11.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025
Дома Blog Страница 9508

Луис Гарсија е нов тренер на Вилјареал

Само неколку часа траеше неизвесноста околу тоа кој ќе биде новиот тренер на Вилјареал по разделбата со Хавиер Калјеха. Довербата ја доби Луис Гарсија Пласа, кој потпиша договор до крајот на сезонава, а во моментов го држи првиот тренинг со „жолтата подморница“.

Луис Гарсија работеше како тренер во Кина, а во сезоната 2005/06 беше тренер на вториот тим на Вилјареал, кој тогаш се натпреваруваше во трета лига. Бил тренер и во Обединетите Арапски Емирати, како и на Леванте и Селта Виго.

Прва задача на мадридскиот стручњак ќе биде во четврток да му донесе победа на Вилјареал во дуелот со Спартак Москва во Лигата на Европа. На Вилјареал му треба победа за да оди во следната фаза од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Баерн „го мерка“ Иско

Претставници на Баерн Минхен оствариле прв контакт со агентот на Иско околу евентуален трансфер во летниот преоден рок. Како што најавува германскиот таблоид „Билд“, Шпанецот е прва цел на „баварците“ за следната сезона и веќе извесно време ја следат неговата ситуација во Реал Мадрид.

Откако Сантијаго Солари го презеде тимот на Реал по отказот на Хулен Лопетеги, Иско речиси и да не настапува за „кралевите“, а воедно го загуби и статусот на првотимец. Дваесет и шестгодишниот играч за врска наводно е подготвен да се раздели со дванаесеткратниот европски првак, а Минхен е една од дестинациите каде би можело да ја продолжи кариерата.

Покрај Баерн, за услугите на Иско се интересираат Арсенал и Челзи, како и италијанскиот шампион Јувентус. Неговата клаузула изнесува 700 милиони евра, но цената сигурно ќе биде значително намалена при евентуална продажба.

„Жолтата подморница“ остана без кормилар

Хавиер Калјехa повеќе не е тренер на Вилјареал откако управата на клубот денес му врачи отказ. Поразот од Селта Виго со 3-2 на домашен терен е последниот од низата лоши резултати кои ги реди тимот во изминатиов период, па раководството одлучи дека е време за смена на кормиларот на „жолтата подморница“.

Клубот уште денес ќе се обиде да назначи нов предводник на првиот тим, а се споменува дека Луис Гарсија ќе биде нов тренер, актуелниот предводник на кинескиот клуб Пекинг рене.

Калјехa го презеде сениорскиот тим на Вилјареал во 2017 година, откако претходно редеше успеси со младинските категории на овој клуб. Минатата сезона Вилјареал заврши на шестото место во Ла Лига и обезбеди учество во Лигата на Европа.

Оваа сезона Вилјареал се наоѓа при дното на табелата по 15 одиграни натпревари во шпанскиот шампионат. Само три бода го делат од црвената зона, која значи испаѓање од елитата.

Џо Гомес останува во Ливерпул до 2024 година

Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомес, потпиша нов, три и полгодишен договор со клубот, според кој ќе остане на „Енфилд“ до 2024 година.

„Потпишувањето на новиот договор ми значи повеќе од сѐ. Го сакам овој клуб, обожувам да играм на „Енфилд“ и среќен сум што уште долги години ќе ја продолжам мојата кариера тука“, истакна Гомес за официјалната веб-страница на Ливерпул.

Англичанецот настапи на 18 натпревари за Ливепрул сезонава, но во следниот период ќе биде надвор од конкуренција. Предвидена му е пауза од шест недели, поради фрактура на ногата која ја заработи во мечот против Барнли, кој се одигра пред пет дена.

Гомес во редовите на „црвените“ пристигна како младинец од Чарлтон, во трансфер вреден 4,5 милиони фунти.

Одредени се сите селектори на младинските кошаркарски селекции

По неколку одржани состаноци, Стручниот совет донесе одлука за назначување на следните селектори на младинските репрезентации кои во 2019 година ќе учествуваат на Европските првенства (дивизија А и дизивија Б). За ЕП за жени до 18 години од дивизијата Б, кое во јули 2019 година ќе се одржи во Скопје, селекцијата М18 жени ќе ги предводи Игор Гацов.

Дарко Радуловиќ ќе ја предводи машката репрезентација до 20 години на Европското првенство од дивизија Б, кое ќе се одржи во Матосињос, Португалија, шампионат кој ќе се игра од 12-ти до 21-ви јули 2019 година.

