23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025
Дома Blog Страница 9617

Алегри: Ако имаше ВАР, Роналдо немаше да биде исклучен

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше задоволен што неговиот тим стартуваше со победа во Лигата на шампионите, и тоа на тешкото гостување кај Валенсија. Италијанскиот првак победи со 2-0 благодарение на двата погодока на Пјаниќ од пенал.

Иако Јувентус победи со голови постигнати од белата точка, Алегри беше незадоволен од судењето, односно од одлуката на арбитерот Феликс Брих да го исклучи Кристијано Роналдо во 29-тата минута.

„Одигравме навистина добро. Уште пред исклучувањето на Роналдо, имавме неколку шанси за погодок, а потоа и заслужено поведовме. Дури во последните минути од мечот му дадовме повеќе простор на противникот, но тоа е нормално, ако се знае дека играчите беа уморни. На „Месталја“ не е лесно да се игра. Валенсија е добар тим и има одлична публика, која многу им помага на нивните миленици. Добро е што црвениот картон не смени ништо во играта. Мислам дека ако судијата имаше шанса да искористи системот ВАР и да гледа повторена снимка, немаше да го исклучи Роналдо. Имаме право да се чувствуваме оштетени“, рече Алегри по победата на Јуве од 2-0 во Шпанија.

Најдобриот кадар за тоа што направи Роналдо за да биде исклучен

Кога летоска дојде во Јувентус, Кристијано Роналдо најави дека негова главна цел ќе биде да ја донесе титулата од Лигата на шампионите во Торино. Сепак, наместо блескаво деби во елитната лига на УЕФА во дресот на „старата дама“, Роналдо на теренот помина помалку од половина час.

Португалецот беше исклучен по еден контакт со противничкиот играч. Многумина сметаат дека црвениот картон бил престрого доделен. Сами оценете дали одлуката на судијата Брих е исправна или престрога.

Волеј за паметење – Велкоски го „копираше“ Зидан (Видео)

Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски со прекрасен волеј во стилот на легендарниот погодок на Зинедин Зидан од финалето на ЛШ во 2002 година му донесе победа на Сараево во меч од купот на БиХ.

Велкоски како да сакаше да го копира Зидан и погоди речиси на идентичен начин против Вележ. Сараево победи со тој гол и обезбеди пласман во осминафиналето.

Шампионот им покажа заби на „волчицата“ и на конкурентите

Реал Мадрид со победа над Рома ја почна одбраната на титулата во Лигата на шампионите и покажа дека и сезонава, во која според многумина е ослабен, ќе има што да каже во натпреварувањето кое го освојуваше во претходните три години.

Герет Бејл има постигнато 10 гола во последните 10 натпревари за Реал, Иско даде гол од слободен удар, кој ќе конкурира за најубав во првото коло, иако во живиот ѕид на Рома беа играчи високи 190 или повеќе сантиметри, а убав гол на дебито сезонава постигна Маријано Дијаз, кој ќе му биде конкуренција на Карим Бензема.

Навивачите на Реал пред мечот му дадоа гласни овации на Гркот Костас Манолас, човекот кој во минатата сезона ја елиминираше Барселона постигнувајќи го третиот гол за Рома во победата од 3-0. Утеха за Рома е што другите два тима во оваа група одиграа нерешено.

Мадридските фанови, кои се сеирџиски настроени, може да се радуваат што Кристијано Роналдо доби црвен картон, нешто што не му се случи во ЛШ додека го носеше дресот на Реал. Јуве и без исклучениот Роналдо славеше кај Валенсија, со пеналите на Миралем Пјаниќ. Роналдо во кариерата добил 11 црвени картони. Ако УЕФА го казни со два меча неиграње, Португалецот нема да може да настапи на гостувањето кај неговиот ексклуб Манчестер јунајтед.

Манчестер сити имаше 7 победи и 1 реми на претходните осум домашни мечеви во групната фаза, но вечерва беше шокиран од Лион. „Граѓаните“ имаа големи амбиции, но составот на Пеп Гвардиола во првото коло не покажа дека е кадарен да го нападне европскиот врв. Гвардиола не беше на клупата, туку на трибините бидејќи одработи суспензија.

