35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025
Дома Blog Страница 9619

Англиски нисколигаш растура со продажба на дресови во Шпанија

Тазе формираниот англиски клуб Клаптон ЦФЦ погоди во целта со изборот на дресовите, а продажбата им оди одлично, и тоа во Шпанија.

Симболот на клубот е борбата на шпанските Републиканци против диктаторот Франко во шпанската граѓанска војна, а тоа допре до Иберискиот Полуостров и оттаму стаса нарачка на над 5 илјади дресови на Клаптон.

Интересно е што раководството на Клаптон беше изненадено од големината на порачките, па сега не прима повеќе побарувања за дресовите на клубот.

Заработката досега им е околу 60 илјади фунти, што е одлична сума за тазе формиран клуб од пониските лиги во Англија.

Погледнете ги сите погодоци од мечевите во ЛШ! (Видео)

* Црвена ѕвезда издржа да не прими гол против Наполи и освои бод на „Рајко Митиќ“. Тоа беше и единствениот меч вечерва на кој немаше ниту еден погодок.

* ГОООЛЛЛ Галатасарај – Локомотив М. 3-0 – И со играч помалку, домаќините со голот на Инан во 94-тата минута стигна до нов погодок.

* ГОООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 3-2 – Фирмино со гол во 92-рата минута донесе победа за Ливерпул.

https://youtu.be/bDp4MdLzvVU

* ГОООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 2-2 – Салах згреши на средината на теренот, а ПСЖ брзо се трансформираше во напад и со голот на Мбапе стигна до израмнување во 83-тата минута.

* ГОООЛЛЛЛ  Бриж – Борусија Д. 0-1 – Германскиот фаворит во 85-тата минута го скрши отпорот на домаќините. Погоди Пулишиќ за радост на „милионерите“.

https://youtu.be/Xg7lX-K7hqg

* ГООООЛЛЛ Шалке – Порто 1-1 – По промашениот пенал во првиот дел, гостите сега погодија од белата точка. Отавио во 75-тата минута погоди за реми.

https://youtu.be/ItTKDBRos1M

* ГОООЛЛЛЛ Галатасарај – Локомотив М. 2-0 – Турците се пред освојување на три бода, откако Дердијок во 67-мата минута ја удвои предноста.

* ГОООЛЛЛЛ Шалке – Порто 1-0 – Откако гостите промашија пенал во првиот дел, домаќините сега казнија. Емболо погоди во 64-тата минута за водство.

* Црвена ѕвезда имаше само 82 додавања во првите 45 минути на мечот против Наполи, но и по 60 минути поминати на средбата во Белград, резултатот е 0-0, иако гостите жестоко напаѓаат.

* ГООООЛЛЛЛ Монако – Атлетико М. 1-2 – Мадриѓани прават целосен пресврт на гостувањето и по заостанувањето од еден гол, сега со погодокот на Хименез во 45+1 минута, стигнаа до предност на полувремето.

https://youtu.be/88xWvxZGQ2U

* ГООООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 2-1 – Мение со погодок во 41-вата минута носи надеж за гостите од Париз.

* ГООООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 2-0 – Џејмс Милнер со погодок од пенал набрзина го удвои водството на англискиот тим.

* ГООООЛЛЛ Ливерпул – ПСЖ 1-0 – Даниел Стариџ донесе ерупција на „Енфилд роуд“ погодувајќи со глава во 31-вата минута.

* ГОООЛЛЛЛ Монако – Атлетико 1-1 – Гостите од Шпанија не чекаа многу за да израмнат. Во 31-вата минута погоди Диего Коста за израмнување.

* ГООООЛЛЛЛ Монако – Атлетико М. 1-0 – Со голот на Грандсир во 18-тата минута, францускиот тим поведе против „јорганџиите“.

* Порто преку Телес пропушти шанса да поведе на гости кај Шалке. Гостинскиот играч во 13-тата минута промаши пенал, односно голманот на Шалке го одбрани неговиот удар.