Јуниорите, односно селекцијата мажи до 18 години, ќе биде предводена од Михаил Наумовски, а ќе учествуваат на ЕП дивизија Б, кое ќе се одржи во Орадеа, Романија, во август следната година.

Денис Дервишевиќ ќе биде селектор на репрезентацијата мажи до 16 години, кои ќе се натпреваруваат во дивизијата А од ЕП, а шампионатот ќе се одржи во Удине, Италија,  во август 2019 година.

Виолета Здравковиќ ќе ја предводи најмладата селекција жени до 16 години, а тие ќе се натпреваруваат на ЕП од дивизијата Б, првенство кое ќе се одржи во Софија, Бугарија, во август 2019 година.

М20 мажи
Селектор: Дарко Радуловиќ
Помошен тренер: Николче Божиновски
Ментор: Бранко Андриевски

М18 мажи
Селектор: Михаил Наумовски
Помошен тренер: /
Ментор: Александар Петровиќ

М16 мажи
Селектор: Денис Дервишевиќ
Помошен тренер: Александар Ашаданов
Ментор: Марјан Лазовски

М18 жени
Селектор: Игор Гацов
Помошен тренер: Златко Мокров
Ментор: Зоран Балов

М16 жени
Селектор: Виолета Здравковиќ
Помошен тренер: Ведран Белешковски
Ментор: Жаклина Стојановска

Дембеле повторно доцнел на тренинг, па тренирал сам

Усман Дембеле повторно го налути раководството на клубот. Вчера доцнел два часа за предвидениот тренинг, а потоа бил принуден да тренира сам. Не е наведена причината зошто доцнел, информираат шпанските медиуми.

Управата на клубот е лута на однесувањето и неодоворноста на фудбалерот. Дембеле и пред еден месец доцнеше на тимскиот тренинг, наводно цела ноќ играл видеоигри и не се разбудил навреме. Тогаш тренерот Ернесто Валверде го изостави од тимот за мечот против Реал Бетис.

Каталонците исплатија 100 милиони евра за неговите услуги, но ваквото однесување нема да го толерираат, па веќе ги разгледуваат опциите за негова продажба.

Барселона се подготвува за последниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите. Утре на „Камп ноу“ ќе го пречека Тотенхем, мечот кој е закажан во 21 часот.

Дортмунд без шестмина првотимци пристигна во Кнежевството

Борусија Дортмунд отпатува за Монако без шестмина првотимци во пресрет на мечот од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите. „Милионерите“ ќе бидат значително ослабени. Поради лесни повреди нема да настапат Марко Ројс, Томас Дилејни, Лукаш Пишчек и Јакуб Брун Ларсен, додека од обврски се ослободени Џејдон Санчо и Аксел Вицел.

Луцијан Фавр на „Луј Втори“ ќе предводи комбиниран состав, со кој ќе се обиде да ја забележи четвртата победа во групата А и на тој начин како првопласирани да се пласираат во нокаут-фазата. Дортмунд веќе обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи, но засега е втор со 10 бода, зад Атлетико Мадрид, кој има два повеќе.

Средбата е закажана за утре, со почеток од 21 часот.

Вечерва на „Гудисон парк“ ќе има напади со змии!

Евертон и Ватфорд вечерва ќе играат во последниот меч од 17-тото коло во англиското првенство, а посебен фокус ќе има кон навивачите на гостите. Фановите на Ватфорд кои најавија дека ќе присуствуваат на „Гудисон парк“, со себе ќе носат гумени змии, кои ќе бидат наменети за тренерот на Евертон, Марко Силва.

Силва е стратегот кој минатата сезона го предводеше Ватфорд, но доби отказ поради „договорање со ривалски клуб кој предизвикал пад на концентрацијата и лоши резултати до таа мерка што на долгорочен план ја загрозува иднината на Ватфорд“. Навивачите не можат да му ги простат тие преговори на Силва, кого го сметаат за предавник. Неколку месеци подоцна, Силва беше промовиран во нов тренер на Евертон, потпишувајќи тригодишен договор.

Угледниот весник „Мирор“ најавува дека гостинските навивачи ќе извршат „напад со гумени змии“ на стадионот на Евертон и тие ќе бидат наменети токму за Силва.

