32.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025
Дома Blog Страница 9495

Тотенхем и Челзи ќе играат полуфинале во Лига купот на Англија

Тотенхем и Челзи им се приклучија на Манчестер сити и на Бартон во полуфиналето на Лига купот на Англијa откако вечерва беа подобри од Арсенал и од Борнмут.

Во големото дерби на Северен Лондон, Тотенхем неочекувано лесно го победи Арсенал како гостин со головите на Сон и на Али. Јужнокореецот погоди во 20-тата минута, а победата ја потврди Али со погодок во 60-тата минута.

Челзи долго го кршеше отпорот на Борнмут, а Еден Азар погоди во 84-тата минута за продолжување на битката за трофејот.

Вчера Манчестер сити по вистинска драма, на пенали го елиминира Лестер, а Бартон е најголемо изненадување во Купот и со победа против Мидлсбро се пласира во полуфиналето на Лига купот.

Бундеслигашка ноќ за нерешени мечеви, само Баерн победи

Франк Рибери блесна со маестрален потег во 83-тата минута и му донесе победа на актуелниот германски првак Баерн против Лајпциг.

Гостите одлично се држеа до финишот и до потегот на Рибери за победа на Баерн. Францускиот ас со дриблинг „ги легна“ на тревата двајца одбранбени играчи на Лајпциг и го совлада Петер Гулаши. Сега Баерн е на минус шест бодови од лидерот Борусија Дортмунд.

Многу возбудувања имаше на регионалното дерби меѓу Мајнц и Ајнтрахт Франкфурт, а мечот заврши нерешено, 2-2. Расположени за голови беа Кваисон кај домаќините и Лука Јовиќ кај гостите и тие беа стрелци за реми.

Резултати, 16-то коло: Шалке 04 – Баер Леверкузен 1-2, Баерн – Лајпциг 1-0, Фрајбург – Нирнберг 1-1, Вердер – Хофенхајм 1-1, Мајнц – Ајнтрахт 2-2.

Без Швед Химки, едвај ја мина границата од 60 поени

Макаби Тел Авив лесно го победи Химки со 79:63, а патот до триумфот им беше полесен бидејќи гостите го немаа во составот најдобриот стрелец Алексеј Швед. Тој не играше поради повреда на палецот, па неговите соиграчи се намачија да ја минат скромната граница од 60 поени.

Џордан Мики се обиде да им се спротивстави на домашните кошаркари, постигна 15 поени, но тоа не беше доволно за посилен отпор.

Кај Макаби, Кендрик Реј одигра одличен меч и беше најефикасен со 17 поени, пред Скоти Вилбекин со 14. За Макаби ова е четврта победа, колку што има и Химки, а двете екипи се во долниот дел на табелата во Евролигата со скромни шанси да се пласираат во топ 8.

Аршавин се надмина – На коњ излезе од стриптиз-бар (Видео)

Андреј Аршавин продолжи да живее неспортски, а последниот испад што го направи ги надминува сите претходни. Поранешниот руски репрезентативец на коњ го напушти стриптиз-клубот „Максимус“ во Санкт Петербург, и тоа во период кога требаше да биде назначен за директор на Младинската академија на Зенит.

Аршавин и порано имаше неверојатни испади, па ова и не е неочекувано од него, иако се граничи со лудост. Аршавин патем бил во клубот со две припаднички на понежниот пол, иако е женет за Алиса Аршавин.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=48&v=J5EY22sCF2I

 

 

Миси рано му кажа збогум на пливањето

Американската шампионка Миси Френклин неочекувано одлучи да ја прекине кариерата само на 23-годишна возраст, а си заминува со богата колекција медали.

Миси е петкратна олимписка шампионка, има и една бронза од ЛОИ, а дури 11 пати беше и светска шампионка.

Таа блесна во Лондон на Летните олимписки игри во 2012 година, кога имаше само 17 години, а освои четири златни медали и една бронза.

„Ова е најтешката одлука во мојот живот. Сега имам други цели кои сакам да ги остварам“, изјави Френклин.

 

Баер си има рецепт, победува на секој втор меч во Бундеслигата

Баер Леверкузен си продолжи по својот рецепт, да победува на секој втор меч во Бундеслигата, а тоа беше добитна комбинација и вечерва против Шалке 04.