Резултати: Ајакс – АЕК 3-0, Шахтар – Хофенхајм 2-2, Бенфика – Баерн 0-2, Манчестер сити – Лион 0-1, П’лзењ – ЦСКА 2-2, Реал Мадрид – Рома 3-0, Валенсија – Јувентус 0-2, Јанг бојс – Манчестер јунајтед 0-3.

Прв бод за Металург во СЕХА

По трите порази во првите три кола, екипата на Металург конечно го освои првиот бод, но треба да жали што не го победи Извиѓач. Средбата заврши 27-27, а Металург во последните десетина секунди имаше напад за победа, но ја загуби топката и шансата отиде во неврат.

„Металурзите“ имаа предност од 14-12 по првото полувреме, иако во два наврати имаа и плус пет (11-6 и 12-7). Сепак, македонскиот тим имаше контрола врз случувањата на теренот во „Борис Трајковски“. Второто полувреме не почна како што посакуваа домашните, Извиѓач се разигра и направи пресврт, па во 43-тата минута резултатот беше 21-19 за босанскиот тим.

Во последните пет минути се влезе со нерешени 25-25 и веќе стана јасно дека ако има победник, разликата нема да биде поголема од 1 до 2. На крајот, двата тима дојдоа до првиот бод сезонава. Подмладениот Металург е тим со најмногу примени голови во регионалната лига.

Во првиот денешен меч од СЕХА-лигата, Нексе дома беше многу подобар од Железничар и славеше со 34-25. Со таа победа Нексе се изедначи со Вардар на врвот со по 12 бода од 4 кола.

Сампдорија и Фиорентина не сакаа да загубат

Екипите на Сампдорија и Фиорентина одиграа 1-1 во меч од италијанската лига, што за двата тима е прв нерешен исход сезонава во Серија А. И домашните и гостите како да не сакаа да ризикуваат и се плашеа од пораз, па се задоволија со по еден бод.

„Виолетовите“, кои вечерва играа во зелени дресови, водеа по првото полувреме откако поведоа со голот со глава на опасниот Џовани Симеоне. Конечните 1-1 ги постави Капрари на половина час до крајот на средбата. Фиорентина имаше повеќе шанси и шутеви, но резултатот не се смени по изедначувањето.

Сампдорија се наоѓа на четвртото место, а Фиорентина е петта. И едните и другите имаат по седум бода, колку што има и Сасуоло. Во следното коло, Самп во Џенова го пречекува Интер, додека Фиорентина го пречекува СПАЛ, кој е најпријатното изненадување сезонава.

Бостон и Калгари ги натераа Кинезите да навиваат на хокеј

Екипите на Бостон бруинс и Калгари флејмс одиграа егзибициски меч во главниот град на Кина, Пекинг, а според посетата на трибините, и хокејот на мраз има потенцијал да стане популарен спорт во Кина.

Ова го потврди и кошаркарот Трејси Мек Грејди, кој беше во „Кадилак арената“ и откако лично се увери во растот на популарноста на кошарката, смета дека и хокејот може да стане популарен во државата со најголем број жители на светот.

Бостон победи со 3:1, Џејк Де Бруск со два гола беше најдобар поединец и прикажа форма како да е среде натпреварувачка сезона во НХЛ, а не подготвителен период. Одличен беше и голманот Тука Раск со 28 одбрани. Во саботата, Бостон на пенали беше подобар од Калгари во Шенџен, а сега имаат 4 победи во четири контролни средби.

Азар, Луиз и Ковачиќ останаа во Лондон, Сари со „резерви“ против ПАОК

Челзи во Солун допатува без главните ѕвезди, Еден Азар, Давид Луиз и Матео Ковачиќ, кои мечот против ПАОК ќе го проследат во Лондон, пред своите ТВ екрани. Менаџерот Маурисио Сари одлучи да ги одмори своите адути за првиот натпревар од Лигата на Европа, што нагласува дека утрешната средба не му е во преден план на италијанскиот стратег.

