13.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025
Дома Blog Страница 9521

Спортска прогноза: Милан се залета, но дали ќе го победи Торино?

Минатата недела Милан ги израдува своите навивачи победувајќи ја Парма со 2-1. Благодарение на трите бода, но и на поразот на Лацио, „росонерите“ конечно успеаја да се најдат на четвртото место во Серија А, кое води во Лигата на шампионите. Иако има уште многу да се игра, оваа четврта позиција е една од најпосакуваните, ако се знае дека првото место уште од сега е речиси сигурно резервирано за Јувентус.

Следниот предизвик на Милан е средбата против Торино на „Сан Сиро“. Токму овој меч е и еден од 12-те кои се на понудата на Спортска прогноза во новото коло. Милан е речиси непогрешлив на свој терен сезонава. Во седум дуели има пет победи и по едно реми и пораз. „Росонерите“ се и фаворити против Торино, но и гостите имаат свој адут. Торино и Јувентус се единствените два тима без пораз на гостински терен. Нивниот боланс на гости е две победи и пет нерешени, па ќе биде многу интересно да се види дали ќе продолжи таа серија и по гостувањето на „Сан Сиро“.

Сите играчи на Спортска прогноза ќе имаат можност до почетокот на Барнли – Брајтон во сабота, во 16 часот, да ги дадат своите прогнози на понудените 12 мечеви. Понудата за ова коло е на дуели од топ 5 земјите каде што се игра најдобар фудбал во Европа.

Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник, кога ќе се одигра и последниот меч од ова коло меѓу Евертон и Ватфорд во 21 часот. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Серена Вилијамс се чекираше за Мелбурн, ќе атакува на осма титула на Отвореното првенство на Австралија

Серена Вилијамс ќе се врати на терените во Мелбурн и по едногодишна пауза, повторно ќе игра на Отвореното првенство на Австралија. Првиот Гренд слем во сезоната ќе се игра од 14-ти до 27-ми јануари, а Серена го потврди учеството.

Помладата од сестрите Вилијамс има 7 трофеи на австралиското тениско првенство, а лани не играше. Паузата беше поради породувањето.

Отвореното првенство на Австралија ќе го има 107-мото издание на турнирот, а титулите ќе ги бранат Каролина Возњацки кај дамите и Роџер Федерер во машка конкуренција.

Серена претходно ќе игра на Хопман купот, турнир што се игра во Перт.

 

Навивачите на Бока со фешта ги испратија фудбалерите кон Мадрид (Видео)

Реванш-мечот од финалето на Купот Либертадорес конечно ќе се одигра на деветти декември во Мадрид. Фактот дека дуелот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“, а не на „Монументал“ во Буенос Аирес, ја намалува големината на спектаклот. Сепак, навивачите на Бока се потрудија на вистински начин да ги испратат своите миленици кон Шпанија.

Илјадници фанови на Бока излегоа на улиците да ги испратат фудбалерите на Бока и им порачаа дека очекуваат да го доведат трофејот, наменет за најдобриот тим во Јужна Америка.

Првиот меч на „Ла Бомбонера“ заврши 2-2, што значи дека мора да има победник во реваншот. Ривер ќе ја има улогата на домаќин, но во финалето на Купот Либертадорес не важи правилото на даден гол во гости, што значи дека ако по 90 минути биде нерешено, ќе има дополнителна драма.

 

Азар доби понуда која нема да може да ја одбие

Реал Мадрид веќе две години се обидува да го доведе Еден Азар од Челзи. Најдобриот играч на лондонскиот тим е голема желба на Кралскиот клуб, но многу веројатно e дека ако Азар го облече дресот на Реал, ќе станат уште помали. Челниците на Челзи подготвија понуда за продолжување на договорот на Азар, кој ќе го направи да биде најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Челзи му нуди останување на Азар на „Стемфорд бриџ“ со неделна плата од неверојатни 300.000 фунти. Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, се надева дека Белгиецот ќе ја прифати оваа понуда.

„Знаете колку е Азар важен за нашиот тим. Тој е посебен играч. Од клубот му понудија нов договор, па сега останува тој да одлучи дали ќе го прифати. Знам дека преговорите траат веќе неколку недели, а доколку има нешто ново, сигурно тоа ќе го објавиме“, вели тренерот на Челзи, Сари.

