18.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025
Дома Blog Страница 9598

Лео Меси е „душман“ за англиските екипи

Барселона ја продолжи одличната низа кога гостува кај екипи од Англија. Синоќа во Лондон против Тотенхем стигна до деветтата победа на 12 гостувања на англиското тло. Најголема заслуга за ваквиот биланс е играта на Лионел Меси против англиските клубови.

Аргентинецот против Тотенхем даде два гола и ја продолжи неверојатната статистика. Меси сега има 21 гол и шест асистенции кога противници му се екипи од колевката на фудбалот. Синоќа дури во второто полувреме реши да се „разбуди“, бидејќи првите два гола беа дело на Кутињо и Ракитиќ.

На Меси најтешко му е кога игра против Челзи. Со овој лондонски клуб мака мачеше неколку години да му даде гол, но за негова среќа, тој малер го скрши минатата сезона, па на двете средби успеа да постигне три гола во мечевите од нокаут-фазата, кога Каталонците го елиминираа премиерлигашот.

Само Италија има два лидера во групите од Лигата на шампионите

Италија е единствената држава која има две екипи кои се првопласирани во своите групи од Лигата на шампионите во фудбал. Јувентус и Наполи се лидери во своите групи, а и Интер и Рома имаат реални шанси да се пласираат во осминафиналето и да потврдат дека италијанскиот клупски фудбал полека се враќа на старите патеки.

Во второто коло, кое се играше вчера и завчера, сите четири италијански тимови извојуваа победи.

Од друга страна, четирите англиски екипи засега се „резервирани“ и никоја од нив не е прва во својата група. Ливерпул имаше прилика да биде прв во можеби најтешката група во ЛШ, но примениот гол во финишот и поразот од Наполи му ги расипа сметките на тренерот Јирген Клоп.

Вистински куриозитет е што свој лидер во групите по двете рунди имаат Германија, Шпанија, Португалија, Холандија, Франција и Русија. Сликата може да се смени по наредното или во следните две кола, но во моментов постои голема разноликост и тоа е добро за европскиот клупски фудбал.

Лери Браун тргна со пораз во Еврокупот

Франкфурт скајлајнерс го совлада ФИАТ Торино со 88:85 по продолжението во мечот од првото коло на Еврокупот и со тоа на легендарниот Лери Браун му го нанесе првиот пораз како предводник на италијанскиот тим.

Браун, кој има 78 години, засега е единствениот тренер во историјата на кошарката кој има титули во НБА и НЦАА-лигата, па реши да се испроба и во Европа. Иако во тимот донесе шест свои сонародници, Торино беше поразен на стартот на Еврокупот.

За германскиот тим, заврши серијатa од неверојатни 26 порази по ред во ова натпреварување, во кое немаа играно од 2012, а последната победа ја имаа во 2004 година.

Во синоќешните мечеви, лошо минаа екипите од АБА-лигата. Морнар загуби дома од Уникс Казан со убедливи 74:97, Цедевита беше надиграна од Лимож со 82:68, а Партизан беше поразен од Тренто со 82:73.

Вашингтон со среќна седумка ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Националната хокејарска лига во САД, Вашингтон капитолс, со победа од 7-0 над Бостон бруинс стартуваше во новата сезона. Оши и Кузнетсов веќе по еден час и 47 минути постигнаа по еден гол, за да му го донесат најбрзото водство од 2-0 на еден бранител на титулата на премиерен меч од новата сезона.

Хокеарите на Вашинготн, предводени од Александар Овечкин, дури четири пати ја искористија предноста на играч повеќе за да постигнат гол, а недостижното водство од 6-0 го направија уште во втората третина од мечот. Елер во последниот период ги постави конечните 7-0.

Претходно, во првиот натпревар од вечерната програма, Торонто го совлада ривалот Монтреал со 3-2 по продолженија. Гостите први стигнаа до предност преку Леконен, а Торонто преку Метјуз израмни на 1-1 во првата третина. Двете екипи погодија по еднаш и во втората третина, а по оние 0-0 во решавачкиот период, мечот се продолжи за дополнителни шест минути, во кои Торонто стигна до победа со вториот гол на Метјуз на мечот.

Ванкувер на домашен терен беше подобар од Калгари флејмс со 5-2, а четири од петте погодоци ги постигнаа во третата третина, додека Анахејм со идентичен резултат славеше на гостувањето кај „ајкулите“ од Сан Хозе.

Ливерпул не упати прецизен удар, за прв пат по 12 години во ЛШ

Наполи дури во последната минута го скрши отпорот на Ливерпул и победи со 1-0. Лоренцо Инсиње е херојот на „наполитанците“, откако успеа да ја затресе мрежата на Ливерпул во 90-тата минута и да донесе голема радост за домашните фанови.