На „сините“ им следуваат уште две гостувања по ова во Солун. Во рамките од шестото коло во Премиер лигата против Вест хем, меч кој е закажан за сабота, а веќе во среда гостуваат на „Енфилд“ против Ливерпул, во дерби-пресметката од третото коло во Карабао купот.

Што се однесува за почетниот состав за натпреварот против ПАОК, Сари најверојатно ќе ротира во одбраната и средината, па ќе им даде шанса на Кејхил и Кристенсен, односно повратникот Фабрегас и младиот Лофтус-Чик, а нема да биде изненадување да стартува и Виктор Мозес на десната крилна позиција.

Пелистер ангажираше и трет Американец

Пелистер го најави новото засилување за оваа сезона, во редовите на битолскиот тим пристигна Дејвид Бурел. Американецот доаѓа од Ист Тенеси Стејт Универзитетот, а игра на позицијата крило. Бурел е третиот американски кошаркар во редовите на Пелистер, претходно се договорија со Тај Херис и Фил Рендолс.

За Бурел ова ќе биде прво европско искуство, минатата сезона за својот тим на колеџот настапи на 68 натпревари, каде што имаше просек од седум поени и 4,8 асистенци по натпревар. Од него се очекува да има значајна улога и да му помогне на тимот да ги оствари целите за оваа сезона.

Погледнете ги сите погодоци од вечерашните натпревари во Лигата на шампиони (видео)

*Крај на натпреварите: На сите осум натпревари вечерва се постигнаа вкупно 24 погодоци

Бенфика 0-2 Баерн Минхен

Манчестер сити 1-2 Олимпик Лион

Викторија П’лзењ 2-2 ЦСКА Москва

Реал Мадрид 3-0 Рома

Валенсија 0-2 Јувентус

Јанг бојс 0-3 Манчестер јунајтед

18.55 часот

Ајакс 3-0 АЕК Атина

Шахтар Донецк 2-2 Хофенхајм

*ГООООООООООООЛЛЛЛЛ 95′ ЦСКА Москва во судиското наподолнување успева да изедначи против П’лзењ на 2-2

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛ 92′ Маријано го крунисува своето второ деби за Реал Мадрид со погодок, 3-0

https://www.dailymotion.com/video/x6tvjai

*ГОООООООООЛЛЛЛЛЛЛ 66‘ Манчестер сити успева да ја намали предноста на Лион преку Бернардо Силва, 1-2

https://www.dailymotion.com/video/x6tvi4n

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 66‘ Марсијал става точка на натпреварот, Јунајтед води со 0-3 против Јанг бојс

https://www.dailymotion.com/video/x6tvi4t

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛ 58′ Герет Бејл погодува за 2-0 во корист на Реал против Рома

https://www.dailymotion.com/video/x6tvhpz

*ГОООООООООООООЛЛЛЛЛ 54‘ Баерн зголемува на 0-2 против Бенфика со голот на Ренато Санчез

https://www.dailymotion.com/video/x6tvhib

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛ 51‘ Пјаниќ втор пат прецизен од белата точка, Јуве води 0-2 на „Месталја“

https://www.dailymotion.com/video/x6tvhfb

*ГОООООООООЛЛЛЛЛЛЛ 49‘ ЦСКА Москва успеда да го намали водството на П’лзењ, за 2-1 погоди Чалов

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛ 45′ Јувентус со играч помалку стигна до водство од 0-1 против Валенсија, Пјаниќ прецизен од пенал

https://www.dailymotion.com/video/x6tvgbm

*ГОООООООООЛЛЛЛЛЛ 45‘ Иско погодува за 1-0 во корист за Реал Мадрид против Рома

*ГОООООООООЛЛЛЛЛЛ 44′ Фекир го зголемува водството за Лион на 0-2 против Манчестер сити за молк на „Етихад“

https://www.dailymotion.com/video/x6tvgv4

*ГОООООООООООЛЛЛЛ 44′Манчестер јунајтед води со 2-0 откако Погба беше прецизен од белата точка

https://www.dailymotion.com/video/x6tvg6u

*ГООООООЛЛЛЛЛЛ 41′ Крменчик двоен стрелец за П’лзењ, домаќините водат со 2-0 против ЦСКА Москва

