32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025
Дома Blog Страница 9486

Кобајаши триумфираше во Оберстдорф

Риоју Кобајаши е победник во Оберстдорф на почетокот на традиционалната турнеја во скијачки скокови, „Четири скокалници“. Кобајаши кој има 22 години, е првиот Јапонец после пауза од 17 години, кој славел на една од четирите скокалници од новогодишната турнеја.

Второто место му припадна на Германецот Маркус Ајзенбихлер, а трети е Штефан Крафт од Австрија. Кобајаши водеше по првата тура, и со скокот во втората серија, успеа да го задржи врвот. Разликите беа многу мали, и четвртиот Андреас Стјернен беше блиску до подиумот, па ова е најава за одлична турнеја, за разлика од лани, кога доминираше Камил Штох со победа на сите четири скокалници. Денеска Полјакот го освои осмото место.

Сега следува натпреварувањето во Гармиш Партенкирхен на 1 јануари.

 

Со Солскјер на клупата, Пол Погба и Манчестер јунајтед се незадржливи

Пол Погба, но и целиот тим на Манчестер јунајтед игра како во шампионските денови на најтрофејниот англиск клуб. Погба кој е најскап играч во историјата на Манчестер, во третиот меч под водство на Оле Гунар Солскјер веќе стигна до четвриот погодок. Колку само за споредба, сезонава, додека Жозе Мурињо беше на клупата, Погба во 14 средби, даде само три гола.

Францускиот репрезентативец вечерва даде два гола и тоа за само едно полувреме против Борнмут. „Црвените ѓаволи“ имаат предност од 3:1, а Солскјер е само на 45 минути од третата победа во третиот меч и да стане само третиот  тренер на Манчестер јунајтед, кој како дебитант победил на првите три средби.

 

Кваљарела му се заканува на Батистута

Фабио Кваљарела од Сампдорија, со постигнати голови на девет натпревари по ред од италијанската Серија А, се изедначи со Давид Трезеге од пред 13 години, но ветеранот кој на крајот на јануари ќе наполни 36 години и игра во животна форма, се наоѓа на 180 минути од изедначување на рекордот.

Најголема серија во историјата на Серија А има славниот Аргентинец Габриел Батистута, кој на 11 меча по ред во дресот на Фиорентина во 1994 година, даваше барем по еден гол.

Кваљарела има погодоци на девет средби во низа, ги тресеше мрежите на Милан, Торино, Џенова, Болоња, Лацио, Парма, Емполи, Киево и Јувентус, а за да се изедначи со „Бати-гол“, ќе мора да погоди и на дуелите со Фиорентина и Удинезе. Доколку успее, тогаш Кваљарела ќе брка нов рекорд од 12 меча по ред со постигнат гол, на мечот помеѓу Сампдорија и Наполи, два дена откако ќе го прослави 36-тиот роденден.

Манчестер сити ја прекина црната серија

Актуелниот првак на англиската Премиерлига, Манчестер сити, со 3:1 славеше на гостувањето кај Саутемптон, со три бода ја прекина серијата од два порази, и се загреа пред супердербито против Ливерпул кое може да биде и клучно околу титулата. Сите четири гола паднаа во првото полувреме.

Аргентинецот Серхио Агеро има пет гола и четири асистенции во деветте меча со тимот од јужното пристаниште во Англија, и докажа дека Саутемптон му е една од омилените жртви. Агеро ја затвори гол-серијата, која ја отвори Давид Силва, а домашните си дадоа и автогол. Саутемптон е најнесреќната екипа во лигата со три автогола сезонава.

Попладнево се одигра уште еден меч во Премиерлигата, Барнли беше подобар од Вест Хем со 2:0, а и таму головите паднаа во првото полувреме. Бодовите за Барнли се многу важни во битката за опстанок. Двајт Мекнил кој пред еден и пол месец наполни 19 години, стана првиот тинејџер кој дал гол за Барнли, додека Крис Вуд, од 13-те гола во кариерата, пет има дадено во дуелите со Вест Хем.

Војдан со победа ја заокружи годината

Екипата на Војдан Стојановски, ЕВЕ Баскетс од Олденбург, со победа на гости кај Вирцбург (клуб во кој кариерата ја почна Дирк Новицки) од 88:78, се прости од 2018 година. Со ова, нашиот репрезентативен капитен е еден од двајцата добитници на признанието кошаркар на годимата вио Македонија, успешно ја заврши годината.

Олденбург игра одлично, во 12 кола има 10 победи и само два порази. Подобар од Олденбург е само евролигашот Баерн Минхен кој има 12-0. Наредниот меч за тимот на Стојановски е закажан за 2 јануари.

Денешната победа на Војдан и другарите, беше обезбедена во последната четвртина, која гостите ја добија со 33-20. Придонесот на Стојановски во триумфот беше 4 поени и еден скок за 12 и пол минути на паркетот.

Трајковски се прошета низ одбраната на Читадела (Видео)

Македонскиот репрезентативен офанзивец, Александар Трајковски, ја има најголемата заслуга за постигнатиот гол на Палермо, со кој сицилијанците победија со 1:0 на гостувањето кај Читадела. Со оваа победа, Палермо се зацврсти на чело на табелата во Серија Б, со пет бода предност пред Бреша (еден меч помалку) и Пескара кои се на второ односно трето мемсто.