За тоа колку Ливерпул беше очаен, покажува и податокот дека гостите не упатија ниту еден прецизен удар што ќе оди во рамките на голот на Наполи. На англискиот тим вакво нешто во Лигата на шампионите му се немаше случено од ноември 2006 година, во поразот од Бенфика со 0-1.

Тренерот на гостите, Јирген Клоп, беше многу лут, а имаше и зошто. Неговиот тим важи за еден од најофанзивните во Европа, а против Наполи, неговите напаѓачи не го ни „видоа голот“ на домаќините.

Ламела влезе во историјата на ЛШ – стрелец е на 8.000-тиот гол

Тотенхем загуби на свој терен од Барселона со 2-4, но играчот на домаќините, Ерик Ламела, влезе во историјата на Лигата на шампиони.

Според статистиката, токму Ламела со погодокот што го даде во 66-тата минута е стрелец на јубилејниот 8.000-ти погодок во историјата на Лигата на шампиони. Ова може да биде само мала утеха за Ламела, бидејќи лондончани постојано бркаа негатива.

Голот што го даде Филип Кутињо во 92-рата секунда од средбата е најбрзиот погодок на Барселона постигнат на гостински терен во ЛШ. Евроголот на Ракитиќ е 600-ти погодок за Барселона во елитната лига на УЕФА, вклучувајќи ги и квалификациите.

Свое шоу на овој меч имаа и Жорди Алба и Серхио Бускетс. Алба стана само втор дефанзивец кој успеал да асистира за три гола на еден меч во ЛШ. Претходно тоа му имаше успеано само на Филип Лам, во дресот на Баерн Минхен во 2012 година. Играчот од средниот ред на Барселона, Бускетс, имаше 67 додавања на средбата и сите 67 му беа прецизни.

Во Ѕвезда се чудат како игра ПСЖ: Многу беа брзи, нивниот пресинг беше фантастичен

Црвена ѕвезда ја почувствува силата на 800 милиони евра вредниот тим на Пари Сен Жермен. Францускиот првак на дуелот во Париз победи со убедливи 6-1. Нејмар даде хет-трик, од кои два погодоци беа постигнати од слободен удар.

По мечот, тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, ги кажа своите импресии.

„Разликата во класи беше видлива. Ова е големо искуство за нас. Ова е топ ниво. Лига на шампиони, а игравме против екипа која е фантастична. Импресиониран сум од нивниот пресинг и ќе се обидеме да научиме нешто од овој пораз. Многу беа брзи играат фантастично“, рече тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ.

Меси е главен и во Лондон, Наполи во 90-тата минута го урна Ливерпул (Видео)

94-та минута – Коке погоди за 3-1 во Мадрид за Атлетико против Бриж.

https://youtu.be/S5lzxdGQwUA

92-ра минута – Марко Ројс ја потврди победата на Борусија Дортмунд.

https://youtu.be/waXh4AZpoW4

90-та минута – Голема радост за Наполи. Инсиње погоди за водство од 1-0 против Ливерпул.

https://youtu.be/hTEp-BgZ9PI

90-та минута – Меси ги урна сите надежи на Тотенхем. Аргентинецот со вториот гол на мечот стави точка во победата на Барселона во Лондон.

https://youtu.be/h9p-CzcZunw

72-ра минута – Пако Алкасер промаши пенал за Борусија Д. во 69-тата минута, но само три минути подоцна, се коригираше и погоди за водство од 2-0 на „милионерите“ во дуелот против Монако.

https://youtu.be/j3md3J7_lP8

67-ма минута – Со вториот гол на мечот, Гриезман го враќа Атлетико во предност против Бриж.

https://youtu.be/h_taldiF0Eo

66-та минута – Ламела со гол од далечина погоди за 2-3 и враќање на неизвесноста на дуелот Тотенхем – Барселона.

https://youtu.be/YOwwigWAZKc

60-та минута – За пресврт во Ајндховен, Икарди погоди и Интер води со 2-1.

https://dai.ly/x6uogwr

56-та минута – По две стативи, Лионел Меси конечно погоди за 3-1 за Барселона.

https://youtu.be/OAD5JEAepx0

52-ра минута – Кој друг ако не Хари Кејн. Тотенхем намали на 1-2 против Барселона.

https://youtu.be/-ae2Q4VImxU

51-ва минута – Ларсен влезе на почетокот на вториот дел и само по шест минути поминати на теренот, погоди за водство на Борусија Дортмунд против Монако.

https://youtu.be/F3PivPepmdY

49-та минута – По еден корнер, Марега со глава погоди за водство на Порто против Галатасарај.

https://youtu.be/js_xWeTZfV0

НА ПОЛУВРЕМЕ: Атлетико Мадрид – Бриж 1-1, Борусија Д. – Монако 0-0, Наполи – Ливерпул 0-0, Порто – Галатасарај 0-0, ПСВ – Интер 1-1, Тотенхем – Барселона 0-2.