*ГООООООООООООЛЛЛЛЛ 36′ Манчестер јунајтед стигнува до водство од 0-1 против Јанг бојс со погодокот на Пол Погба

https://www.dailymotion.com/video/x6tvfr6

*30′ Директен црвен картон за Кристијано Роналдо, Португалецот се обиде да го удри дефанзивецот на Валенсија Мурило, но го промаши, а судијата Брих поради неспортско однесување го исклучи од натпреварот

*ГОООООООООЛЛЛЛЛЛ 29′ П’лзењ води со 1-0 против ЦСКА Москва со голот на Крменчик

*ГОООООООООООООЛЛЛЛЛ 26′ Лион изненадува против Манчестер сити, Корне стрела за 0-1

*24′ Сами Кедира не може да го продолжи натпреварот, се жали на повреда. Ќе го замени Емре Џан

*22′ Нето со сензационална одбрана го спречи ударот на Бернардески од непосредна близина, Јуве можеше лесно да стигне до погодок

*22′ Рашфорд не успеа да погоди за Јунајтед, по центаршутот на Шо

*17′ Кедира го утна цел гол во обид да донесе водство за Јуве

*11′ Манџукиќ испушти солидна шанса за Јувентус, промаши на неколку метри пред голот, неговиот удар замина над голот на Валенсија

*ГООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛ 10′ Баерн Минхен води на гостувањето во Лисабон против Бенфика, Левандовски погодува за 0-1

*8′ Хоару можеше да донесе сензационално водство за Јанг Бојс против Манчестер јунајтед, но, неговиот удар со глава не беше прецизен

*4′ Герет Бејл се најде во шанса по одличното додавање од Крос, но Велшанецот не успеа да ја затресе мрежата откако топката помина непосредно до десниот дирек

*Крај на натпреварот Шахтар – Хофенхајм, двете екипи поделија по еден бод, 2-2 (Исмаили 27′, Мајкон 81′ ; Грилич 6′, Нордвеит 38′)

*Крај на натпреварот Ајакс – АЕК Атина, домаќините победија со 3-0 (Талјафико 46′, 90′, Ван Де Бик 77′)

*ГООООООООООЛЛЛЛЛЛ 90′ Талјафико става точка на натпреварот со својот втор гол, Ајакс води 3-0 против АЕК

https://www.dailymotion.com/video/x6tvd8a

*ГООООООЛЛЛЛЛЛ 81′ Шахтар повторно израмнува, резултатот е 2-2 против Хофенхајм со евро – голот на Мајкон

https://www.dailymotion.com/video/x6tvcmm

 

*ГОООООООЛЛЛЛЛЛ 77′ Ајакс зголемува на 2-0 против тимот на АЕК, стрелец на погодокот е фудбалерот кој втрча на теренот пред петнаесетина минути, Дони Ван Де Бик.

https://www.dailymotion.com/video/x6tvc7f

 

*70 минута во тек, Шахтар засега не успева да изедначи против Хофенхајм, Ајакс потполно ја презеде контролата на мечот по водечкиот гол против АЕК.

Шахтар Доњецк 1-2 Хофенхајм; Ајакс 1-0 АЕК Атина

*Oфицијални состави:

Валенсија – Јувентус

Валенсија: Нето, Везо, Габриел, Мурило, Гаја, Солер, Парехо, Вас, Гуедеш, Родриго, Батшуаји.

Јувентус: Шчешни, Кансело, Кјелини, Бонучи, Сандро, Пјаниќ, Кедира, Матуиди, Манџукиќ, Бернардески, Роналдо.

Јанг бојс – Манчестер јунајтед

Јанг бојс: Вон Балмус, Мбабу, Камара, Вон Берген, Бенито, Со, Саного, Сулејмани, Фасначт, Асале, Хоару.

