24.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025
Дома Blog Страница 9736

Лудница во Африка: 40.000 публика, а стадионот собира 25.000

Натпреварот од квалификациите за африканскиот Куп на нации помеѓу Гамбија и Алжир, се одигра во услови кои се тешко замисливи во Европа, но се толерираат на „црниот континент“. Иако трибините на стадионот во Банџула собираат 25.000 луѓе, мечот го гледаа дури 40.000.

Публика имаше буквално насекаде. Најмногу на трибините како што е редот, но навивачи имаше и на оградата, покрај теренот на атлетската патека, на рефлекторите, на семафорот.

Алжирците не сакаа да играат, но подоцна попуштија и излегоа на терен, откако добија закана од африканската фудбалска федерација дека може да добијат казна. Пред мечот, наместо химната, на Алжир му беше пуштена поп-песна.

Средбата почна со доцнење од еден ипол час, а заврши со резултат 1:1. Најчудно е што главниот судија е астматичар, и користеше инхалатор. Овие работи ги нема во модерниот фудбал, но затоа во Африка има посебна убавина овој спорт.

Англија по две години претрпе пораз на „Вембли“, Шпанците заминаа со цел плен

Репрезентацијата на Англија претрпе пораз од 1-2 против Шпанија во Лигата на Нации. Избраниците на Герет Саутгејт за прв пат по две години загубија на „Вембли“, а воедно со пораз го започнуваат новото првенство.

Домаќините рано го отворија резултатот преку Маркус Рашфорд, реализирајќи за 1-0 во 11-тата минута. Сепак, прославата на Англичаните траеше само две минути, бидејќи веќе во следниот напад Шпанија израмни преку Саул. Во 32-та минута шпанската селекција направи комплетен пресврт откако Родриго ја затресе мрежата на Пикфорд при асистенција на Тијаго.

Во вториот дел Англија пропушти неколку шанси за израмнување, сепак, Давид Де Хеа беше на ниво на задачата, откако одбрани неколку опасни удари пред се на Рашфорд и Кејн.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Швајцарија – Исланд 6-0
Северна Ирска – Босна и Херцеговина 1-2
Финска – Унгарија 1-0
Естонија – Грција 0-1
Белорусија – Сан Марино 5-0
Луксембург – Молдавија 4-0

Почна женската Супер-лига: Вардарки ремизираа против Куманово, Пелистер убедлив против ЦЕМС

Бранителот на титулата, тимот на Вардар пропушти победа против Куманово во првото коло од женската Супер-лига. Иако на полувреме вардарки водеа со 16-12, на крајот мечот заврши со конечни 30-30, откако примија израмнувачки гол во последните секунди од средбата.

Ракометарките на Пелистер лесно го совладаа дебитантот ЦЕМС со резултат од 33-23. Симона Василева постигна 13 гола, oдносно повеќе од половина од вкупните 23 на ЦЕМС, додека кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Николовска со девет погодоци.

Сениорите победија на контролката против МЗТ Скопје

МЗТ Скопје загуби во пријателската пресметка против сениорската репрезентација со резултат од 82:94. Во средбата која се одигра во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ настапи без седум првотимци, но, и покрај недостатокот одигра квалитетен натпревар во кој пружи силен отпор.

Дамјан Стојановки, Андреј Магдевски, Љубомир Младеновки и Дарко Соколов одиграа по еден полувреме за двете екипи, додека во составот на Ѓорѓи Кочов не беа ниту повредените Марко Симоновски и Иве Иванов.
Првото полувреме припадна на националниот состав, во кој доминираа со резултат од 55:34, додека во останатите два периоди „штрковите“ успеаја да ја намалат негативата.

Андрија Бојиќ беше убедливо најдобар во со 23 поени и девет скока, Лестер Медфорд реализираше 23, а Џејмс Вудард 12 поени. Стојан Ѓуроски со 16 поени беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија, додека Љубомир Младеновски имаше ефект од 15 поени и седум скока.

По Наваро, капитен на Барселона ќе биде Анте Томиќ

Анте Томиќ ќе ја наследи капитенската улога во Барселона по пензионирањето на легендарниот Хуан Карлос Наваро. Хрватот ќе го предводи каталонскиот гигант во претстојната сезона, а негов заменик ќе биде Пјер Ориола.

Триесет и едногодишниот Томиќ веќе шест години е член на Барса, најдолго од било кој играч во екипата, што една од причините за доделувањето на на оваа голема обврска. Хрватот пристигна во 2012 година од редовите на Реал Мадрид, при тоа освои две титули во АЦБ лигата(2013, 2014), кралскиот Куп во 2013 и 2018 година, како и шпанскиот Суперкуп во 2015 година.
Во дресот на Барса досега има одиграно 455 натпревари, и го држи рекордот за најмногу настапи во клубот забележани од странски кошаркар.

 

Џон Тери ќе игра фудбал во Русија

Искусниот англиски дефанзивец, Џон Тери, кариерата ја продолжува во руското првенство, oткако се согласи на едногодишна соработка со Спартак Москва. Доскорешниот член на Астон Вила ќе заработи 1.8 милиони фунти за една година, а медицинските прегледи ги заврши уште во саботата наутро.