* ГООООЛЛЛ Галатасарај – Локомотив М. 1-0 – Турскиот гигант е првиот кој погоди во мечевите од 21 часот. Родригез погоди во деветтата минута за радост на домашните фанови.

* Неверојатна кореографија направија навивачите на Црвена ѕвезда, и тоа низ целиот стадион „Рајко Митиќ“. Српскиот првак од 21 часот игра против Наполи.

https://www.youtube.com/watch?v=HY3Eqg73LGY

* ГОООООЛЛЛЛ Интер – Тотенхем 2-1 – Со гол во 92-рата минута Интер стигна до пресврт и победа против Тотенхем. Вечино со глава погоди за неверојатен пресврт во Милано.

https://youtu.be/rZfRvQdv66Q

* ГОООООЛЛЛЛ Барселона – ПСВ 4-0 – Лионел Меси на фантастичен начин ја започна новата сезона во ЛШ. Со голот во 87-мата минута го комплетираше хет-трикот против холандскиот тим.

https://youtu.be/-HjvdYvLgd8

* ГООООЛЛЛЛЛ Интер – Тотенхем 1-1 – Мауро Икари со прекрасен волеј удар од околу 20 метри погоди за делириум на „Џузепе Меаца“.

* ГОООООЛЛЛЛ Барселона – ПСВ 3-0 – Веднаш по голот на Дембеле, Барселона повторно се радуваше, а стрелец беше Меси во 77-мата минута.

* ГООООООЛЛЛЛ Барселона – ПСВ 2-0 – Тоа што не му успеа на Суарес, го направи Дембеле. Во 75-тата минута прифати една топка и со одмерен удар надвор од шеснаесетникот ја затресе мрежата на гостите.

* Барселона може да жали што не води со 2-0, откако ударот на Луис Суарес во 68-мата минута заврши само во пречката од голот на ПСВ.

* Познати се составите и на останатите шест меча кои ќе стартуваат од 21 часот. Во Белград, стадионот е исполнет до последно место, а интересно е тоа што Наполи во стартниот тим ќе биде без двете големи ѕвезди Хамшик и Мертенс. Тренерот Карло Анчелоти реши да ги одмори на клупата за резерви.

* ГОООООЛЛЛЛЛ Интер – Тотенхем 0-1 – Англискиот тим со голот на Кристијан Ериксен поведе со 1-0 против Интер. Погодокот е во 53-тата минута.

* На двата меча кои се играат во моментов започна второто полувреме, а тренерите не направија ниту една измена досега.

* Интер упати дури шест шута кон голот на Тотенхем, но само еден беше во рамките и тој го одбрани гостинскиот голман. Англискиот тим ја имаше теренската доминација и по првите 45 минути е со 59 отсто посед на топка.

* Полувреме: Барселона со голот на Меси води со 1-0 против ПСВ Ајндховен, додека на дуелот Интер – Тотенхем мрежите мируваа по првите 45 минути.

* ГООООЛЛЛЛ Барселона – ПСВ 1-0 – Меси од слободен удар од околу 18 метри биеше, а голманот беше немоќен. Во 31-вата минута од средбата, Меси успеа на своето конто да го запише и 30-тиот клуб против кој дал гол во ЛШ.

* Половина час измина од стартот на ЛШ, но мрежите во Милано и Барселона мируваат. Сите четири екипи речиси и да не создадоа чиста шанса за погодок.

* Барселона има 77 отсто посед на топката, создаде неколку шанси, но и по 20 минути нема голови.

* Во 13-тата минута, Ериксен со шут од околу 30 метри, од слободен удар можеше да го доведе Тотенхем во водство, но голманот на Интер го одбрани ударот на данскиот репрезентативец.

* Кутињо во 10-тата минута ја имаше најдобрата шанса за Барселона во досегашниот дел од средбата на „Камп ноу“.

Интер по пауза од 2.380 денови повторно е дел од Лигата на шампиони.

