21.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025
Дома Blog Страница 9494

Клубови ќе стојат во ред за да успеат да го доведат Мурињо

Жозе Мурињо на неславен начин си замина од Манчестер јунајтед, а многумина сметаат дека тоа е крај на неговата тренерска кариера. Сепак, тоа не го мисли Стив Кларк, кој беше помошник-тренер на Португалецот во 2005 и 2006 година во Челзи.

„Сигурен сум дека нема да недостасуваат понуди. Жозе ќе ги разгледа и на крајот ќе ја одбере најдобрата за него. Очекувам во многу брзо време големи клубови во Европа да почнат да му нудат работа. Тој е роден победник“, вели Кларк, кој со Мурињо се радуваше на титулите во Премиер лигата во 2005 и 2006 година.

Манчестер сезонава игра очајно и е на шестото место на табелата со 19 бода помалку од лидерот Ливерпул. Сепак, Кларк потенцира дека откако дојде на „Олд Трафорд“, Мурињо освои повеќе трофеи од Ливерпул и Тотенхем.

„Мурињо со Манчестер освои три титули, и тоа во Комјунити шилд, Лигата на Европа и Лига купот. Тоа се три титули повеќе од Ливерпул, а исто толку повеќе и од Тотенхем. Дали е тоа успех или неуспех? Не сум баш сигурен. Минатата сезона заврши на второто место во Премиер лигата“, додаде Кларк во дел од своите аргументи дека Мурињо е квалитетен тренер.

 

Од најмлад играч, до најголема измама – Муки од Индија заборави да пријави 12 години

Гурав Муки два месеци беше запишан во историјата на индискиот фудбал како најмлад играч само со 16 години што настапил на меч од тамошното првенство.

Во октомври тој играше за Џамшедпур против Бенгалуру и стана медиумска ѕвезда со светла перспектива. Но, новинарите на „Телеграф Индија“ истражуваа и открија дека талентот всушност нема 16, туку 28 години. И претходно во 2015 година веќе бил казнет за обид за измама.

Пред три години Муки пријавил дека има 16 години и се обидел да се најде во составот на репрезентацијата на Индија за играчи до 17 години што играше во претквалификациите за Светско првенство. Тогаш бил суспендиран, но повторно измамата му успеа годинава, кога лажно стана најмладиот фудбалер што настапил во индиското првенство со 16 години и заборавени уште 12.

Откако ја открија новата измама, Муки е суспендиран на шест месеци, а можно е дополнително да добие доживотна забрана за играње фудбал во Индија.

Јужноамериканската конфедерација пак потфрли – Ривер плејт треба да игра два меча во ист ден

Ривер плејт има два закажани дуели во ист ден, а грешката е кај челниците на Јужноамериканската фудбалска конфедерација, КОНМЕБОЛ.

На шести март идната година актуелниот шампион на Јужна Америка треба да игра меч во Судамерикана Рекола, панданот на европскиот Суперкуп. Противник на шампионот на Копа Либертадорес ќе му биде бразилскиот Атлетико Паранаенсе, кој ја освои титулата во Копа Судамерикана, натпреварување кое е налик на Лигата на Европа на Стариот Континент.

Но, КОНМЕБОЛ одреди Ривер да игра на истиот ден и против Алијанца Лима од Перу во првото коло од новото издание на Копа Либертадорес. Два меча во ист ден за иста екипа е невозможна мисија, па нешто ќе мора да се менува во распоредот.

Челниците на Јужноамериканската фудбалска конфедерација и претходно го навлекоа бесот на Аргентинците откако го префрлија реванш-мечот од финалето на Копа Либертадорес од Буенос Аирес во Мадрид.

Ривер и Бока јуниорс играа во Европа наместо на „Ел Монументал“,  стадионот кој е дом на новиот шампион на Јужна Америка.

 

Аца Лукас ќе го спасува Динамо Врање од испаѓање

Еден од најпознатите пејачи во Србија, Аца Лукас, повторно ќе биде дел од тамошниот фудбал. Фолкерот ќе биде потпретседател во Динамо од Врање. За Лукас тоа ќе биде четврти фудбалски клуб во којшто работел. Претходно бил дел и од Тимок, Бежанија и Црвена ѕвезда, каде што беше член на Собранието.

