11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025
Дома Blog Страница 9518

Мурињо во свој стил: Дадовме четири гола, а конечниот исход е 2-2

Дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ не донесе победник. Двете екипи ремизираа со 2-2, головите се постигнуваа по катастрофални грешки и на двете одбрани, а Мурињо смета дека неговите играчи ги постигнаа погодоците на „топчиите“.

„Постигнавме четири гола, а мечот заврши 2-2. Како и секогаш, направивме грешки и ја плативме цената за тоа. И на овој меч беше така, но благодарение на тимскиот дух и борбеноста на играчите, се вративме во игра. Игравме до самата граница на нашите можности, играчите по завршувањето на мечот беа тотално исцрпени. Арсенал беше опасен само кога ја губевме топката во опасна зона, дури и на клупата се чувствуваше паника кога противникот ќе дојдеше пред нашиот гол. Кога го постигнавме вториот гол за Арсенал, ја имавме контролата на топката и мило ми е што брзо се вративме во игра. Без разлика на исходот, задоволен сум со залагањето на моите играчи, играа со срце, но ние и натаму не сме константни“, истакна Мурињо по дербито со „топчиите“.

Пеле: Марадона беше многу подобар од Меси

Според бразилската фудбалска легенда Пеле, Диего Марадона бил многу подобар фудбалер од Лионел Меси, а Кралот на фудбалот повремено го критикуваше сонародникот Нејмар.

„Тешко е да го браниш Нејмар поради работите кои ги прави надвор од фудбалскиот терен. Сум разговарал со него и му кажав дека фудбалското знаење го има. Немаше среќа со репрезентацијата, не бил светски првак и тоа го обележува. Му кажав дека Господ му дал талент, но сам си ја комплицира работата со однесувањето. Тој е покомплетен од Мбапе, но во Европа зборуваат повеќе за Франзцузинот“, изјави Пеле.

Пеле и Марадона ги надминаа недоразбирањата кои ги имаа во минатото и сега се во одлични односи, па Бразилецот смета дека најдобар аргентински играч на сите времиња е Диего.

„За мене, Марадона е еден од најдобрите во историјата и ако ме прашувате дали е подобар од Меси, ќе ви кажам да, многу беше подобар. Одлични беа и Бекенбауер, Кројф“, рече 78-годишниот Пеле, кој трипати беше светски првак со „кариоките“.

Парондо: Јас сум виновен што не игравме добро

Вардар ја оствари осмата победа сезонава во СЕХА-лигата, го совлада Металург со минимални 27:26 и имаме уште три натпревари пред да почнат подготовките на репрезентацијата.

„Најважно е дека победивме. Потребни ни беа овие бодови, па затоа сме задоволни. Јас лично ја преземам одговорноста за нашата лоша игра, бидејќи моја беше одлуката да им дадам малку одмор на некои од првотимците. Сакав да ги одморам по тешкиот дуел со Кјелце“, изјави тренерот Роберто Парондо.

Еден од јунаците на Вардар беше младиот голман Марко Кизиќ, кој ја прикажа најдобрата партија во кариерата.
„Добро се подготвував за овој натпревар. Секогаш кога се игра со Металург, натпреварот е тежок. Ние ја имавме фаворитската улога и постоеше притисок. Покрај тоа, ни фалеа и некои важни играчи. На крај успеавме да го изменаџираме мечот и да победиме, иако играта не ни беше каква што посакувавме“, рече Кизиќ.

Тренерот на „металурзите“, Данило Брестовац, смета дека тимот играл добро, но му фалела тактичка дисциплина.

„Добро игравме во овој период од сезоната, но ни недостасува тактичка дисциплина. Претпоставувам дека причината е што играчите се млади и неискусни. Добро се подготвувавме, го анализиравме Вардар и мора што побрзо да го применуваме тоа што го договараме и тренираме. Генерално, задоволен сум како му се спротивставивме на многу силниот противник“, изјави Брестовац.

 

Анахејм се навикна на драматични победи

Анахејм дакс оствари победничка серија од пет средби во низа откако ноќеска со 4-2 го совлада тимот на Чикаго блекхокс. „Патките“ како да се навикнати во драматични мечеви да извојуваат победи, слично како и на претходните средби против Вашингтон, Каролина и Флорида.

