26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025
Дома Blog Страница 9618

Рибери го знае патот до титулата: Само да бидеме здрави

Поранешниот францускиот репрезентативец Франк Рибери верува во своите и во квалитетите на соиграчите на Баерн, а целта да се освои европската круна по пауза од шест години е остварлива само под еден услов, вели одличното крило.

„Лани не сардисаа повреди и тоа беше клучниот фактор да не успееме да стасаме до врвот на Европа. Посакувам само да нема повреди, во другото сум убеден. Знам дека имаме квалитет за титулата во ЛШ“, изјави Рибери.

Рибери и Робен, или популарното дуо „Робери, се како старо вино и сè уште се неприкосновени на двете крилни позиции во Баерн. Рибери има 35 години, една повеќе од Робен, а искуството на дуото е непроценливо во вакво натпреварување.

Баерн и пред почетокот на премиерниот меч во ЛШ, вечерва во Лисабон против Бенфика има сериозни кадровски проблеми, па оттаму јасно е зошто Рибери посакува што помалку повреди. Надвор од редовите се Коман, Рафиња, Хумелс и Толисо, а неизвесен е и настапот на Горецка. Мечот ќе се игра од 21 часот.

 

Сè што треба да знаете за денешните мечеви во ЛШ

АЈАКС – АЕК (18.55 ч.)

Грците нема што да бараат во Амстердам

АЕК за прв пат по 2006 година е дел од групната фаза. Грците немаат речиси никаква историја во ЛШ, за разлика од Ајакс, кој е четирикратен европски првак. Тимот од Амстердам е во одлична форма и нема пораз од 15-ти април (11 победи и три нерешени).

Искусните Клас-Јан Хунтелар и Душан Тадиќ се во гол-форма, а тоа сигурно нема да ги радува Грците. Тадиќ има шест гола на последните осум меча, а Хунтелар погоди шест пати на четирите последни натпревари.

АЕК ги има загубено сите претходни пет гостувања во Холандија, па ништо поразлично не се очекува да биде и вечерва.

Предлог тип: 1 & 2-3 гола (2.80)

 

ШАХТАР – ХОФЕНХАЈМ (18.55 ч.)

Дебитантот одбра лошо место за сефте

Дуел на две екипи кои негуваат напаѓачки фудбал. Главен адут на Шахтар се Бразилците, кои ги има шестмина во составот. Украинците се речиси редовни во елитата, додека за Хофенхајм ова ќе биде дебитантски меч во групна фаза од ЛШ.

Не само што досега немаат одиграно ниту еден меѓусебен меч туку и Хофенхајм прв пат за ривал има тим од Украина. За гостите овој меч е во лош момент, бидејќи дури седуммина фудбалери сигурно нема да играат, а двајца се неизвесни. И кај Шахтар ќе фалат Бразилците Дентињо и Велингтон, но имаат соодветни замени.

Шахтар е многу силен дома (иако не игра на матичниот стадион н.з.), а тоа го покажа и ланската сезона во ЛШ, кога ги доби сите четири меча, и тоа против ривали какви што се Наполи, Манчестер сити, Феенорд и Рома.

Предлог тип: 1-1 (3.10)

 

БЕНФИКА – БАЕРН МИНХЕН (21 ч.)

Кога играат во Лисабон, ремито е загарантирано

Бенфика уште ја чека првата победа против Баерн Минхен. Во претходните шест меча има три ремија и три порази. Интересно е што сите три нерешени се на теренот во Португалија. Баерн во Лисабон нема пораз на пет гостувања.

Според составите, традицијата и играта, Баерн е фаворит, но во тимот на Нико Ковач има неколку повредени. Коман, Толисо, Алкантара и Рафиња се повредени, а во екипата се враќа Рибери. И без повредените, Баерн има играчи кои треба да одговорат на предизвикот.

Бенфика лани имаше очаен настап во ЛШ и ги загуби сите шест средби. Португалците сега веруваат дека уште против Баерн може да стигнат до бод, а посебно ги радува фактот дека Баерн на последните 14 гостувања секогаш прима барем по еден гол.

Предлог тип: 2-3 гола (2.10)

 

МАНЧЕСТЕР С. – ОЛИМПИК ЛИОН (21 ч.)

Сити да ја оправда улогата на прв фаворит

Манчестер сити никогаш не играл ниту во финалето на ЛШ, а сезонава е прв фаворит за трофејот. Тоа е така поради играчите кои ги има и поради формата во која е екипата на Пеп Гвардиола.

