19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025
Дома Blog Страница 9517

Мурињо секогаш има одговор кога ќе биде обвинет за слабите резултати

Манчестер јунајтед синоќа одигра 2-2 против Арсенал во дербито на Премиер лигата. „Топчиите“ двапати беа во водство, но домаќинот не дозволи пораз на „Олд Трафорд“. Ова е второ коло по ред како Манчестер игра 2-2, а четврти дуел по ред на кој најтрофејниот англиски клуб не може да победи во Премиер лигата.

Моментно, Манчестер е на осмото место на табелата и има дури 18 бода помалку од градскиот ривал Сити, кој е лидер во шампионатот. Поради овие резултати, притисокот врз тренерот на Манчестер, Жозе Мурињо, е сè поголем, но Португалецот секојпат има одговор кога ќе биде обвинет поради слабите резултати.

„Не можам да се согласам со луѓето кои сакаат да нѐ споредуваат со славните екипи на Манчестер јунајтед. Тие во своите редови ги имаа Рој Кин, Руд ван Нистелрој, Немања Видиќ… Оставете нѐ на мира и дајте ни малку време. Задоволен сум од срцето и душата која ја има во овој тим, но немаме константност и хомогеност“, вели Мурињо.

Манчестер ќе може да ја прекине серијата без победа веќе на дуелот во сабота, кога на „Олд Трафорд“ ќе гостува последнопласираниот Фулам.

 

Ван Дајк открива како во 2012 година можел да умре

Откако Вирџил ван Дајк дојде во Ливерпул на почетокот на 2018 година, овој тим стана најдобар во дефанзивата во Англија. Ниту еден клуб нема повеќе мечеви во кои успеал да не прими гол. Тој успех, Ливерпул многу му го должи токму на Ван Дајк.

Столбот на одбраната на Ливерпул неодамна откри како пред неколку години за малку се спасил од смртта. Немилиот настан се случил во 2012 година, додека играше за Гронинген. Дефанзивецот почувствувал болки во стомакот и со мајка му заминал во болница. Лекарите го прегледале и му рекле дека нема ништо, па затоа и го пуштиле да си оди дома.

Сепак, болките станале посилни, па Вирџил морал да замине во друга болница. Таму констатирале дека имал запаление на слепо црево и инфекција на бубрезите. Веднаш бил пратен на операција, а рехабилитацијата траела два месеца.

„Уште се сеќавам на тоа време кога лежев во болницата. Сè што можев да видам, беа тие цевчиња над мене. Целото тело ме болеше и не можев никако да си помогнам. Во тие моменти размислував за најлошото сценарио. Животот ми беше во опасност, можев да умрам“, открива Ван Дајк.

Холанѓанецот не само што успеа да закрепне по таа операција, туку сега е и еден од најдобрите дефанзивци во светот.

 

Позната причината за кобниот пад на хеликоптерот во кој загина и газдата на Лестер

По малку повеќе од еден месец од хеликоптерската несреќа во која загина газдата на Лестер, Вишај Шриваданапраба и уште четворица, се дознаа резултатите зошто се случил кобниот пад. Британската агенција за истражување на воздухопловни несреќи ги објави резултатите од истрагата.

Според извештајот, несреќата на хеликоптерот „аугуста AQ 169“, кој се сруши непосредно по полетувањето од стадионот на Лестер и падна на паркингот, е поради откажување на контролата која ги поврзува педалата во кокпитот и роторот на опашот на леталото.

Засега не е познато која е причината за откажувањето на оваа контрола, но откако се случил дефектот, пилотот бил немоќен да направи ништо за да го спречи најлошото.

Магичен снукер: Стивен Мегвајер со потег за историјата (Видео)

Стивен Мегвајер и Марк Вилијамс синоќа одиграа дуел за историјата во снукерот. Мегвајер губеше со 0:4 во меч кој требаше да се реши со шест добиени фрејма. Иако беше во голема негатива, Мегвајер успеа да се врати во игра и стигна до 5:5. Решавачкиот 11-ти фрејм беше еден од највозбудливите. Шкотот поведе со 6:0 во решавачката партија, но потоа згреши и му даде шанса на Вилијамс, кој стигна до 33 поени и потоа направи грешка.