Во 51 минута од мечот Читадела – Палермо, Трајковски ја освои топката на средината на теренот, тргна во напад кон голот на домашните, и со прецизно додавање ја исфрли од игра одбраната на Читадела, топката дојде до Уругваецот Сезар Фалети, кој се најде очи во очи со голманот, и не му беше тешко да ја затресе мрежата.

Трајковски го одигра целиот меч, а во 83 минута доби жолт картон.

Овој погодок по асистенција на Трајковски, беше единствениот на мечот. Погледнете го продорот на Трајковски со кој се заврши 90 отсто од работата при голот на Палермо:

https://www.dailymotion.com/video/x6zr1vu

Федерер ја почна својата можеби последна сезона

Роџер Федерер со лесна и брза победа од 6-1, 6-1 против Камерон Нори во меч од Хопман купот, ја отвори сезоната која можеби ќе му биде и последна во кариерата. Актуелниот светски рекет број 3, на Хопман купот во Перт, со Белинда Бенчиќ ќе се обидат на Швајцарија да ѝ донесат титула.

Федерер е еден од најдобрите тенисери во историјата, рекордер е по бројот на гренд-слем титули и поминати недели на првото место на АТП листата, му фали уште еден освоен АТП турнир за да стане првиот со 100 трофеи, но има веќе 37 години и размислува за пензионирање по завршувањето на настапите во 2019 година.

„Ќе видиме дали ќе играм и во 2020. Навистина не можам уште отсега да одговорам. Сигурно е дека ќе играм до крајот на 2019, тоа ми е планот, а потоа ќе видиме. Ќе разговарам со моите соработници и тренери, па ќе одлучам што понатаму. Горд сум што и на 37 години, уште сум во добра натпреварувачка форма“ – рече Федерер кој и во 2019 ќе внимава добро на календарот и изборот на турнири на кои ќе учествува.

Серхио Рамос годинава направи подвиг како во 2011 и 2015

Серхио Рамос оваа 2018 година ќе ја памети по тоа што како капитен на Реал Мадрид, прв го крена шампионскиот пехар од Лигата на шампионите, но и по тоа што не доби ниту еден црвен картон. Ова е подвиг за 32-годишниот дефанзивец на Реал и „црвената фурија“, ако се знае дека не е омилен кај судиите.

Рамос е играчот со најмногу црвени картони во историјата на шпанската лига, а во дресот на Шпанија, уште е на нула црвени картони. Во ЛШ, тој има три црвени картони, а рекордери се Златан Ибрахимовиќ и Едгар Давидс со по четири.

Во 16-годишната професионална кариера, Рамос дури 24 пати бил исклучен (има и 173 жолти картони). Од тоа, 19 пати се во домашното првенство, трипати во ЛП, и двапати во шпанскиот куп. Но, во оваа 2018-та година која изминува тој заврши без црвен картон. Ваков подвиг, има направено само уште во 2011 и 2015 година.

Од друга страна, во 2013 година доби дури четири црвени картони, а во 2005, 2008 и 2017, заработи по три исклучувања.

Aусилио ги негираше шпекулациите: Мурињо не е сенка на Спалети

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, ги негираше шпекулациите околу евентуалното враќање на Жозе Мурињо на „Џузепе Меаца“. Тој потврди дека клубот ќе продолжи да работи на проектот со Лучијано Спалети, иако „нероаѕурите“ засега имаат турбулентна сезона.

„Мурињо не може да биде сенка на Спалети. Не ме чуди што го поврзуваа со враќање кај нас, но ние работиме порационално од тоа. Веќе една и пол година работиме на проектот со Спалети, и ќе продолжиме да го градиме истиот уште многу години. Можем само да кажам дека напорно работиме да го вратиме клубот на победнички патеки и на врвот во Италија“, истакна Аусилио.

По 19 натпревари во Серија А, Интер го зазема третото место со 39 бода, пет помалку од Наполи и 14 бода заостаток зад лидерот Јувентус.

 

Раул го скрати списокот за Мундијалот во Германија и Данска

Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез дополнително го скрати списокот на ракометари во подготвителниот период за Светското првенство кое за помалку од две недели започнува во Германија и Данска.

По неколку дневните подготовки, Раул реши од списокот да бидат избришани  Томислав Јагуриновски и Ласко Андоновски. Тоа значи дека овие двајца нема да се појават на следните тренинзи.

Поради Новата година, следи кратка пауза, а подготовките ќе продолжат на 2 јануари, со тренинг во 10 часот. На тој тренинг ќе треба да се појават 20 ракометари кои останаа на списокот.

Македонија е во групата Б и своите настапи ќе ги игра во Олимписката сала во Минхен. Противници се Јапонија (11 јануари), Бахреин (13 јануари), Хрватска (14 јануари), Шпанија (16 јануари) и Исланд (17 јануари). Првопласираните три од групата ќе продолжат во следната фаза.