16.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025
Дома Blog Страница 9522

Играчите на Бока беа на тренинг кога некој дојави дека има бомба

Историскиот реванш од финалето на Купот Либертадорес конечно треба да се одигра на деветти декември во Мадрид. Двата аргентински гиганти Бока јуниорс и Ривер плате се подготвуваат за мечот кој треба да го даде новиот шампион на Јужна Америка.

На последниот тренинг на играчите на Бока јуниорс мораше да интервенира и полицијата. Тоа не беше поради некои нови нереди, туку поради дојава дека на стадионот „Ла Бомбонера“ има поставено бомба. На тренингот имаше и навивачи, но, за среќа, играчите тренираа на комплексот „Педро Помпилио“, кој се наоѓа во непосредна близина на стадионот.

Полицијата мораше да го евакуира целиот кварт, а подоцна беше констатирано дека се работи за лажна дојава и дека нема никаква бомба.

Двата најтрофејни аргентински клубови веќе двапати не можеа да го одиграат реванш мечот, кој требаше да биде на „Монументал“. Навивачите на Ривер плате кои дивееја се виновни за одложување на дуелот на кој нивниот омилен клуб требаше да игра дома. Сега и за лажната тревога за бомба на стадионот на Бока први осомничени се токму фановите на Ривер плате.

Лил гледа кон Европа

Лил со минимални 1-0 го совлада Монпелје во мечот за борбата за втората позиција во Лига 1. Гостите со голот на Пепе во шестата минута ја остварија деветтата овосезонска победа, додека нивниот голгетер го забележа 10-тиот гол во шампионатот.

Лил сега е зад ПСЖ со 30 бода, има 13 помалку од „светците“, додека со еден бод повеќе е пред денешниот противник.

Сане дава голови и со гради, Сити подобар од Ватфорд

Манчестер сити со конечни 2-1 славеше победа на гостувањето кај непријатниот Ватфорд. Избраниците на Пеп Гвардиола се изборија за вкупно 13-ти триумф по 15 средби во англискиот шампионат.

„Граѓаните“ очекувано од стартот притискаа, па го скршија отпорот на „стршлените“ во 40-тата минута од мечот. Марез со висока топка го пронајде Сане во шеснаесетникот, а Германецот го совлада Фостер упатувајќи удар со гради.

Гостите брзо стигнаа до втор гол во второто полувреме. Овојпат Марез беше во улога на стрелец, а за 2-0 погоди во 51-вата минута. Ватфорд се обидуваше да се врати во игра, а почесниот гол го постигнаа во 84-тата минута преку Дукуре.

Сити по 15 меча, стои цврсто на врвот на табелата во Премиер лигата со вкупно 41 бод, Ватфорд ќе остане на 11-тата позиција со 20 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x6yday7

Резултати Премиер лига 15. коло:

Борнмут – Хадерсфилд 2-1

Брајтон – Кристал палас 3-1

Вест хем – Кардиф 3-1

Франција рутинирано против Црногорките, Србија ја декласираше Данска

Домаќинките на ракометниот контитнентален собир, женската селекција на Франција, со убедливи 25-20 ја совлада Црна Гора. Французинките без поголеми проблеми ја остварија втората победа во групите, па како првопласирани од групата Б, ќе патуваат во следната фаза.

Победата практично ја осигураа по првите 30 минути. На паузата Франција замина со предност од 16-8, па до остатокот од средбата рутинирано го дочека крајот. Црногорките ќе играа во следната рунда, и покрај тоа што имаат два порази, понатаму ќе одат како трети, додека Русија е втора.

Од групата Б, претходно играше токму Русија, која беше изненадена од веќе елиминираната Словенија. Со конечни 29-27, словенечката репрезентација со победа се прости од шампионатот.

Србија со високи 30-25 ја совлада Данска, па со две победи и еден пораз ќе игра во следната рунда. Српската селекција ќе патува како прва од групата А, Данска како третопласирана обезбеди учество, а на второ место е Шведска, која претходно беше подобра од Полска со минимални 23-22.

НХЛ пак ќе се проширува, франшиза се гради во Сиетл

НХЛ ќе добие нов учесник од сезоната 2021/22. Нова франшиза ќе се создава во Сиетл, која ќе биде 32-риот член на Лигата. Потврдата пристигна по денешниот состанок на бордот на директори на Асоцијацијата, на кој едногласно се гласаше „за“ проширување на Лигата.

Новата франшиза од Сиетл ќе се натпреварува во Западната конференција, поточно во дивизијата на Пафицикот, додека Аризона којотс ќе се пресели во дивизијата Централ.

Основањето на франшизата ќе чини 650 милиони долари, или 30% повеќе од износот кој го плати Вегас голден најтс при нивното влегување во Лигата во 2017 година, кои воедно се и последниот тим со кој се прошири шампионатот на НХЛ.

Основачите на франшизата од Сиетл сакаа да започнат со натпреварување една година порано, но раководството на Асоцијацијата смета дека тоа не е возможно бидејќи „Киа арената“, во која ќе игра новиот тим, не е реконструирана во целост.

Во истата арена настапуваше кошаркарсниот тим на Сиетл суперсоникс, но откако франшизата се пресели во Оклахома во 2008 година, оттогаш во овој град нема елитен спортски клуб кој би се натпреварувал во зимскиот период.