Мангала и Де Бројне се повредени кај домаќините, а Марсел и Гуири нема да играат за Лион. Според традицијата, Лион е почесто во Европа, но тоа нема да има некоја улога вечерва. „Граѓаните“ негуваат офанзивен фудбал, а и Лион повеќе сака да нападне отколку да се брани.

Двата клуба лани ја поминаа групната фаза, што покажува дека се работи за квалитетни состави, па и затоа може да се очекува беспоштедна битка на градскиот стадион во Манчестер.

Предлог тип: 1&4+ (1.97)

 

ВИКТОРИЈА П’ЛЗЕЊ – ЦСКА МОСКВА (21 ч.)

Мини-болницата во ЦСКА е шанса за домаќинот

Овој пар можеби повеќе звучи како средба од Лигата на Европа, но ова ќе биде нивна трета битка во последните пет години во ЛШ. Во 2013 година беа во истата група, а тогаш секој клуб си ја искористи предноста на домашен терен за да победи.

Делува изненадувачки, но П’лзењ ги има добиено последните шест меча на свој терен во европските натпреварувања. Домаќините немаат никакви пролбеми околу составот, додека ЦСКА ќе биде без четворица повредени, а двајца се неизвесни.

Предлог тип: 0-2 гола (1.71)

 

РЕАЛ МАДРИД – РОМА (21 ч.)

Реал сака „кралска“ претстава

Дербито на денот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Реал три сезони по ред е освојувач на ЛШ, а Рома е полуфиналист од минатата сезона. Кралскиот клуб е најтрофеен во ЛШ, но за неговиот тренер Хулен Лопетеги ова ќе биде дебитантски настап во елитата.

На претходните 10 меѓусебни средби, Реал се радувал шест пати, а Рома победила на три дуели. Без Кристијано Роналдо во тимот, Бејл и Бензема се тие кои треба да ја преземат одговорноста да даваат голови за Реал.

Рома најавува формација 4-3-3, што значи дека нема да се брани, па може да се очекуваат голови.

Предлог тип: 3-5 гола (1.67)

 

ВАЛЕНСИЈА – ЈУВЕНТУС

Роналдо повторно е во Шпанија, таму му „лежи“ да дава голови

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, италијанскиот првак влезе меѓу главните фаворити за трофејот. Португалската ѕвезда три меча се мачеше да даде гол за „старата дама“, но во вистински момент проработи. Погоди два пати во победата над Сасуоло, а сега верува дека низата ќе продолжи и во ЛШ.

Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 125 погодоци. Дополнителен мотив за него сигурно ќе биде и фактот дека синоќа Лионел Меси даде хет-трик за Барселона, па сега сите очекуваат тој да возврати со иста мерка.

Предлог тип: 2&3+ (3.40)

 

ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

„Црвените ѓаволи“ треба да се радуваат против дебитантот

Швајцарскиот Јанг бојс ќе ја има честа на свој терен да дебитира во групната фаза од ЛШ, и тоа против Манчестер јунајтед. Самиот пласман на Јанг бојс меѓу најдобрите 32 екипи е голем успех.

Швајцарците немаат никогаш играно против Манчестер, а кога се работи за дуели со англиски екипи, имаат биланс од една победа, реми и четири порази. Манчестер е голем фаворит, но треба да алармира фактот дека „црвените ѓаволи“ ги загубија последните две средби во Швајцарија.

Предлог тип: 2&2-3 гола (3.35)

Франк де Бур: АЕК залудно дојде, Ајакс ќе победи со 3-0

Грчкиот шампион АЕК се враќа на големата сцена, по 12 години пауза, повторно ќе игра во Лигата на шампионите, но според Франк де Бур, Грците залудно доаѓаат во Амстердам.

„Ајакс ќе победи со 3-0 бидејќи е многу подобар тим од АЕК. Мислам дека имаме шанси и за второто место во групата, бидејќи и Бенфика не е непобедлива“, изјави поранешниот капитен на Ајакс.

Тој го предводеше тимот пред 14 години против АЕК на двата меча во фазата по групи и тогаш популарните „копјаници“ славеа два пати, на гости со 2-1 и дома со 2-0. Грците потоа повторно играа во ЛШ, две години подоцна, и тоа им беше последен настап до овој што ќе го почнат со гостување во Амстердам, вечерва од 18.55 часот.

Во групата со Ајакс, АЕК и Бенфика, главен фаворит за првото место е германскиот гигант Баерн Минхен.

 

Бизнис-партнерите Роналдо и Лим не се познаваат на „Месталја“

Питер Лим вечерва ќе навива за победа на Валенсија против Јувентус, но и за добар настап на неговиот бизнис-партнер Кристијано Роналдо во дресот на „старата дама“.