Лукас доаѓа во Динамо на покана на претседателот на клубот, а воедно и тренер Драган Антиќ, познат како Рецко. Популарниот Рецко е суспендиран 15 месеци од фудбалот, а со оглед на тоа дека Лукас е новиот потпретседател на клубот, тоа значи дека пејачот ќе го има и главниот збор.

Динамо моментно е на последното место во првенството на Србија и мора да направи драстични промени ако сака да се спаси од испаѓање бидејќи досега има освоено само 10 бодови во 21 одигран меч. Во зимскиот преоден рок најавено е доведување на пет-шест нови играчи кои треба да го засилат тимот и да се обидат да обезбедат опстанок во елитата.

Како помошник-тренер во екипата на Динамо Врање од неодамна работи и некогашниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски.

Баерн го купува Ернандес за 80 милиони евра, по него на ред се Јовиќ, Ребиќ, Павар…

Баерн Минхен ќе ја плати отштетата од 80 милиони евра предвидена според клаузулата во договорот меѓу Лукас Ернандес и Атлетико Мадрид и францускиот репрезентативец зимаво ќе се пресели во Минхен.

Иако од Атлетико негираат, од повеќе извори е потврдено дека стоперот на „јорганџиите“ и на француската репрезентација сигурно ќе го засили Баерн. Лукас има 22 години и може да игра и како лев бек, а со него не завршува операцијата подмладување на Баерн.

Според германските медиуми, потоа на ред е ангажман на најдобриот стрелец на Ајнтрахт Франкфурт и на Бундеслигата, Лука Јовиќ и неговиот соиграч Анте Ребиќ.

Баерн има еден од највозрасните состави во германското првенство.

Барселона свика итен состанок, треба брзо да се реагира

Барселона е во потрага по квалитетен играч од одбраната. Според најавите на каталонскиот весник „Спорт“, најдоцна до утре ќе треба да се знае името на играчот кој треба да дојде на „Камп ноу“.

Барселона сезонава има големи проблеми во одбраната, а дополнителни главоболки беа создадени по повредите на Томас Вермален и Самуел Умтити. Во ситуација кога нема доволно квалитетни играчи во дефанзивниот ред, тренерот Ернесто Валверде побара управата брзо да реагира и да му доведе засилување во одбраната.

Дилемата е меѓу двајца играчи. Андреас Кристенсен од Челзи е приоритет. За него се нудат три милиони евра да дојде како позајмен играч до крајот на сезоната, со евентуална можност подоцна за откупување на договорот за сума од 40 милиони евра. Сепак, опцијата да дојде Данецот е помалку веројатна.

План Б е да се донесе Џејсон Муриљо од Валенсија. Двата клуба речиси и се договорија, а тоа и воопшто не беше тешко ако се знае дека Муриљо речиси и да не игра за „лилјаците“, па Валенсија без проблем би го дала под наем, и тоа за сума од еден и пол милион евра.

 

Фенербахче оди да го преживее пеколот во „Морача“

ЦСКА Москва – Анадолу Ефес (18 ч.)

Забрзаниот ритам на кошаркарската Евролига денеска носи дерби во Москва. ЦСКА е на третото место, а Ефес е веднаш зад нив. ЦСКА е една од двете екипи кои немаат пораз на свој терен сезонава во Евролигата, но Ефес е опасен ривал. Турците се радувале на четири од шесте гостувања сезонава.

Сепак, кога се работи за меѓусебните дуели, московјаните се доминантни. ЦСКА ги има добиено последните осум средби против Ефес, без разлика каде се играло. Во последниве осум години, тимот од Истанбул победил само еднаш.

Предлог тип: 1&>172,5 (2.45) – Квота на денот во Sport Life

 

Будуќност – Фенербахче (20 ч.)

Првакот на АБА е тимот кој покажа дека знае да направи вистинска сензација во дуелите со европските гиганти. На свој терен во „пеколна“ атмосфера, за Будуќност нема ривал кој не може да го победи. Во Подгорица веќе потклекнаа Басконија, ЦСКА Москва и Барселона.

Кај домаќините владее еуфорија дека може да се победи и Фенербахче, кој е во неверојатна низа од 16 победи по ред во сите натпреварувања. Последен пат Фенер загубил пред повеќе од два месеци, и тоа на гости кај Ефес Пилсен и тешко дека на ова гостување ќе ѝ дојде крајот на победничката низа.

Предлог тип: 2&>153,5 (2,25)

 

Козакен бојс – Витесе (18:30 ч.)