ПСВ Ајндховен последната победа на гости во ЛШ ја забележа во 2007 година против Спартак во Москва.

Барселона има 24 победи на последните 26 меча на „Камп ноу“ во Лигата на шампиони. Последниот пораз пред своите навивачи на Каталонците е од мај 2013 година од Баерн Минхен (0-3).

Тотенхем има само една победа на 9 гостувања во Италија. Се имаат радувано против Милан на „Сан Сиро“ со 1-0. Во останатите осум меча имаат 4 порази и 4 реми.

СОСТАВИ

Интер – Тотенхем 

Стадион „Џузепе Меаца“ од 18.55 часот

Интер – Хандановиќ, Де Вреј, Асамоа, Шкрињар, Весино, Брозовиќ, Наинголан, Перишиќ, Политано и Икарди.

Тотенхем – Ворм, Орие, Санчез, Вертонген, Дејвис, Даер, Дембеле, Ериксен, Сон, Ламела и Кејн.

 

Барселона – ПСВ Ајндховен

Стадион „Камп ноу“ од 18,55 часот

Барселона – Тер Штеген, Роберто, Алба, Умтити, Пике, Бускетс, Ракитиќ, Кутињо, Дембеле, Суарес, Меси.

ПСВ Ајндховен – Зот, Тасенде, Виргевер, Шваб, Дамфрис, Росарио, Хендрикс, Переиро, Лозано, Бергвајн и Де Јонг.

Конечно дојде денот кога стартува Лигата на шампиони. Денеска на програмата се осум мечеви, а со утрешните осум средби ќе се комплетира првото коло од елитното натпреварување на УЕФА.

Лигата на шампионите ќе стартува во двата нови термини: 18:55 часот и 21 часот. Првите два меча со кои ќе биде означен почетокот на елитното натпреварување се: Барселона – ПСВ Ајндховен и Интер – Тотенхем. Сите голови, најинтересни моменти од овие два меча може да ги следите тука.

Подоцна, од 21 часот ќе се играат уште шест дуели, и тоа: Бриж – Борусија Дортмунд, Црвена ѕвезда – Наполи, Галатасарај – Локомотив Москва, Ливерпул – ПСЖ, Монако – Атлетико Мадрид и Шалке – Порто. И од овие шест средби ќе ви ги пренесеме сите промени на резултати и најинтересни моменти. Затоа следете Спортманија.мк

 

 

 

 

Меси ја брка својата 30-та „жртва“ во Лигата на шампионите

Лионел Меси вечерва ја стартува својата 15-та сезона во Лигата на шампионите. Во досегашните 125 одиграни средби, Аргентинецот има постигнато точно 100 голови. Барселона денеска на својот „Камп ноу“ го пречекува холандскиот ПСВ Ајндховен, а Меси ќе има посебен мотив да даде гол.

ПСВ е клуб против кој досега Меси нема дадено гол. Токму затоа Лео ќе се обиде во својата листа на клубови против кои се радувал на погодоци да го вметне и холандскиот противник. Досега Меси има погодувано против 29 различни клубови и е на третото место на оваа листа на ЛШ.

Доколку успее да ја затресе мрежата на ПСЖ, капитенот на Барселона ќе биде третиот играч во „клубот 30“. Голови на најмногу различни клубови има дадено легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко. Тој е рекордер со голови постигнати против 33 различни клубови. Веднаш зад Раул е Кристијано Роналдо. Португалецот, кој изминативе девет сезони ги помина во Реал, се има радувано против 32 различни клубови.

Арсенал е „омилениот“ клуб на Меси. На „топчиите“ тој им има дадено девет погодоци. Најмногу гола на еден меч Аргентинецот даде против Баер Леверкузен, кога пет пати ја тресеше мрежата на германскиот ривал.

Десеткуван е Тотенхем – Во стартниот состав ги нема Љорис, Али, Трипиер….

Тотенхем и дефинитивно ќе игра со драстично ослабен состав, без четворица стандардни фудбалери, против Интер во еден од двата премиерни дуели во Лигата на шампионите.