На „Месталја“ од 21 часот ќе се игра еден од дерби-мечевите од вториот ден во премиерното коло во Лигата на шампионите, а ќе се сретнат старите пријатели и партнери.

Лим е сопственик на Валенсија, иако од него не се премногу задоволни во таборот на популарните „лилјаци“, особено не навивачите на клубот. Вечерва на некој начин тој ќе има конфликт на интереси, бидејќи против неговиот тим ќе игра Кристијано Роналдо. Играч со кој Лим има договор за маркетишншко застапување на сите права на пазарот на Азија.

Договорот меѓу Лим и Кристијано е потпишан во 2015 година и важи до 2021 година. Милијардерот од Сингапур му беше на гости на Роналдо при потпишувањето на договорот со Јувентус летово, тежок над 100 милиони евра. Ги спојуваат бизнисот и заедничкиот интерес, но вечерва на жешката „Месталја“ барем 90 минути ќе бидат противници.

Реал против Рома да докаже дека тимот не бил само Роналдо

Реал Мадрид создаде доминација каква што не се памти откако е формирана Лигата на шампиони. Кралскиот клуб три сезони по ред се искачува на европскиот трон, а вечерва ќе го започне походот кон четвртиот пехар во низа.

Првиот предизвик на мадриѓаните ќе им биде Рома. Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ започнува во 21 часот. Многумина ова го нарекуваат почеток на нова ера за Реал, ера без Кристијано Роналдо во составот. Предводникот на „кралевите“ во изминативе неколку сезони летово си замина и сега најтрофејниот европски клуб е пред голем тест. Треба да докаже дека играта на екипата не зависела само од Кристијано.

Освен Роналдо, во Реал го нема ниту тренерот Зинедин Зидан, кој од клупата беше предводникот во претходните три сезони. Со Зидан на чело, Реал немаше ниту една елиминација и заврши со перфектен биланс од три трофеи. На местото на Зидан дојде Хулен Лопетеги, кој е под притисок бидејќи сите очекуваат Реал да го задржи високиот ритам на игра.

Рома е тим кој минатата сезона покажа дека има потенцијал за висок дострел. „Римската волчица“ лани стигна до полуфиналето во ЛШ, каде што само за еден гол беше елиминирана од Ливерпул и не дочека финале против Реал. Римјани немаат големи промени во тимот и се очекува да покажат дека може да бидат достоен ривал на актуелниот првак, иако средбата се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако го нема Роналдо во Реал, мадриѓаните се големи фаворити и се очекува со победа да стартуваат во новата сезона. Во SPORT LIFE обложувалниците коефициентот за победа на домаќините е 1.33, додека ремито вреди 5,75. Малку веројатно е дека Рома може да направи сензација на „Сантијаго Бернабеу“, па затоа „двојката“ е со коефициент 8.00.

И Реал и Рома се познати по офанзивната игра, па се очекува гледачите да се радуваат на погодоци. Дека ќе има 0-2 голови коефициентот е 3.30, а за 4+ варијанта се дава коефициент 1.85.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

* Овие два тима досега во ЛШ се сретнале 10 пати. Реал има шест победи, Рома се радувала три пати, а еден меч завршил без победник. Гол разликата е 19:9 во корист на мадриѓани.

* Реал во дуелите со италијанските ривали има 35 победи, 11 нерешени и 26 порази, додека Рома против екипи кои доаѓаат од Шпанија на 32 средби има 11 победи, 16 порази и пет нерешени.

* Рома во елитната лига на УЕФА може да се пофали само со едно финале, додека Реал е рекордер со 13 титули.

* На „Сантијаго Бернабеу“ Реал има 34 победи во последните 42 средби. Во овој период има само два порази, и тоа од Шалке (4-3 во 2015) и минатата сезона од Јувентус (1-3).

 

Хрватска останува без ѕвездата на НБА, Богдановиќ се простува

Хрватска има минимални шанси да игра на следното Светско првенство во кошарка по двата порази, од Литванија и од Полска, а веќе се најавува вистински егзодус од повлекувања на кошаркарите.

Прва најава дојде од ѕвездата на НБА, Бојан Богдановиќ, кој вели дека не знае дали некој и воопшто ќе остане и ќе продолжи да игра.

„Ако не се случи чудо, ние практично би се вратиле на големата сцена во 2021 година за Европското првенство. Тоа е долг период и не верувам дека ќе играм повеќе за репрезентацијата. Се обидовме, но не ни одеше“, изјави Богдановиќ.