На дуелот во „Хонда центарот“ се чинеше дека Анахејм лесно ќе запише нова победа откако со 2-0 го освои почетниот период. Во вторатата третина гостите возвратија со иста мера, но само за четири минути во решавачките 20 Касе им донесе нова предност на домаќините, а потоа Силфверберг го искористи празниот гол на противникот и на минута и пол до крајот ги реши сите дилеми.

Петтата победа во низа на Анахејм воедно значеше и петти пораз по ред на Чикаго.

 

Мечот меѓу Сент Луис блус и Едмонтон ојлерс мораше да се одлучува со изведување на пенали, откако резултатот гласеше 2-2 по регуларниот дел. Домаќините по 13 минути игра во првата третина остварија предност од два гола, додека „нафташите“ со по еден гол во останатите два периоди успеаја да се израмнат. Средбата продолжи во дополнително време, во кое ниту едната ниту другата екипа не успеа да го реализира одлучувачкиот гол, остана да се изведуваат пенали.

Бозак го реализираше првиот пенал за Сент Луис, а потоа домаќините промашија два по ред, па прецизноста на Нуџент-Хопкинс и Мекдејвид беше доволна за Едмонтон да го оствари 14-тиот овосезонски триумф.

 

„Ајкулите“ од Сан Хозе со убедливи 5-1 лесно го совладаа тимот на Каролина хурикејнс. Победникот беше решен веќе по два периоди, во кои домаќините постигнаа по два гола, додека за Каролина почесниот гол го постигна Валмарк пред финишот на втората третина.

Милнер испиша историја во Премиер лигата

Џејмс Милнер од Ливерпул синоќа беше стрелец на првиот од трите гола за „црвените“ и се запиша во историјата на Премиер лигата. Рекордот кој го држи е серија од 50 натпревари од најсилната англиска лига на кои давал гол и неговиот тим никогаш не загубил.

Ова е неверојатна статистика која ја има ветеранот. Милнер во својата премиерлигашка кариера, која трае 16 години, даваше голови за Лидс, Њукасл, Астон вила, Манчестер сити и Ливерпул. Уште еднаш се потврди дека неговите голови им носат среќа на тимовите, па Ливерпул победи со 3-1. На овие 50 премиерлигашки меча на кои Милнер постигнувал погодоци, неговите тимови имаат 39 победи и 11 нерешени.

Значи, репецтот е познат. Во Ливерпул треба да го форсираат Милнер почесто да постигнува голови.

Инаку, колото во Премиер лигата кое се комплетираше вчера е прво по осум години во кое сите 20 тима постигнаа гол.

Дали ова е најава дека Нејмар ќе игра во Премиер лигата? (видео)

Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар, на својот канал на „Јутуб“ одговараше на прашања поставени од неколку свои фанови, како и познати фудбалери, како Луис Суарес, Бенџамин Менди и својот сонародник Габриел Жесус.

Токму бекот на Манчестер сити му постави интересно прашање: „Дали еден ден ќе играш во Премиер лигата?“, па Нејмар му одговори: „Премиер лигата е една од најсилните лиги во светот. Не знам што може да се случи утре или во блиска иднина, но секој врвен фудбалер сака да игра во таа лига, барем еднаш во кариерата“, истакна Нејмар.

Видеото брзо се рашири на социјалните мрежи, па некои го толкуваат ова како најава на Нејмар дека еден ден ќе се пресели во Премиер лигата. Прашање е само кој клуб ќе се осмели да исплати астрономска сума за Бразилецот.

https://www.youtube.com/watch?v=ZZLhMPn9NQc

Најголем пресврт во историјата на Тандерс (Видео)

Оклахома Сити тандерс славеше на гостувањето кај Бруклин нетс со 114:112, иако по три четвртини игра губеше со 18 поени разлика, а во еден момент домашните имаа предност и од 23 поени. Човекот за пресврт беше Пол Џорџ, кој уфрли 47 поени, еден помалку од неговиот личен рекорд, дури во последната четвртина.

Сензационалната игра на Џорџ во последните 12 минути беше комплетирана со тројка за водство и победа на 3,1 секунди до крајот. Тандерс имаат четири победи по ред, но оваа беше историска, бидејќи е направна со најголем пресврт во постоењето на клубот.

