14.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025
Дома Blog Страница 9926

Го нокаутираше противникот затоа што му даде тројка (Видео)

Кевин Плат, кошаркарот на Универзитетот Фичбург стејт, е суспендиран, но и му е забранет влезот во школото откако на дуелот против Николс колеџот намерно и целосно без причина со лакот директно в лице удри еден противнички играч.

Плат промаши за три поени од една тешка ситуација, а потоа противникот кој го чуваше во следната акција погоди за три поени, откако токму Плат задоцни да го блокира. Откако не успеа да ја одбрани акцијата, Плат неочекувано со лакотот го удри противникот директно в лице и го нокаутираше. За својот потег веднаш доби суспензија од универзитетот во којшто учи и за којшто се натпреварува.

 

Ѓаволска машинерија, Белгија утна само двапати на 29 натпревари

Белгија го победи Исланд со 2-0 и е на прагот да обезбеди пласман во завршницата во Сегментот А во премиерното издание на Лигата на нациите, а „црвените ѓаволи“ имаат супер гол-ефект.

На последните 29 натпревари, Еден Азар и соиграчите од репрезентацијата само на два меча не успеале да ја затресат противничката мрежа. Ефектот од 27 натпревари на кои постигнале гол во последните 29 меча е одличен, а двете селекции што „куртулија“ од ѓаволски добрите и ефикасни офанзивци се светскиот првак Франција и Уругвај.

Французите во полуфиналето на последниот Мундијал во Русија ја добија битката со одличните Белгијци, славеа со 1-0 и потоа со триумф против Хрватска во финалето ја освоија титулата.

Претходно, на пријателски меч во јуни годинава Уругвај не прими гол од Белгија, а мечот заврши 0-0.

Градското дерби во Њујорк повторно во знакот на Ајлендерс

Градското дерби во Њујорк повторно во знакот на Ајлендерс. За осмиот последователен триумф над Ренџерс, „островците“ стигнаа по голеадата од 7-5. По ефикасниот прв период, во кој двете екипи постигнаа по два гола, Ајлендерс победникот го одлучија во вторите 20 минути, третина која ја освоија со 3-1. Во остатокот од средбата се постигнаа уште четири гола, по два на двете страни.

Хокеарите на Минесота „здивеа“ против Ванкувер, па со убедливи 6-2 го запишаа 12-тиот овосезонски триумф. Победникот се одлучи по две третини, откако домаќините создадоа предност од 5-1, па без поголем притисок ги доиграа останатите 20 минути од средбата.

Торонто со пресврт и триумф од 5-3 успеа да украде бодови на гостувањето кај „ајкулите“ од Сан Хозе. Домаќините сите три гола ги постигнаа во првиот период, по кој имаа и предност од 3-2. Во продолжението на мечот, хокеарите на Торонто во три наврати ја тресеа мрежата, а цврстата одбрана гарантираше за 13-тиот триумф на Торонто во оваа сезона.

Резулати НХЛ:

Колумбус блу џекетс – Флорида пантерс 7-3

Њујорк ајлендерс – Њујорк ренџерс 7-5

Филаделфија флаерс – Њу Џерси девилс 0-3

Питсбург пингвинс – Тампа беј лајтнинг 3-4

Отава сенаторс – Детроит ред вингс 2-1

Минесота вајлд – Ванкувер канукс 6-2

Аризона којотс – Нешвил предаторс 2-1

Калгари флејмс – Монтреал канадиенс 2-3

Сан Хозе шаркс – Торонто мејпл лифс 3-5

 

Де Хеа брзо го мина патот од јунак до трагичар на Шпанците (Видео)

Давид де Хеа експресно само за половина час го мина патот од херој до трагичар на шпанската фудбалска репрезентација.

„Црвената фурија“ загуби од Хрватска во Загреб со 2-3, а директен виновник за поразот е голманот на Манчестер јунајтед. Лошо реагираше во втората минута од судиското продолжение, а Тин Једвај осамен од близина ја смести одбиената топка од Де Хеа во голот за голема радост и победа на Хрватите.

Само половина час претходно, шпанскиот голман реагираше како мачка и во ситуација еден на еден на чудесен начин му го одбрани ударот на Анте Ребиќ. Во тој момент беше 2-1 за Хрватите и уште еден погодок ќе значеше сигурен пораз, иако на крајот гостите не успеаја да го избегнат, најмногу заради киксот на Де Хеа.