Тери за прв апт во неговата кариера ќе игра надвор од Англија, откако за Челзи настапуваше цели 22 години, а потоа потпиша за Астон Вила каде една сезона играше во второто по ранг англиско првенство.

Во овој ангажман влијание имал и ексменаџерот на Челзи, Антонио Конте, кој го препорачал Тери кај својот поранешен колега од италијанската репрезентација, Масимо Карера.

Тодоров повторно ќе го тренира Мијајловиќ

Српскиот плејмејкер Игор Мијајловиќ (34), е пред потпишување на договор со романскиот прволигаш Крајова, чиј тренер е македонскиот стратег Александар Тодоров. Искусниот Мијајловиќ, беше еден од најзаслужните за првата титула на МЗТ Скопје Аеродром во 2012 година, а таа сезона кога го носеше дресот на „металците“, тренер му беше токму Тодоров.

Мијајловиќ на македонските паркети играше и за Кожув и Карпош соколи, а потоа прејде во унгарски Капошвари. Од 2015 година наваму, тој игра во романската лига, и добро е запознат со состојбите таму, па прилагодувањето во тимотна Тодоров нема да му биде проблем. Во Крајова настапува и поранешниот бек на Фени индустри, Горан Гајовиќ.

Во минатата сезона, Мијајловиќ како играч на Темишвар, имаше просек од 10,6 поени, 3,3 асистенции и 2,4 скока по натпревар во романскиот шампионат. Кога ќе потпише Мијајловиќ, Крајова на Тодоров во составот ќе има дури шест странци, од кои двајца првпат ќе заиграат во Романија.

Гризман откри каде ќе ја заврши кариерата

Французинот Антоан Гризман сака играчката кариера да ја заврши во МЛС лигата во САД, а како омилена дестинација, го спомна новиот клуб Интер Мајами, кој е во сопственост на поранешниот англиски капитен и играч на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам.

Клубот на Бекам во 2020 година ќе почне да се натпреварува во МЛС лигата, а веќе се шпекулира кои фудбалери ги има на листата како потенцијални засилувања.

„Ако Бекам ме сака во неговиот клуб, би отишол. Сакам кариерата да ја завршам во САД. Ги сакам менталитетот и културата на Американците. Не знам дали би заиграл за клубот од Мајами или за тим од Лос Анџелес, но тие ми се омилени градови“ – изјави Гризман, кој има 27 години, и крајот на кариерата му е далеку.

На 213 меча за Атлетико Мадрид, Гризман даде 113 гола, а за француската репрезентација има 24 погодоци на 62 настапи. Годинава ги освои Светското првенство, Лига Европа и европскиот Суперкуп.

Босанците триумфално маршираа низ Белфаст

Со головите на Харис Дуљевиќ и Елвис Сариќ, националниот тим на Босна и Херцеговина, славеше со 2:1 на гостувањето кај Северна Ирска во Белфаст, во рамките на групата 3 од Лигата Б, во Лигата на нации. Во група со БиХ и С. Ирска е и Австрија.

Победата на избраниците на селекторот Роберт Просинечки, ја најави Дуљевиќ кој добро се снајде во противничкиот петерец после центаршутот на Един Џеко, кој запиша асистенција. Домашните се обидуваа да изедначат, но во 65. минута Сариќ ја искористи големата грешка на одбраната и голманот на Северна Ирска, и зголеми на 2-0, со што го реши победникот, бидејќи кај домашните спласнаа мотивите.

Ирците напаѓаа, но јалово, и џабе им беше што упатија над 20 шута, кога дадоа само еден гол и тоа во судиското продолжение преку резервата Григ, а гостите од три шута во рамките на голот, двапати ја затресоа мрежата.
Мајкл О`Нил имаше неуспешно деби како селектор на Северна Ирска.

Оваа репрезентација испадна во баражот за Светското првенство, и сега се надева дека болката ќе ја покрие со пласман на Европското првенство 2020, но очигледно нема да им биде лесен патот дотаму.

Петиција за останување на Раиконен во Ферари

Повеќе од 20 илјади навивачи на Формула 1 тимот Ферари, се потшишаа на петицијата со која се бара Кими Раиконен да остане клупски колега на Себастијан Фетел. Финецот има 38 години, и во Ферари сметаат дека веќе „го отпеал своето“, а се најавува и дека веќе нашле замена, тоа е 20-годишниот Шарл Леклерк од Заубер.

Но, фановите на Ферари повеќе му веруваат на ветеранот, отколку младиот и недокажан Леклерк, па со петиција бараат Кими да остане во црвениот болид уште барем една сезона. Четирикратниот светски првак Фетел, би бил несомнен лидер на „црното коњче“ ако биде донесен Леклерк на местото на Раиконен.

Раиконен минатиот викенд на квалификациите беше побрз од Фетел и постави рекорд на патеката „Монца“, што за потписниците, е доказ до Маурицио Аривабене дека Кими уште има што да понуди, и уште еднаш треба да преиспита дали да се откаже од него.