Со головите на Александар Драговиќ и на Лукас Аларио во период од девет минути во првото полувреме популарните „фармацевти“ славеа со 2-1 на „Ауф Шалке арената“.

Шалке намали со голот на Рајт во финишот на првиот дел, но потоа не успеа да ја затресе мрежата на гостите во второто полувреме и остана без победа на четвртиот меч по ред во Бундеслигата.

Двете екипи имаат скромна полусезона во германското првенство, а Баер е подобар со 21 бод на десеттото место. Шалке на едно коло до крајот на првиот дел од шампионатот е дури 14-ти, само со 15 бодови.

Вестерман се разигра, Жалгирис ја победи Дарушафака

Дарушафака немаше решение за разиграниот француски репрезентативец Лео Вестерман во финишот на мечот со Жалгирис и го претрпе 12-тиот пораз на 13 меча во Евролигата.

Вестерман се разигра во финишот на мечот во Истанбул, кога се одлучуваше победникот и со пет поени по ред, последни на дуелот, им донесе победа од 75:71 на гостите од Каунас.

Дарушафака имаше предност во поголемиот дел од регуларните 40 минути, но немаше рецепт како да го сопре Лео. Тој најпрвин постигна тројка на 26 секунди до крајот за пресврт и предност на Жалгирис од 73:71, а потоа погоди и две слободни фрлања за конечен резултат од 75:71 за гостинскиот тим.

Жалгирис сега има скор 6-7 и се доближи до топ 8 позициите кои гарантираат настап во завршницата во битката за титулата во Евролигата.

Брендон Дејвис со 17 поени беше најефикасен кај Жалгирис, пред Вестерман со 12 поени. Кај Дарушафака се истакна Реј Мекалум со 17 поени.

Џејмс Долан го продава Њујорк никс, понуди нема

Џејмс Долан објави дека нема ништо против да го продаде НБА-тимот Њујорк никс, чиј сопственик е тој, а од претходно веќе го понуди и женскиот клуб Њујорк Либерти на продажба.

Според првиот човек на Никс, клубот со сè што има вреди над 5 милијарди долари, но не се изјасни за цената за која би го продал клубот.

Долан трпи голем притисок веќе некое време, бидејќи НБА-тимот од Големото Јаболко бележи слаби резултати во последните десетина година.

Одамна мина ерата на Патрик Јуинг, Латрел Спривел, Алан Хјустон и останатите кошаркари од генерацијата која во 1999 година го играше последното НБА-финале на Њујорк никс.

Франшизата има две титули првак на НБА освоени во 1970 и 1973 година и осум финалиња.

Хет-трик на Бејл, Реал Мадрид ќе игра финале со Ал-Аин (Видео)

Герет Бејл постигна хет-трик за Реал Мадрид во победата против Кашима со 3-1, а Кралскиот клуб ќе игра за нова титула на Светскиот клупски куп против домаќинот Ал-Аин.

Велшанецот беше трипати прецизен во рок од 11 минути, погоди во 44-рата, 53-тата и 55-тата минута и е само третиот играч со хет-трик на Светскиот клупски куп, по Кристијано Роналдо и Луис Суарес.

https://www.youtube.com/watch?v=IVPCbgZWLf8

Стана само третиот фудбалер што постигнал голови на три турнири, а можеше да постигне уште некој гол, да не беше заменет по еден час игра.

Кашима успеа да намали на 1-3 со голот на Шома Дои во 78-мата минута и ќе игра за третото место против Ривер плејт.

 

На божиќната забава на Интер, „војна“ меѓу две убавици (Фото)

Божиќната забава која ја организираше Интер за своите играчи предизвика „војна“ за внимание меѓу две убавици. Досега бевме навикнати во центарот на вниманието да е жената на Мауро Икарди, популарната Ванда.

Сепак, овојпат Ванда беше во сенка на Аугустина Мендоса, девојка на Лаутаро Мартинес. Кога се работи за тоа кој е главен на теренот, капитенот Икарди нема конкуренција, но што се однесува за тоа што се случува надвор од теренот, Ванда дефинитивно има голема конкуренција во Аугустина.