Мегвајер дојде на ред да удира, и тоа беше крајот за Велшанецот. Најинтересниот момент се случи при водство на Мегвајер од 59:33, кога една црвена топка остана залепена за „ѕидот“, но Шкотот со неверојатен потег успеа да ја внесе во средната дупка. Со тој потег, беше јасно кој ќе биде победник на еден од највозбудливите дуели.

Последниот фрејм од мечот може да го погледнете, а неверојатниот потег кој значеше и победа на Мегвајер е на 15:30 минута.

https://youtu.be/e5Cf8oZ31dA

 

 

Ѓоковиќ ќе ја бодри Ѕвезда против ПСЖ

На 11-ти декември на трибините на најголемиот стадион во Србија, „Рајко Митиќ“ ќе биде и Новак Ѓоковиќ. Најдобриот светски тенисер е голем навивач на Црвена ѕвезда и не сака да го пропушти спектаклот и дуелот против Пари Сен Жермен од Лигата на шампионите.

Ѓоковиќ во септември присуствуваше на мечот на Ѕвезда со Радник Сурдулица, а потоа и на отворањето на АБА-лигата, кога кошаркарскиот тим на Ѕвезда играше со Цибона.

На Ѕвезда ѝ треба победа за место во Лигата на Европа, а „светците“ со три бода ќе одат во осминафиналето од ЛШ.

Новак полека почна со тренинзи и подготовки за наредната сезона, но реши да го посети Белград на 2-3 дена и да го гледа фудбалскиот меч. Тој од Монте Карло доаѓа во Белград на денот на мечот, а на трибините ќе биде заедно со браќата Марко и Ѓорѓе. По два или три дена, повторно ќе мисли само на тенисот и ќе продолжи со подготовки.

МЗТ без Младеновски и Соколов во битка со Сутјеска

Враќање на победничкиот колосек и искачување на второто место на табелата се мотивите на МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на вечерашниот натпревар од втората АБА-лига против Сутјеска. Дуелот во „Јане Сандански“ почнува во 19 часот.

Сутјеска е тим против кој „штрковите“ имаат играно и во главната АБА-лига, а актуелни членови на црногорскиот тим се плејмејкерот Никола Павличевиќ и крилниот центар Радосав Спасојевиќ, кои лани го носеа дресот на МЗТ. Павличевиќ беше избркан од клубот откако некултурно се однесуваше кон „Фемили“, па интересно ќе биде да се види на каков прием ќе налета Павличевиќ од страна на фановите на аеродромскиот клуб.

„Сутјеска прикажа доста добри игри и мораме крајно сериозно да ги сфатиме како противник. Главни адути им се нашите поранешни играчи, кои во мечот ќе влезат мотивирани. Ослабени сме со неиграњето на Младеновски и Соколов, но очекувам тие што ќе се појават на теренот, решително да го надоместат нивното отсуство“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

МЗТ е најефикасен тим во Лигата, еден од подобрите поединци е Џејмс Вудард, кој оваа средба ја гледа како шанса за враќање во натпреварувачки ритам.

„Со нетрпение го чекаме почетокот бидејќи одамна немаме играно. По паузата за настапите на репрезентациите, повторно ќе имаме натпревар, и тоа против нималку лесен противник. Искуството е нивен најголем квалитет, но верувам дека имаме сили и знаење да ја продолжиме победничката серија на домашен терен“, вели американскиот бек.

Милан со конкретна понуда за Фабрегас: 10 милиони евра за две и пол години

Претстанвиците на Милан силно притискаат да го доведат Сеск Фабрегас во своите редови уште во јануарскиот преоден рок. Веќе е доставена конретна понуда до агентот на Шпанецот, договор на две и пол години, според кој ќе заработува четири милиони евра по сезона или вкупно 10 милиони евра.