„Чувствував дека ми оди шутот и го искористив тоа. Момците ми додаваа и ми викаа да продолжам да шутирам“, рече Џорџ.

Придонес даде и Расел Вестбрук, кој го направи 108-миот трипл-дабл во кариерата, со што го надмина Џејсон Кид на третото место на вечната листа.

Погледнете ги поените на Џорџ во последната четвртина:

Резултати НБА:

Кливленд кавалирс – Голден стејт вориорс 105:129

Орладно меџик – Деневер нагетс 118:124

Атланта хокс – Вашингтон визардс 117:131

Бруклин нетс – Оклахома сити тандерс 112:114

Мемфис гризлис – ЛА клиперс 96:85

Милвоки бакс – Детроит пистонс 121:104

Њу орлеанс пеликанс – Далас маверикс 132:106

Торонто репторс – Филаделфија севентисиксерс 113:102

ЛА лејкерс – Сан Антонио спарс 121:113

Барса и со втор тим лесно мина во следната фаза од Кралскиот куп

Барселона ништо не остава на случајот, шпанскиот првак со убедливи 4-1 го совлада нисколигашот Леонесе и очекувано ќе патува во следната рунда од Кралскиот куп. Домаќините ја завршија работата веќе по првите 45 минути, во кои Мунир, Денис Суарес и Малком по еднаш ја тресеа мрежата за 3-0.

Суарес уште еднаш се запиша во листата на стрелците во 70-тата минута, а почесниот гол на гостите го постигна Сене 15 минути претходно.

Валјадолид со идентичен резултат како и по првиот меч со Мајорка (2-1), и вечерва славеше пред својата публика. Фудбалерите на Мајорка изненадија при стартот на вториот дел, Пратс им донесе предност од 1-0, но веќе во следниот напад домаќините израмнија.

Конечните 2-1 ги постави Верде во 88-мата минута од мечот.

Второ реми во низа за ПСЖ

По Бордо, и Стразбур го спречи залетаниот ПСЖ, последната средба од 16-тото коло во Лига 1 заврши со конечни 1-1. Томас Тухел повторно излезе со состав во кој недостасуваше Нејмар, додека Мбапе од клупа чекаше шанса да заигра.

Домаќините поведоа преку Лара, кој беше прецизен од белата точка во 41-вата минута. ПСЖ притискаше за брзо да се врати во игра, па судијата и ним им додели најстрога казна. Кавани во 71-та минута израмни на 1-1. Ниту влегувањето на Мбапе не му донесе три бода на францускиот првак, а во финишот од мечот можеа да претрпат дебакл, меѓутоа голот на Стразбур беше нерегуларен, па резултатот остана непроменет.

ПСЖ по 16 средби во Лига 1 има огормна предност во однос на второпласираниот Лил, кој има 30 бода, додека „светците“ имаат 14 повеќе од нив.

 

Трилер на „Олд трафорд“ – Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите

Манчестер јунајтед и Арсенал ремизираа при конечни 2-2 во дербито од 15-тото коло во Премиер лигата. „Топчиите“ дојдоа на „Олд трафорд“ со голема самодоверба по убедливиот триумф над градскиот ривал Тотенхем (4-2), па посакуваа да освојат и три бода против избраниците на Жозе Мурињо.

Мустафи ја отвори средбата во 26-тата минута, меѓутоа Марсијал само четири минути подоцна ги врати „црвените ѓаволи“ во игра.

Резултатот стоеше 1-1 до 68-та минута, а Лаказет набрзо по неговото влегување во игра му донесе нова предност на Арсенал, но гостинските фудбалери не стигнаа да го прослават голот бидејќи Јунајтед израмни уште во првиот напад по примениот гол. Лингард ја казни катастрофалната грешка на Колашинац.

Тотенхем лесно го совлада Саутхемптон со 3-1, екипата која пред неколку дена остана без менаџерот Марк Хјуз. Предност на „петлите“ им донесе Кејн во деветтата минута, додека Лукас и Сон погодија во почетните 10 минути од второто полувреме. Гостите преку Остин стигнаа до почесен гол во последната минута од судиското надополнување.