскјер реши да го одмори Погба и Французинот нема да биде во составот за дуелот против Рединг во третото коло од Купот на Англија.

Солскјер најави дека за дуелот против Рединг, во нападот ќе бидат Ромелу Лукаку и Алексис Санчез. Тоа ќе биде прв пат двајцата да бидат стартери откако Солскјер е на чело на тимот. Лукаку даде два гола на последните два меча, а Санчез асистираше за еден од погодоците на дуелот против Њукасл.

 

 

Јувентус го контролира и ВАР системот во Италија и затоа победува

Јувентус го има најдобриот страт во историјата на Серија А. Во досегашните 19 меча, „старата дама“ има 17 победи и само две нерешени средби, без ниту еден пораз. Со ваков биланс, актуелниот италијански првак има девет бода пред второпласираниот Наполи.

За тоа зошто Јувентус толку многу победува, свое мислење даде новиот директор на РАИ2 Карло Фрекеро. Тој го обвини Јувентус дека го контролира ВАР системот кој од оваа сезона е воведен во Серија А. Фрекеро вели дека не ни му е интересно да гледа италијански фудбал, бидејќи само Јувентус победува.

„Гледам исклучиво Премиер лига, а не Серија А, бидејќи таму само Јувентус победува. Тоа е така заота што Јувентус го контролира ВАР системот и тоа е нешто неверојатно. Целиот ВАР систем е во нивна контрола, тие диригираат и решаваат што ќе биде. Напред Рома!“, субјективо изјави Фрекеро.

Јувентус во Италија доминира како никој досега, па во последните седум години ја освојува титулата, а многу веројатно е дека ништо нема да се смени ни оваа сезона.

 

Барселона го реализира третиот најскап трансфер во клупската историја

Бразилскиот фудбалер Паулињо и официјално си замина од Барселона, а негов нов клуб ќе биде кинескиот Гуангжу. Паулињо уште минатата сезона замина под наем во кинескиот тим, со можност да го откупи трансферот. Само што започна јануарскиот преоден рок, Кинезите не чекаа и решија да го откупат договорот на Паулињо.

Бразилскиот репрезентативец кој не се снајде кај каталонскиот гигант, сега е третиот најскапопродаден фудбалер. Гуангжу за него плати 42 милиони евра. Поскапо продадени играчи од Паулињо се само Нејмар во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра и Фиго, за кого во 2000 година, Реал Мадрид плати 60 милиони евра.

 

 

 

За малку ќе му ја сечеа ногата, а сега закрепна и на Реал му даде два гола

Санти Касорла дефинитивно е херојот на неделата во фудбалскиот свет. Иако синоќа во фокусот на вниманието беше дербито меѓу Манчестер сити и Ливерпул, во Шпанија се играше дуелот меѓу Вилјареал и Реал Мадрид. Кралскиот клуб беше голем фаворит за победа, но тоа не се случи благодарение на феноменалниот Санти Касорла.

Некогашниот шпански репрезентативец даде два гола за „жолтата подморница“ и на крајот домаќините освоија еден бод против големиот фаворит. Погодоците на Касорла имаат многу поголема тежина, ако се знае дека тој е фудбалерот кој долго време се бореше со тешка повреда на ногата.

Додека играше за Арсенал, Касорла го повреди зглобот на ногата. Потоа, рехабилитацијата се претвори во вистински кошмар. Казорла мораше да направи дури девет операции, а лекарите прогнозираа дека ќе биде вистинско чудо ако му ја спасат ногата од ампутирање и Санти потоа да може нормално да оди.

„Во една година имав осум операции. Потоа почнав да играм, а лекарите тврдеа дека се е во ред. Потоа раната ми се отвори и се инфицираше“, се присетува Касорла, на тоа што му се случи во 2017 година.

Сепак, не само што оди нормално, туку Касорла се врати на фудбалот и синоќа му даде два гола на Реал Мадрид. Последен пат на еден меч имаше дадено два гола во 2011 година, а во шпанското првенство немаше погодено од 2012 година.

Фудбалерот кој има 34 години и можеше да остане без нога, синоќа беше незадржлив за Реал Мадрид и е херојот на неделата во европскиот фудбал.

 

 

Кобајаши летна и до трета победа на турнејата „Четири скокалници“

Јапонецот Риоју Кобајаши, продолжува со доминацијата на турнејата „Четири скокалници“, откако победи и на натпреварувањето во Инсбрук. Кобајаши во првата серија прескокна дури 136 метри, па во втората му беше доволен и скок од 131 метар, за да стигне до хет-трик сезонава на ова трандициионално новогодишно натпреварување.

Последната станица од „Четири скокалници“ е во Бишофсхофен. Во генералниот поредок на ова натпреварување, најблиску до Кобајаши е Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој денеска немаше добар настап и заврши на 13 место.

Во Инсбрук, зад Кобајаши заврши Штефан Крафт, а третото место му припадна на Норвежанецот Андреас Стјернен. Јапонецот сеознава доминира и во вкупниот поредок. Ова беше негова седма победа сезонава во Светскиот куп.

Менди ги збуни редарите, мислеа дека е Џими џамп (Видео)

Левиот бек на Манчестер сити, Бенџамин Менди, не можеше да се воздржи од радост по победата над Ливерпул, па веднаш по последниот судиски свиреж, влета на теренот да слави со клупските колеги. Но, бидејќи е повреден и не играше, беше во портокалова јакна, бели фармерки и со капа на главата, па кога влезе на теренот, редарите тргнаа кон него мислејќи дека е навивач, во стилот на најпознатиот „влегувач на теренот“, Каталонецот Џими Џамп.

Менди го прегрна Серхио Агуеро, а редарите кои беа подготвени да го изнесат надвор од теренот и да го предадат на полиција, брзо сфатија дека не станува збор за навивач, туку за играч на Сити, па продолжија да трчаат кон судиите за да ги испратат како што е протоколот.

Менди прокоментира дека редарите планирале да му направат „лизгачки старт“, што ќе беше уште посмешно за гледање, но така можеа и да ја влошат повредата која ја има.

Погледнете снимка од кратката бркотница по теренот:

Џордан на крстарење со јахта која има кошаркарски терен

Мајкл Џордан деновиве е на крстарење со јахта вредна 80 милиони долари, а на палубата на јахтата има кошаркарски терен. „Папараците“ успеаја да фотографираат дел од јахтата на кој се гледа дека има кош и ограда за топката да не падне во море.

Човекот за кој многумина мислат дека е најдобар кошаркар на сите времиња, не може да се оддели од баскетот, па на бродот има и кошаркарски терен на којшто се одржува во форма, иако одамна е во спортска пензија.

Трошоците за една недела користење на ваква јахта се околу 840.000 долари, но Џордан кој има повеќе од една милијарда на својата сметка, може да си дозволи луксуз. Бродот е вистински рај на вода. Има 8 спални, бар, просторија за ручек, фитнес сала, џакузи, сателитска телевизија, супербрз безжичен интернет, најмодерна аудиовизуелна опрема и кошаркарски терен.