Азар дојде во Челзи во 2012 година од тимот на Лил, а тогаш Белгиецот го одбра англискиот тим иако имаше понуда и од Реал Мадрид.

 

Мадрид очекува заработка од 25 милиони евра од Суперкласико

Мадрид е подготвен за суперспектаклот што неочекувано ќе го организираат во недела, а од реванш-мечот во финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер плате и Бока јуниорс заработката ќе биде околу 25 милиони евра, тврди професорот за маркетинг, Жаиме Фортуњо.

„Тоа е вистински спектакл што ќе привлече многу фудбалски симпатизери. Очекувам приходот што ќе го оствари градот Мадрид да биде околу 25 милиони евра. Половина од тие пари ќе се потрошат за сместување и за хотели, 20 проценти од заработката ќе имаат рестораните, а, секако, ќе има зголемена продажба на сувенири и слични трошоци што ќе ги направат гостите“, вели Фортуњо.

По инцидентите пред реваншот што требаше да се игра на стадионот „Ел Монументал“ на Ривер плате во Буенос Аирес, Јужноамериканската конфедерација доби понуда од Мадрид и ја прифати, реваншот да се игра на деветти декември, во недела, од 20.30 часот на „Сантијаго Бернабе“.

Најавена е зголемена безбедност поради опасните навивачи на двете екипи, а се очекува да бидат ангажирани околу 2 илјади припадници на силите за безбедност во Мадрид.

Првиот меч на „Ла Бомбонера“ заврши нерешено, 2-2, а во финалето на Копа Либертадорес не важи правилото за повеќе постигнати голови на гости при израмнет вкупен резултат, па би имало пенали ако и во Мадрид биде нерешено.

Прилепчани веруваат во чудо, решение на проблемите е елиминација на Шкендија во Купот

Победа со предност од 1-0 го почнува реванш-мечот со Шкендија денеска, во Битола, од 13 часот, а елиминација на актуелниот бранител на трофејот во Македонскиот куп би ги решил проблемите кај прилепчани.

Двете екипи зачестија со меѓусебните средби во последно време, а Победа приреди две изнанедувања против Шкендија, со триумф во првенството и во првиот меч од Купот. Но, потоа стигнаа и проблемите кај прилепчани.

Покрај тоа што долго играат како домаќини на различни стадиони низ Македонија, ги тресе и финансиска и резултатска криза. Нанижаа пет порази по ред, го сменија тренерот Мегленски, па поранешниот македонски репрезентативец Јане Николоски ќе се обиде да најде лек за елиминација на моментно најдобрата екипа кај нас.

Шкендија пред две недели ја надигра Победа на „Кукуш“ во Турново и ќе се обиде да стигне барем до идентичен триумф од 2-0, за да ја продолжи одбраната на круната во Купот.

Идентична предност како Победа има и Македонија Ѓорче Петров пред реваншот со Работнички. Скопското дерби ќе се игра на националната арена „Филип Втори“, исто така од 13 часот.

Во истиот термин Беласица во Струмица ќе се обиде да ја запечати предноста од 2-0 против Силекс по триумфот на првиот меч во Кратово, а два гола предност има и Академија Пандев против Кораб. Дебарчани се единствениот тим во октетот најдобри што не се прволигаши и ќе се обидат на свој терен да приредат подвиг и да анулираат негатива од 1-3.

 

 

Лукаку понижен пред дербито со Арсенал (Фото)

Ромелу Лукаку сезонава игра очајно. Белгискиот репрезентативец како да заборави да постигнува голови во дресот на Манчестер јунајтед, па навивачите на „Олд Трафорд“  уште го очекуваат неговиот прв погодок сезонава на домашен терен. Вечерва „црвените ѓаволи“ на свој терен го пречекуваат Арсенал, во дербито на Премиер лигата. За Лукаку тоа ќе биде 19-ти дуел сезонава. На досегашните 18 меча на кои настапи, Белгиецот успеа да даде само пет погодоци и сите беа на гостински терен.