Интересот за хокеј во Сиетл наеднаш порасна, па само еден час по одобрувањето за креирање на франшизата, продадени се 10.000 депозити за сезонски билети, додека на крајот таа цифра се зголеми на 25.000 билети.

https://twitter.com/NHL/status/1070001304184020992?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1070001304184020992&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FHokej%2FNHL%2Fa259998-Nova-fransiza-u-NHL-Sijetl-32.-clan-lige.html

Еден гол доволен за пласман на Валенсија во осминафиналето

Валенсија го обезбеди своето учество во осминафиналето на Кралскиот куп откако со минимални 1-0 го совлада нисколигашот Ебро. По овој реванш-меч, „лилјаците“ со вкупен резултат од 3-1 патуваат во следната фаза од шпанскиот куп.

За домаќините победата ја осигури Миши Батшуаји во 59-тата минута од средбата.

И Хетафе ќе игра во осминафиналето откако со убедливи 5-1 го декласираше тимот на Кордоба, па вкупниот резултат од овој двомеч гласи 7-1. За домаќините хет-трик постигна Анхел (43‘, 78‘, 80‘), а мрежата ја тресеа уште Портилјо во 19-тата, како и Ибањез во 49-тата минута.

Фалкао два пати сигурен од белата точка за триумф на Монако

Монако со 2-0 славеше на гостувањето кај Амиен, во мечот од рамките на 16-тото коло во Лига 1. Радамел Фалкао повторно им донесе триумф на „кнезовите“, по гостувањето кај Каен пред две кола, кога Колумбиецот го постигна единствениот меч на таа средба.

За разлика од тој меч, Фалкао сега на двапати беше прецизен од белата точка, прво во 43-тата минута од мечот, а потоа и во финишот на средбата.

Монако со четвртата овосезонска победа се израмни по бројот на бодови со четири други екипи во Лига 1. Каен, Монако, Дижон и Амиен, сите имаат по 13 бода, а фудбалерите на Тиери Анри го заземаат 17-тото месето на табелата.

Во вториот меч, кој се играше во 19 часот, Ница и Анже ремизираа без голови.

Блокотехна тргна со победа во БИБЛ-лигата

Блокотехна на домашен терен стартуваше со победа во БИБЛ-лигата, со конечни 89:74 е совладан тимот на Академик бултекс. Избраниците на Марјан Илиески без поголеми проблеми се изборија за премиерниот триумф, контролирајќи го резулатот уште од почетокот на средбата.

Поддршката од трибините добро им дојде на гевгеличани, па уште во воведните минути ја презедоа иницијативата. Во ниту еден момент не им дозволија на гостите да се приближат резултатски или да поведат.

Пред крајот на полувремето, Блокотехна стигна и до најголемата предност од +12 поени до тие моменти, но на паузата гевгеличани мораа да се задоволат со седум поени предност (50:43). Со истото темпо продолжија и во остатокот од средбата, а тројка на Данило Мијатовиќ на 3,16 минути до крајот ги реши сите дилеми на мечот.

Најзаслужен за победата на Блокотехна беше крилниот центар, искусниот Данило Мијатовиќ, кој реализираше високи 37 поени, Младеновиќ додаде 15 поени, а му недостасуваше една асистенција за дабл-дабл учинок. За екипата од Бугарија најефикасен беше Бачев со 21 поен и пет скока.

Во следното коло Блокотехна гостува кај Теута (11-ти декември), а седум дена подоцна пред своја публика ќе го пречека тимот на Башкими.

Ковачиќ нема иднина во Реал, ќе биде продаден на Челзи или на Тотенхем

Матео Ковачиќ, играчот за врска на Реал Мадрид кој  моментално е на заем во Челзи, веројатно ќе остане во Лондон и по крајот на оваа сезона. „Кралевите“ немаат намера да му ги исполнат желбите на Хрватот и да му гарантираат место во стартните 11, напротив, ќе се обидат да го продадат, односно ќе му дозволат да остане во редовите на Челзи доколку „сините“ ја исплатат посакуваната сума за неговите услуги.

Клубот од Лондон и претходно имаше намера во целост да го откупи Ковачиќ, бидејќи се задоволни од досега прикажаното на хрватскиот репрезентативец. Дури и на самиот фудбалер му се допаѓа таа идеја, добива поголема минутажа на „Стемфорд бриџ“, а воедно и Маурисио Сари има голема доверба во него.

Иако за Ковачиќ има интерес и од Тотенхем, „сините“ се во предност бидејќи тие веќе го имаат фудбалерот во своите редови, па можат да преговараат околу евентуален трансфер. Реал се надева дека ќе добие барем двојно од сумата која ја исплатија кога во 2015 година го купија Ковачиќ од тимот на Интер за цена од 30 милиони евра.

 

Роналдо доаѓа на „Бернабеу“! Ќе гледа Ривер – Бока заедно со Меси

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе се врати во Мадрид за првпат по неговата преселба од редовите на Реал во Торино. Португалецот ќе присуствува на реванш-средбата од финалето на Либертадорес купот помеѓу Ривер плате и Бока јуниорс, мечот кој ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ на деветти декември.

Како што најавуваат шпанските медиуми, на Роналдо ќе му се придружи и Лео Меси, па и двајцата ќе го проследат големото дерби од „ВИП“ собата на „Бернабеу“.

Роналдо во петок со неговиот Јувентус го пречекува Интер, во големото дерби од 15-тото коло во Серија А, додека Меси ден подоцна со Барса гостува во предградието кај Еспањол, градското дерби во рамките од 15-тото коло во Ла Лига.

И двајцата ќе бидат слободни за големото финале на Јужна Америка, кое неколку пати се презакажа, а подоцна и се премести надвор од Аргентина поради немирите во Буенос Аирес кои ги направија навивачите на Ривер. Мадрид и „Бернабеу“ се сметаат за идеално место да се одржи тој меч.