Манчестер јунајед: Де Хеа, Далот, Линделоф, Смолинг, Шо, Матиќ, Погба, Фред, Марсијал, Рашфорд, Лукаку.

Манчестер сити – Олимпик Лион

Манчестер сити: Едерсон, Вокер, Стоунс, Стерлинг, Гундоган, Лапорт, Делф, Б. Силва, Д. Силва, Фернандињо, Габриел Жезус.

Лион: Лопес, Рафаел, Денајер, Марсело, Менди, Ауар, Шеик, Ндомбеле, Корне, Депај, Фекир.

*ГОООООООООЛЛЛЛЛЛ 46‘ Ајакс поведува со 1-0 против АЕК со голот на Талјафико

https://www.dailymotion.com/video/x6tvay8

 

*Oфицијални состави: 

Реал Мадрид – Рома

Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Касемиро, Крос, Модриќ, Иско, Бејл, Бензема.

Рома: Олсен, Флоренци, Фацио, Манолас, Коларов, Де Роси, Нзонзи, Заниоло, Ел Шарави, Ундер, Џеко.

Викторија П’лзењ – ЦСКА Москва

Плзен: Козачик, Хубник, Хорава, Лимберски, Копич, Резник, Крменчик, Хрошовски, Коварик, Колар, Перница.

ЦСКА Москва: Акинфеев, Фернандеш, Чернов, Влашиќ, Чалов, Џагоев, Набабкин, Ефремов, Бијол, Родриго, Облаков.

Бенфика – Баерн Минхен

Бенфика: Влачодимос, Грималдо, Жардел, Диас, Алмеида, Фејса, Пици, Фернандес, Салвио, Церви, Сеферовиќ.

Баерн Минхен: Нојер, Кимих, Хумелс, Боатенг, Алаба, Мартинез, Санчез, Робен, Хамес, Левандовски.

*Kрај на првото полувреме, резултатите по првите 45 минути се: Ајакс – АЕК Атина 0-0; Шахтар Доњецк 1-2 Хофенхајм

*ГООООООООООЛЛЛЛЛЛ 38′ Хофенхајм повторно води, за 1-2 против Шахтар голот го постигна Нордвеит

https://www.youtube.com/watch?v=8wXCt-h1Ri8

 

*35 минута во тек, АЕК засега е „тврд орев“ за фаворизираниот Ајакс, и натаму резулатот е 0-0

*ГОООООООООООЛЛЛЛ 27′ Шахтар израмнува на 1-1 против Хофенхајм, Исмаили носи радост за домашната публика

https://www.youtube.com/watch?v=f3FpCyNCanc

 

*17 минута во тек, мрежите мируваат на „Јохан Кројф“ арената

*ГООООООООЛЛЛЛЛ  6′ Хофенхајм води со 0-1 против Шахтар, Грилич погоди за својот тим при првата шанса на натпреварот

https://www.dailymotion.com/video/x6tv77s

 

*Сѐ е подготвено за првите два натпревари од вториот ден од првото коло во Лигата на шампионите. Средбите Ајакс – АЕК Атина и Шахтар Доњецк – Хофенхајм почнуваат во 18:55 часот, познати се и официјалните почетни состави за двата меча. Во почетните 11 нема изненадување кај ниту една екипа, сите сакаат со победа да го започнат своето учетсво во најелитното европско натпреарување.

 

Ајакс – АЕК Атина

Ајакс: Онана, Мазрауи, Де Јонг, Блинд, Талјафико, Зиеч, Шуне, Еитинг, Тадиќ, Нерес, Хунтелар.

АЕК: Баркас, Чосиќ, Лампропулос, Оиконому, Хулт, Симоеш, Галанокопулос, Бакакис, Манталос, Понс.

Шахтар Доњецк – Хофенхајм

Шахтар: Пјатов, Бутко, Кочолава, Ракитски, Исмаили, Степаненко, Алан Патрик, Марлос, Болбат, Мораеш.

Хофенхајм: Бауман, Кадерабек, Нордвеит, Вогт, Пош, Шулц, Грилич, Битенкурт, Крамариќ, Залаи, Жоелинтон.