Шансите на Хрватска за пат во Кина на Мундијалот сега се само теоретски и зависат и од останатите резултати во квалификациите. За селекција со четворица играчи на НБА во составот елиминацијата е голем несупех, па Хрватите стравуваат дека многумина од сегашниот состав ќе го следат примерот на Богдановиќ и ќе се простат од настапите во репрезентацијата.

 

Мане му ја „скрши кичмата“ на Нејмар (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Пари Сен Жермен со 3-2, а на теренот на „Енфилд роуд“ беше понижен и најскапиот фудбалер во светот, Нејмар. Бразилецот не само што не даде гол туку се покажа и како очаен во дефанзивните работи.

Во еден момент на мечот, Нејмар требаше да внимава на Садио Мане, кој беше во напад. Бразилецот не само што не успеа да го сочува противникот туку остана и со „скршена кичма“.

https://youtu.be/CsT5jNnM7IU

 

Цела „Маракана“ се поклони на шампионите од 1991 година, Панчев беше отсутен (Видео)

Црвена ѕвезда повторно е дел од фудбалска елита и дел од Лигата на шампионите. По пауза од речиси три децении, белградскиот тим играше во групната фаза од елитното натпреварување на УЕФА. На преполниот стадион „Рајко Митиќ“ домаќините успеаа да извлечат реми против фаворизираниот Наполи.

Со овој резултат, играчите на оваа генерација на Ѕвезда само покажаа дека секогаш е тешко да се победи во Белград. Пред средбата со Наполи, на теренот се појави и „златната“ генерација на Ѕвезда, која во 1991 година триумфираше во тогашниот Куп на шампионите, а на популарната „мала Маракана“ беше донесен најзначајниот клупски трофеј во Европа.

Во тој шампионски тим на Ѕвезда имаше и двајца Македонци. Илија Најдоски беше столбот во одбраната, а Дарко Панчев е играчот кој го даде решавачкиот пенал во финалето против Олимпик Марсеј во Бари. Во таа генерација беа и прославените Дејан Савичевиќ, Роберт Просинечки, Синиша Михајловиќ, Драгиша Биниќ, Рефик Шабанаџовиќ, Миодраг Белодедиќ…

На синоќешната церемонија и потсетување на трофејот од 1991 година, на стадионот во Белград се појави Најдоски, но не присуствуваше Дарко Панчев. Легендите на Ѕвезда добија овации и аплаузи, бидејќи тоа што го направија пред 27 години, засекогаш ќе се памти.

https://youtu.be/P4cL98QjAm4

Шахтар си ја најде среќата во Харков

Фудбалерите на Шахтар подолго време не можат да играа на својата „Донбас арена“ поради конфликтот во Регионот, но брзо си ја пронајдоа среќата.

По речиси тригодишните настапи на „Лвов арената“, од 2014 до 2016 година, лани се преселија во Харков и не знаат за пораз во Лигата на шампионите.

Во минатото издание на луксузното натпреварување ги добија сите четири натпревари на домашен терен, па Харков полека, но сигурно се претвора во бедем што не се освојува. Лани, Шахтар редум нанижа победи како домаќин против Наполи, Феенорд и Манчестер сити во групната фаза, а потоа ја победи и Рома во осминафиналето.

Денеска гостин на „Металист арената“ во Харков гостин ќе им биде германскиот претставник Хофенхајм, против кого Шахтар е фаворит и ќе атакува на петта победа во Лигата на шампионите во својот нов бастион.

Клоп: Пред 2-3 години ќе бевме аутсајдери против ПСЖ, сега е поинаку

Ливерпул ја продолжи победичката серија во новата сезона. По петте триумфи во Премиер лигата, синоќа „црвените“ се радуваа и во Лигата на шампионите. Во дербито на денот, Ливерпул во драматичен меч со 3-2 славеше против Пари Сен Жермен. Французите се меѓу фаворитите и за освојување на трофејот, но на „Енфилд роуд“ потклекнаа.

„Сè беше прекрасно. Игравме храбро и со многу страст. Добро се браневме и не му дозволивме на противникот да ја покаже силата. Против тим каков што е ПСЖ не може да играш со 95 отсто од силите. Мора да играш максимум за да имаш шанси да победиш. Ако овој меч се одиграше пред 2-3 години, многумина ќе кажеа дека Ливерпул е аутсајдер и дека нема да има шанси. Сега е поинаку“, вели задоволно тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Ливерпул имаше предност од 2-0, но потоа „светците“ стигнаа до 2-2 и се чинеше дека ќе биде нерешено, Сепак, во 92-рата минута Фирмино погоди за ерупција на домашните навивачи и продолжување на победничката низа на англискиот гигант.