Светски познатите обложувалници ја искористија слабата форма на Лукаку, па во пресрет на дербито против Арсенал понудија смешни понуди за обложување. Нудат коефициент 3,5 дека Лукаку ќе ја нагази топката и дека ќе падне, како што му се случи на претходниот дуел против Саутемптон.

https://youtu.be/g2yIQ-sOylM

Се нуди коефициент 6 дека Лукаку ќе биде заменет уште во првото полувреме, а за коефициент 8 може да се обложите дека еден од шутевите на Лукаку кон противничкиот гол ќе заврши во АУТ. Дека нема да има ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, коефициентот е 4,5, а дека воопшто нема да биде стартер, е со реален коефициент 3.

Дека Лукаку ќе асистира, но за погодок на Арсенал има коефициент 34, а за постигнување автогол на Лукаку се нуди коефициент 51.

На Лукаку останува вечерва да докаже дека овие смешни коефициенти само го мотивирале да го постигне првиот погодок сезонава на „Олд Трафорд“, и тоа во дуелот со еден од најголемите ривали.

 

Вчера ви понудивме добитно ливче, но дали го уплативте?

Доколку ги препишавте сите пет понуди од типстерските совети за вчерашните натпревари, сега ќе имавте добитно ливче. Петте натпревари кои ви ги предложивме се покажаа како 100 отсто точни.

Тоа беше комбинација од трите „Квоти на денот“ што ги нудат во обложувалниците на Sport Life, плус две сигурни средби. Петте средби заедно правеа 32,76 коефициент, што значи дека само за 100 вложени денари ќе имавте добивка од 50 евра.

Во добитните пет меча се најдоа:

Амиен – Монако (0-2 конечен резултат), а нашиот тип беше Х2&2-4 (2.35)

Ватфорд – Манчестер сити (1-2), а нашиот тип беше Х2&ГГ (2.10)

Хетафе – Кордоба (5-1, полувреме 2-0), а нашиот тип беше  1+I&3+ (2.00)

Сампдорија – СПАЛ (2-1), а нашиот тип беше 2-3 гола (1.93)

Вест хем – Кардиф (3-1), а нашиот тип беше 1 (1.72)

За целосната анализа на тие пет меча може да проверите ТУКА.

Денеска очекувајте нови Типстерски совети, тоа е можност да одберете уште некој сигурен меч за обложување во Sport Life, каде што ги има трите понуди за „Квоти на денот“.

На Маркес му беше оперирано рамото, закрепнувањето ќе трае шест недели

Марк Маркес ја направи предвидената операција на левото рамо, па шпанскиот возач ќе мора да оди на рехабилитација која ќе трае до шест недели. Актуелниот првак во „кралската класа“ кон крајот на изминатиот шампионат имаше проблеми со рамото, поради што мораше да оди „под нож“.

Операцијата ја направи во Институтот за трауматологија и спортска медицина во Каталонија, додека процесот на закрепнување ќе го врши во својот роден град Сервери. Се предвидува Маркес да биде подготвен за претсезонските тестирања на патеката „Сепанг“ во Малезија, во пресрет на новата сезона која ќе започне на 10-ти март, 2019 година.

Возачот на Хонда сезонава ја освои петтата светска титула во Мото ГП, додека таа му беше вкупно седма во кариерата.

 

 

Дончиќ и повреден е незадржлив во НБА (Видео)

Лука Дончиќ само по еден меч пауза поради повреда на ногата, се врати на теренот во НБА и повторно беше незадржлив. Тинејџерот го предводеше Далас до триумф во дуелот против Портланд од 111:102. Дончиќ беше најефикасен играч во победничкиот тим и постигна 21 поен, од кои дури 14 беа во второто полувреме. На Лука му недостасуваше само еден скок за да има дабл-дабл, а запиша и три асистенции.

Пред почетокот на мечот, Дончиќ ја доби наградата за најдобар дебитант на Западот за ноември. „Многу ми значи оваа награда. Тоа ми е мотивација да продолжам да работам уште понапорно и да се борам да го направам тоа за коешто знам дека можам да го постигнам. Имам уште многу да ѝ покажам на НБА“, рече Дончиќ.

Лука веќе го доби и прекарот Малиот Леброн поради начинот на неговата игра и немоќта на противниците да го сопрат.

Резултати: Индијана – Чикаго 96:90, Мајами – Орландо 90:105, Далас – Портланд 111:102, Феникс – Сакраменто 105:122, Јута – Сан Антонио 139:105.