 

 

Раул го објави поширокиот список на ракометари за СП 2019

Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалес го објави поширокот список на ракометари за престојното Светско првенство во Германија и Данска.

Македонија е во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Минхен.

Прв противник на нашите најдобри ракометари ќе биде селекцијата на Јапонија, а дуелот ќе се игра на 11-ти јануари. Македонија натпреварите ги започнува на 11-ти јануари против репрезентацијата на Јапонија, а потоа следува дуелот против Бахреин (13-ти јануари), Хрватска (14-ти јануари), Шпанија (16-ти јануари), а во последното коло противник на Македонија е репрезентацијата на Исланд.

На поширокиот список на селекторот Гонзалес се најдоа:
1. ТОМОВСКИ МАРТИН РК МЕТАЛУРГ
2. РИСТОВСКИ БОРКО SL BENFICA (POR)
3. МИТРЕВСКИ НИКОЛА HC DOBROGEA SUD CONSTANTA (ROU)
4. ЦВЕТКОВСКИ ЈАНЕ HSG WETZLAR (GER)
5. МАНАСКОВ ДЕЈАН TELEKOM VESZPREM HC (HUN)
6. ОЈЛЕСКИ ГОЦЕ РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
7. ПРИБАК НЕМАЊА BESIKTAS MOGAZ HT (TUR)
8. ГЕОРГИЕВСКИ ГОЦЕ CSM BUCURESTI (ROU)
9. ПОПОВСКИ МАРТИН РК ВАРДАР
10.ЛАЗАРОВ ФИЛИП SG RATINGEN (GER)
11.ТАЛЕСКИ ФИЛИП RHEIN-NECKAR LOWEN (GER)
12.СЕРАФИМОВ МАРТИН РК МЕТАЛУРГ
13.МАРКОСКИ ВЕЛКО HC DOBROGEA SUD CONSTANTA (ROU)
14.ДАСКАЛОСКИ ЗЛАТКО E.STRASBOURG SCHILTIGHEIM ALSACE (FRA)
15.МИШЕВСКИ МАРКО РК ВАРДАР ЈУНИОР
16.ЛАЗАРОВ КИРИЛ HBC NANTES (FRA)
17.КРСТЕВСКИ ГОРАН РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
18.МАРКОСКИ НИКОЛА РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
19.СТОИЛОВ СТОЈАНЧЕ РК ВАРДАР
20.ПЕШЕВСКИ ЖАРКО HC MOTOR ZAPOROZHYE (UKR)
21.КУЗМАНОВСКИ ФИЛИП РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
22.ТАНКОСКИ МАРИО РК МЕТАЛУРГ
23.ЧУРЛЕВСКИ ФИЛИП РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
24.ДИМИТРИОСКИ ДИМИТАР РК МЕТАЛУРГ
25.ЈАГУРИНОВСКИ ТОМИСЛАВ РК МЕТАЛУРГ
26.ЛАЗАРЕВСКИ МИЛАН РК МЕТАЛУРГ
27.МИРКУЛОВСКИ ФИЛИП HSG WETZLAR (GER)
28.АНДОНОВСКИ ЛАСКО РК ПРОЛЕТ 62

Тухел нема избор – Нејмар е ровок, но мора да игра против Ц. ѕвезда

Експедицијата на Пари Сен Жермен треба денеска да пристигне во Белград, а во составот на фрацускиот првак е и Нејмар. Иако не е комплетно фит по повредата, сепак Бразилецот летна од „Орли“ кон главниот град на Србија. Вечерва, по подолг период ќе тренира, и тоа на „Маракана“, а утре и ќе игра против Црвена ѕвезда.

Францускиот медиуми објавија дека одличниот офанзивец на ПСЖ речиси сигурно ќе биде во стартната постава на популарните „светци“.

Тренерот Томас Тухел нема да калкулира и ќе игра со најсилниот состав што го има на располагање, бидејќи се работи за меч од последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Црвена ѕвезда одигра многу подобро од очекувањата во веројатно и најтешката група, со Наполи, Ливерпул и ПСЖ, па Тухел е внимателен.

Со победа, ПСЖ сигурно ќе се пласира во нокаут-фазата во ЛШ. Во домашното првенство сигурно ќе биде шампион, па Нејмар мора да игра во Белград бидејќи во овој период за „светците“ приоритет е најдоброто клупско европско натпреварување, односно Лигата на шампионите.