 

Ловрен забега со славењето (Видео)

Хрватска со гол во 93-тата минута стигна до победа против Шпанија од 3-2 и ги задржа шансите за првото место во групата од Лигата на нациите. По завршувањето на мечот, дефанзивецот на Хрватска и член на Ливерпул, Дејан Ловрен, малку повеќе претера со славењето, а повторно се „закачна“ со капитенот на „црвената фурија“, Серхио Рамос.

„Аааа ха-ха. 3-2. Па ти мајсторе зборувај на прес-конференции. Мајсторееее. Тоа се обични пи*ки. Само ова вреди. Ајде сега да ја победиме и Англија“, викаше Ловрен додека беше вклучен со видеопорака на профилот на „Инстраграм“.

https://twitter.com/xDavorka_x/status/1063193912288915456

Ловрен со ова само ја продолжи „војната“ со Рамос која ја има одредено време. Неодамна тој изјави дека Рамос во одбранта греши подеднакво како и тој, но фактот дека игра во Реал Мадрид го спасува.

„Ја гледате ли статистиката. Серхио Рамос греши повеќе од мене, но него го штити фактот дека игра за Реал Мадрид. И кога ќе згреши, никој не го гледа тоа. Зошто да го критикуваат кога Реал редовно победува со 5-1 или 5-2“, неодамна изјави Ловрен.

Рамос беше запрашан дали ќе реагира на ова, и тоа непосредно пред синоќешниот дуел во Загреб. „Не би сакал да критикувам некого и да одговорам на фрустрирани коментари. Треба да дозволите да помине време. Немам потреба ништо да му одговорам ниту на Ловрен, ниту на никој друг кој би сакал да има неколку насловни страници или да биде дел од неколку телевизиски вести“, рече Рамос, со што најверојатно дополнително го налути Ловрен, па доби нова порака, веднаш по синоќешната победа на Хрватска од 3-2 против Шпанија.

„Брадата“ го урна Голден стејт, Денвер победи со +45

Во репризата од минатогодишното финале на Западот, Хјустон го совлада шампионот Голден стејт со конечни 107:86. Предводени од расположениот Џејмс Харден, „ракетите“ им го нанесоа четвртиот овосезонски пораз на вориорс, трет во последните пет меча.

Голден стејт само во почетните неколку минути ја имаа контролата врз резултатот, додека во остатокот од средбата Хјустон го диктираше темпото. Победникот се реши во воведните минути од решавачките 12 , кога домаќините влегоа со предност од +13 поени, па со неверојатната серија од 21-0 го најавија големиот триумф.

Харден заврши со 27 поени, три скока и три асистенции, а Џејмс Енис со 19 поени и пет асистенции придонесе за победета на Хјустон. Дурант реализираше за него скромни 20 поени.

Денвер нагетс буквално го растури тимот на Атланта хокс со конечен резултат од 138:93. Кај расположените Нагетси, дури седум играчи со двоцифрен број поени придонесоа за убедливиот триумф. Уште по првиот период Денвер изгради сигурна предност, па во остатокот од мечот само ја зголемуваше, па разликата своевремено беше и +46 во корист на домаќините.

Шпанецот Ернангомез реализираше најмногу од сите двоцифрени од тимот на Денвер – 25 поени. Милсап и Херис додадоа по 18, Бизли 15, Мареј и Лајлс по 14 поени, додека Јокиќ заврши со 12 реализирани поени, девет скока и седум асистенции. Лин се истакна како најефикасен кај поразените, реализираше 16 поени.

Тимот на ЛА клиперс пред својата публика беше подобар од Сан Антонио со конечни 116:111. Иако резултатот во поголемиот дел од средбата беше на страната на Клиперс, Спарси се вратија од негатива од 14 поени, па победникот се одлучуваше буквално во последните секунди од мечот.

На 107:107, Лу Вилијамс погоди тројка, а потоа беше прецизен и од линијата за слободни фрлања. Претходно, две слободни погоди Галинари, па екипата на Грег Попович остана без шанса за пресврт.

Вилијамс на крајот заврши со 24 реализирани поени и три скока, Галинари додаде 19 поени. Кај поразените, Дерозан го запиша личниот рекорд за постигнати поени оваа сезона, реализираше 34, а додаде и шест скока и пет асистенции во својата статистика.

 

Отпишаните се вратија, Једвај ја врати Хрватска во игра за првото место

Тин Једвај ја крена на нозе публиката на „Максимир“, а Хрватска е на прагот да приреди вистинско чудо во четвртата група од Сегментот А во Лигата на нациите.