Екипи кои се немаат сретнато досега, а тоа е така затоа што домаќините се дел од третата лига во Холандија. Во таква ситуација, Витесе а апсолутен фаворит за поминување понатаму во следното коло од Купот. Се очекува лесна победа на гостите.

Предлог тип: 2&2-4 (2.20) – Квота на денот во Sport Life

 

Заглебје – Легија (20:30 ч.)

Легија е апсолутен фаворит бидејќи домаќините се заковани на дното од табелата. Двете екипи играат без многу калкулации, посебно во одбраната, а Легија сигурно ќе сака уште во првото полувреме да стигне до предност која ќе гарантира три бода.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.95) – Квота на денот во Sport Life

 

ТПС Турку – Карпат (17:30 ч.)

Дербито меѓу двете најдобропласирани екипи во хокејарското првенство на Финска денеска е предизвик да се погоди. Карпат е лидер со 12 бода повеќе од ТПС Турку, кој денеска ќе игра на домашен терен, што и не се покажало како некоја предност досега бидејќи има шест порази во 15 меча.

Карпат на гости е со 13 победи (четири во продолжение) од 15 меча, па затоа и е фаворит. Гостите ја имаат убедливо најдобрата одбрана сезонава, но кога се работи за гостување кај најголемиот ривал, може да се очекуваат голови.

Предлог тип: 2&5+ (3,79)

 

 

Погба: Мурињо го згреши човекот со кого да се задева

Само Немања Матиќ и Ромелу Лукаку биле играчите кои не биле за да му се даде отказ на Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед. Сите останати фудбалери биле задоволни од одлуката да се избрка Португалецот. Еден од најзадоволните сигурно е Пол Погба, кој константно имаше проблеми со тренерот.

Отказот на Мурињо за Погба значи и олеснување, а сега ќе може целосно да се фокусира на играта на теренот, а не и на тоа што се случува надвор од него.

„Мислеше од мене да направи будала. Сакаше да ги сврти навивачите против мене. Но се измами. Го најде погрешниот човек“, викал Погба на вчерашниот тренинг на Манчестер, а пренесува таблоидот „Сан“.

Сепак, ситуација брзо ја смирил Мајкл Карик, кој го водел тој тренинг, посочувајќи му на Погба дека никој не е поголем од клубот, па така и тој ќе мора да престане да галами и да го одработи тренингот.

Тенисерките во контранапад на Ролан Гарос ја заштитија Серена Вилијамс

Здружението на светските тенисерки, ВТА ги заштити своите членки, тенисерките, со нова промена на правилата, која предвидува заштита на рангирањето на сите што се враќаат на теренот по породилно отсуство.

Годинава, Серена Вилијамс на некој начин беше оштетена бидејќи не беше рангирана како носителка на „Ролан Гарос“, иако е најтрофејната активна тенисерка. Гренд слем турнирот во Париз ѝ беше прв откако ја роди ќерката Алексис Олимпија, а паузата ѝ го урна рејтингот на ВТА, па не можеше да биде меѓу носителките на престижниот турнир.

Со новото правило, во ваков случај тенисерките ќе имаат заштитен рејтинг, и тоа до третата година на новороденчето. ВТА застана и во одбрана на помладата од сестрите Вилијамс  по предупредувањето на организаторите на Ролан Гарос дека нема повторно да дозволат да носи спортска опрема во црна боја.

Од ВТА објавија дека црниот комбинезон Вилјамс го носела од здравствени причини.

 

Солскјер со „ситни пари“ ќе треба да пазари во јануари

Манчестер јунајтед подготвил многу скромен буџет за претстојниот преоден рок во Европа. Според најавите, новиот тренер на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер ќе добие само 50 милиони фунти за трошење на нови играчи во јануари. Доколку сака да потроши повеќе пари, норвешкиот стратег ќе мора да продаде некој играч и од тие пари да купи нов фудбалер.

Солскјер денеска го одработи првиот тренинг со Манчестер, клубот во кој помина повеќе од една деценија како играч. Тој дојде на тренерското столче на местото на Жозе Мурињо, кој доби отказ поради слабите резултати. Мурињо постојано се жалеше дека нема доволно пари за да ги купи посакуваните играчи, а сега Солскјер има многу полимитиран буџет од тоа што досега го имаше Португалецот.

Манчестер моментно е на шестото место во Премиер лигата и заостанува дури 19 бодови зад лидерот Ливерпул, а има и 11 помалку од Челзи, кој е на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.