Кај лондончаните во почетниот состав ги нема голманот Љорис, потоа и бекот Трипиер, офанзивниот играч за врска Али и вториот бек Алдервејрелд.

Интер ќе атакува со сите сили на победа против ослабениот гостин од Англија, а кадровски проблеми немаат ниту Барселона и ПСВ Ајндховен за дуелот на „Камп ноу“ од 18.55 часот.

Состави:

Стадион „Џузепе Меаца“ од 18,55 часот

Интер – Хандановиќ, Де Вреј, Асамоа, Шкрињар, Весино, Брозовиќ, Најнголан, Перишиќ, Политано и Икарди.

Тотенхем – Ворм, Орие, Санчес, Вертонген, Дејвис, Дајер, Дембеле, Ериксен, Сон, Ламела и Кејн.

Стадион „Камп ноу“ од 18,55 часот

Барселона – Тер Штеген, Роберто, Алба, Умтити, Пике, Бускетс, Ракитиќ, Кутињо, Дембеле, Суарес, Меси.

ПСВ Ајндховен – Зот, Тасенде, Виргевер, Шваб, Дамфрис, Росарио, Хендрикс, Переиро, Лозано, Бергвајн и Де Јонг.

 

Рамос: На Роналдо му посакуваме сè најдобро, сè додека патиштата не ни се спојат

Реал Мадрид е клубот кој три сезони по ред доминираше во Лигата на шампионите. Сепак, оваа сезона Кралскиот клуб ќе биде без неговата најголема ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус. Капитенот на Реал, Серхио Рамос вели дека мадридскиот гигант мора да продолжи во ист стил и да ги има истите амбиции.

„Горди сме поради освоените три титули по ред во Лигата на шампионите. Мораме да ги задржиме истите амбиции“, вели Рамос, кој е свесен дека без Роналдо нема да биде така лесно. „Кристијано одбележа една ера во Реал, но ние не може да живееме од спомените на него. Му посакуваме сè најдобро, сè додека патиштата не ни се спојат. Животот тече понатаму. Ние мора да градиме нов стил на игра и на друг начин да стигнуваме до победите. Мораме да веруваме дека и оваа сезона може да стигнеме до титулата во Лигата на шампиони“, потенцираше Рамос.

Одбраната на тронот Реал ќе ја започне утре, и тоа на свој терен во дуел против Рома.

Шкрињар: Кејн е многу опасен, ќе го нема 20 минути и одеднаш ќе ви даде гол

Милан Шкрињар игра сè подобро за Интер, а вечерва од 19 часот веројатно и ќе дебитира за „нераѕурите“ во Лигата на шампионите против Тотенхем.

Во еден од дерби-мечевите во првото коло во ЛШ, Шкрињар ќе има тешка задача да го сопре Хари Кејн, опасниот шпиц на Тотенхем. Мечевите меѓу италијанските и англиските екипи секогаш носат посебен шарм, а и вечерва се очекува неизвесен и добар дуел меѓу Интер и Тотенхем.

„Се радувам на почетокот на Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе дебитирам денеска. Ќе мора да внимаваме посебно на Кејн. Тој е малку и чуден профил на напаѓач. Може да го нема нигде на теренот и цели 20 минути, а потоа наеднаш да ви даде гол. Се надевам на деби, и тоа да биде победничко“, вели Словакот.

Мечот ќе почне во 18.55 часот, како премиерен во ова издание на Лигата на шампионите, со дуелот меѓу Барселона и ПСВ Ајндховен на „Камп ноу“.

Аутсајдерите најефикасни пред стартот на ЛШ

Црвена ѕвезда влегува во елитното натпреварување, во фазата по групи во Лигата на шампионите, како најефикасен состав од сите учесници. Секако, се бројат головите постигнати во домашните шампионати, а „црвено-белите“ се на врвот на континентот со 22 погодоци.