Вечерва со голот на играчот на Баер Леверкузен во последните моменти ја победија Шпанија со 3-2 во Загреб и од потполно отпишани, можат да бидат први во својата група.

Шпанците можат да бидат најголеми губитници, бидејќи со два порази по ред, дома од Англија и на гости со Хрватска, речиси сигурно нема да бидат први во својата група, иако тоа изгледаше како сигурен епилог.

Крамариќ со гол во 54-тата минута ја најавија голеадата во второто полувреме, откако во првиот дел немаше погодоци. Потоа Себалјос израмни на 1-1, па Једвај со гол ја врати предноста на домаќините.

Серхио Рамос повторно израмни со гол од пенал, а јунакот на Хрватска, Једвај со втор гол на мечот во 93-тата минута ја доведе својата репрезентација на прагот на фудбалско чудо.

Коцкестите беа пред испаѓање во Сегментот Б, бидејќи имаат дебакл од Шпанците со 0-6 на гости, имаа само еден бод пред вечерашниот меч, но сега со победа против Англија би биле први.

Шпанија ја заврши фазата по групи како моментен лидер со 6 бодови, но на „Вембли“ за три дена ќе се крои врвот на табелата.

Англија и Хрватска имаат по 4 бода, пред нивниот дуел и победникот ќе биде прв во групата и ќе продолжи да бие битка за првиот шампионски пехар во Лигата на нациите.

Само реми на „Вембли“ ја остава Шпанија на првото место во групата.

Супер успех постигна и селекцијата на Босна и Херцеговина со реми против Австрија. Босанците се први, ќе продолжат во полуфиналето во Сегментот Б, а и се пласираа во највисокиот ранг во Лигата на нациите.

Резултати:

А Сегмент – Хрватска – Шпанија 3-2, Белгија – Исланд  2-0

Б Сегмент – Австрија – БиХ 0-0

Ц Сегмент – Грција – Финска 1-0, Унгарија – Естонија 2-0

Д Сегмент – Казахстан – Летонија 1-1, Андора – Грузија 1-1, Луксембург – Белорусија 0-2, Сан Марино – Грузија 0-1.

 

Федерер го победи Андерсон, заедно се пласираа во полуфиналето

Роџер Федерер успеа да го победи Кевин Андерсон во последниот меч од групата, мечот заврши со резултат 6:4, 6:3, а исходот им одговара и на двајцата тенисери.

Заедно патуваат во полуфиналето на завршниот турнир во оваа сезона што се игра во Лондон.

Федерер е прв во групата и ќе игра со второпласираниот од втората група, а таму сè уште е неизвесно. Андерсон како второпласиран ќе игра најверојатно против Новак Ѓоковиќ, кој е прв со две победи.

 

Слукас им се одмазди на своите, Фенербахче ја доби драмата против Олимпијакос

Костас Слукас ги декласира своите и беше најзаслужен за победата на Фенербахче во Атина против Олимпијакос со 73:72.

Грчкиот репрезентативец постигна клучна тројка за предност на гостите од 73:69, а потоа попусто за три поени погоди Папалукас.

Слукас беше и најефикасен на мечот со 20 поени, што дополнително ги разлути домашните навивачи, бидејќи 7 години беше член на Олимпијакос и оттаму премина во Фенербахче.

Финишот беше мошне драматичен, а домаќините имаа и шанса да победат, но лошо го организираа последниот напад и загубија.

Покрај Слукас, одличен меч одигра и Никола Калиниќ со 16 поени. Кај Олимпијакос, Костас Папаниколау беше најистакнат со 18 поени.

Трио фантастико се прости од настапи за Хрватска

Триото сребрени момци од Мундијалот во Русија, Марио Манџукиќ, Даниел Субашиќ и Ведран Чорлука вечерва и официјално се простија од настапите за Хрватска.

На „Максимир“ околу 30 илјади гледачи со громогласен аплауз ги испратија своите тројца јунаци, кои со Хрватска го забележаа најголемиот успех со освојување на среброто на Светското првенство во Русија.

На стадионот во Загреб веќе се игра мечот од Лигата на нациите меѓу Хрватска и Шпанија во рамките на четвртата група од Сегментот А.

На Манџукиќ, Чорлука и на Субашиќ им беа подарени дресови со броевите на нивните настапи за хрватската селекција. Чорлука има 103, Манџукиќ 89, а Субашиќ на 44 натпревари го бранеше голот на второпласираната репрезентација на Мундијалот во Русија.