44-та минута – По Бриж, сега и Интер израмни. На гостувањето кај ПСВ, Најнголан е стрелец на голот.

https://youtu.be/3HQZ3REd9uk

40-та минута – Бриж не признава традиција против Атлетико и со неверојатен гол стигна до 1-1.

https://youtu.be/jzNt1eb921w

28-ма минута – Антоан Гриезман најавува дека Атлетико треба да слави против Бриж. „Јорганџиите“ водат со 1-0.

https://youtu.be/PrvOldPg3EE

28-ма минута – Иван Ракитиќ со прекрасен волеј удар од околу 20 метри носи водство од 2-0 за Барселона против Тотенхем.

https://youtu.be/92-Q62g29rg

27-ма минута – Во дуелот на двата поранешни клуба на некогашната бразилска легенда Роналдо, ПСВ во Ајндховен води со 1-0 против Интер. Стрелец на голот е Росарио.

https://youtu.be/W7xaoru4_Z0

20-та минута – Барселона ја отвори серијата погодоци многу брзо, но тоа засега е и единствениот гол на шесте меча кои во моментов се играат во елитната лига на УЕФА.

2-ра минута – Првиот гол на шесте мечеви кои стартуваа од 21 часот е постигнат во Лондон. Барселона само по 93 секунди од почетокот на мечот, поведе со 1-0 на гостувањето кај Тотенхем. Кутињо на асистенција на Алба го доведе каталонскиот гигант во водство.

https://youtu.be/GKB_9vCfpf0

Кочов: Овие играчи гинат за МЗТ

По триумфот над Борац, тренерот на МЗТ Скопје го пофали карактерот на неговите играчи и играта во одбрана, а посака во иднина на трибините да има уште повеќе публика и атмосферата да биде како во времето кога тој го носеше дресот на МЗТ.

„Игравме против многу цврст ривал, но одбраната ни беше одлична. Примивме само 57 поени, 54 да не беше тројката во последната секунда. Го правевме она што го работиме на тренинг. Благодарност до навивачите, тие ценат борбеност и пожртвуваност, макар и да се загуби. Се надевам дека ќе се врати публиката. Лигата е силна, ова е само втор меч, но титулата ќе пробаме да ја зграпчиме со две раце. Не сакав да ризикувам со Симоновски, кој има повреда. Иванов со свиткана нога играше цело полувреме, и тоа кажува за карактерот. Овие играчи гинат за клубот“, рече Кочов.

„Сите игравме добро, и стартерите и резервите. Во втората и третата четвртина се одлепивме, и потоа беше полесно“, рече Лестер Медфорд.

„Морам да му честитам на МЗТ, кој апсолутно заслужи победа. Знаев дека Скопје не е терен на кој ќе се вадиме за поразот во првото коло, но разочаран сум од играта. Немавме доволно енергија, бековите направија само еден фаул, а дозволивме да примиме многу лесни поени и потоа тешко е да се вратиш по негатива од 15 поени. Лигата е појака од лани, ни фали важен играч, па мораме да импровизираме и да го поправиме пропуштеното. Атмосферата беше убава, мило ми е што Скопје доби ваква сала, тоа е предуслов за развој на играчи“, рече тренерот на Борац, Јовица Арсиќ.

Хет-трик на Нејмар, катастрофа на Црвена ѕвезда, победа на Шалке 04 (Видео)

Напаѓачите на Пари Сен Жермен беа расположени за голови, сите дадоа најмалку еден за победата од 6-1 против Црвена ѕвезда. Вечерва блескаше Нејмар со хет-трик и со два прекрасни голови од слободен удар. По еден погодок си запишаа и Кавани, Ди Марија и Мбапе.

Почесниот погодок за Црвена ѕвезда, прв во ЛШ по 26 години, го постигна Марко Марин.

https://www.youtube.com/watch?v=mHOCuE–1O4

Во последен момент, во Москва се разбуди германскиот Шалке 04 и со голот на Вестон Мекени во 88-мата минута победи со 1-0.

https://www.youtube.com/watch?v=nVXvAQTDCpc

Од 21 часот почнуваат уште шест дуели од второто коло во фазата по групи во ЛШ.