Иако Маурисио Сари сака да го задржи Фабрегас во својот тим, плејмејкерот на „сините“ има желба да добива поголема минутажа, а воедно и договорот кој му истекува налето да му биде продолжен на подолг период, што е спротивно на филозофијата на клубот кога се однесува за играчи постари од 30 години.

Во Милан сигурно ќе има поголема улога, но италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ не сакаат да ја исплатат сумата која ја бара Челзи, а таа изнесува 12 милиони евра. Причина за тоа е што Фабрегас налето ќе биде слободен играч доколку не ја обнови соработката со клубот од Лондон, па Милан може да го добие и без пари, а не им е проблем да чекаат да заврши сезоната за да го ангажираат искусниот Шпанец.

„Отпишаниот“ Иско вечерва капитен на Реал Мадрид

Само пред една недела против Рома, Иско не се најде ниту на клупата за резерви кај Реал Мадрид, а вечерва на дуелот од Купот против Мелиља тој ќе биде со капитенската лента. Иско првпат ќе биде стартер откако на клупата седна тренерот Сантијаго Солари. Последен пат во почетниот состав Иско беше на гостувањето кај Барселона, во дебаклот од 1-5.

Мечот не е многу важен, но Солари ќе има даде шанса на „отпишаните“, како Иско, Кејлор Навас и Маријано Дијас, кои воопшто или речиси воопшто не му се во плановите за мечевите од првенството и Лигата на шампионите. Иско во дресот на Реал има 254, а Навас 148 меча.

Иско беше незаменлив стартер кај Лопетеги, но Солари повеќе му верува на Лукас Васкес. Викендов против Валенсија, Иско играше 10 минути, влезе на местото на Себалјос. Одморот за Рамос, Марсело, Карвахал, Модриќ, Варан и Бензема значи дека судбината сака Иско да ја има честа да биде капитен.

Ниту Нострадамус немаше да прогнозира ваков исход (фото)

Едно е да имаш среќа, а сосема друго е да си мајстор за погодување на дербија. Тројца Англичани со слични прогнози си заработија убава добивка преку онлајн обложувањето на „Скајбет“, погодувајќи речиси сѐ на средбата која се одигра вчера на „Олд Трафорд“. Тројцата погодија вкупен коефициент 500.

Двајца од нив се обложиле со исти прогнози. Мустафи и Марсијал ќе бидат стрелци на мечот, истиот ќе заврши со конечни 2-2, Матиќ и Тореира ќе заработат жолти картони, додека двете екипи ќе изведат најмалку по четири корнери. Оваа прогноза на едниот типувач му донесе 501 фунта со уплата од една фунта, додека на вториот му донесе 2.505 фунти со уплата од пет фунти.

https://twitter.com/SkyBet/status/1070439419453296640

Третиот мајстор кој погоди сличен исход е побогат за 500 фунти. Со уплата од пет фунти, тој предвиде дека Марсијал и Обамејанг ќе упатат по два шута во рамките на голот, а исто така прогнозираа по четири корнери за двете екипи, како и жолтите картони на Матиќ и Тореира.

Секоја чест, мајстори…

https://twitter.com/JamesManlove/status/1070441855366717440

Селекциите до 19 и 17 години со тежок пат до ЕП 2020

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години се најде во групата 11 заедно со Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург во квалификациската рунда за Европското првенство 2020 година.

Натпреварите од турнирот ќе се одиграат во периодот од 13-ти до 19-ти ноември 2019 година во нашата земја. Првопласираните две репрезентации од секоја група и една најдобро третопласирана ќе се пласираат во елитната рунда чии мечеви ќе се играат во пролетта 2020 година.

Нашата репрезентација за играчи до 17 години е во групата 1 заедно со Полска, Белгија и Лихтенштајн во квалификациската рунда за ЕП 2020. Натпреварите ќе се одиграат од 9-ти до 15-ти ноември 2019. година, а домаќин на турнирот ќе биде Полска.