Денеска на „Маракана“, или како што стадионот се нарекува „Рајко Митиќ“, ќе имаат шанса ефикасноста да ја потврдат на дело против, исто така, напаѓачки ориентираниот тим на Наполи.

Зад „црвено-белите“, по бројот на голови е ПСВ Ајндховен, екипа која има тежок тест денеска на „Камп ноу“ против Барселона. Бергвајн, Лозано, Переиро и останатите играчи на холандскиот претставник досега постигнаа 21 гол во домашното првенство и вкупно 13 во последните две кола.

По нив следи украински Шахтар со 20 погодоци, а Украинците ќе играат утре во ЛШ, против Хофенхајм. Уште еден аутсајдер во ЛШ, Јанг бојс со голови најавува дека ќе биде тврд орев. Утре, на домашен терен во Берн „младите момци“ ќе треба да потврдат дека се во гол-форма против Манчестер јунајтед.

Зад квартетот аутсајдери, доаѓа Пари Сен Жермен, еден од фаворитите за освојување на европската круна. Имињата на Мбапе, Нејмар, Кавани, Ди Марија… доволно говорат за офанзивниот потенцијал на „светците“ од Париз, а досега во француското првенство сите заедно постигнаа 17 голови. Прв предизвик за ПСЖ денеска е, исто така, офанзивниот состав на Ливерпул во едно од дерби-дуелите во првото коло од Лигата на шампионите.

Металург е прв клуб во ЛШ со претседателка

Зорица Молкоска Блажевска е нова претседателка на ракометниот клуб Металург. Таа денеска седна на претседателската фотелја во клубот од скопска Автокоманда, наследувајќи го Зоран Цветановски. Досега Блажевска работеше како генерален секретар на клубот.

Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и медиумите беа доволна препорака за изборот на Блажевска на оваа функција.

Од клубот се пофалија дека испишале нова страница во ракометната историја бидејќи се први меѓу клубовите од Лигата на шампионите и СЕХА-лигата кои имаат претседател од понежниот пол.

Засега Зорица ќе биде в.д. претседател, а официјалното назначување ќе се случи на следното Собрание на РК Металург. Досегашниот претседател Цветановски останува во бордот на клубот.

Италијанците се уплашија од хорор-тунелот на стадионот во Белград (Видео)

По пауза од 26 години, Црвена ѕвезда повторно е дел од фудбалската елита во Европа. Некогашниот европски првак вечерва во Белград ќе го пречека Наполи, во рамките од првото коло на Лигата на шампиони. Италијанците се фаворити на мечот, но, сепак, знаат дека воопшто нема да биде лесно, посебно ако се знае дека на стадионот „Рајко Митиќ“ ќе ги очекува пеколна атмосфера.

Навивачите на Црвена ѕвезда, популарните Делии, знаат да направат феноменална атмосфера, а сигурно така ќе биде и вечерва. Освен од пречекот кој ќе го добијат од трибините, играчите на Наполи се подготвуваат и за тоа што ги чека додека истрчаат на теренот.

Медиумите во Италија потенцираат дека тунелот во просторот под трибините, низ кој треба да поминат играчите, е како од вистински хорор-филм. Наполи знае да игра на „жешка“ атмосфера, но сигурно нема да им биде лесно да го издржат пречекот кој ќе им го понудат фановите на Црвена ѕвезда и полните трибини.

Погледнете како изгледа тунелот на стадионот „Рајко Митиќ“.

 

Кире Ристевски е нов играч на Ујпешт

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски останува во унгарското првенство откако денес и официјално стана нов играч на Ујпешт. Неговиот договор ќе трае три години, а доаѓа како слободен играч откако летово му заврши соработката со Вашаш.

Ристевски ќе игра за клубот во којшто порано настапуваше и Енис Барди, а до ова лето член на Ујпешт беше и младиот Виктор Ангелов.

Ристовски од 2014 година е репрезентативец на Македонија, а клупската кариера ја започна во Работнички, Елбасан, Билис, Славија Софија, Тирана и Работнички.