5.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025
Дома Blog Страница 9990

Ливерпул добро го памети првиот пораз на „Енфилд“ во Европа (видео)

Дуелот меѓу Ливерпул и Црвена ѕвезда (среда, 21 часот) во Лигата на шампионите ќе биде посебен, потврди и петминутното видео во кое „црвените“ ја најавија утрешната пресметка. Ливерпул добро го памети првиот пораз на домашен терен во европскиот шампионат, а го претрпе токму против нивниот утрешен противник, во далечната 1973 година.

Според видеото, токму овој двобој во 1973 година имал големо влијание врз успехот на Ливерпул кој го направи на европската сцена од 1977 година до 1984, освојувајќи четири титули од вкупно петте титули кои ги имаат во својата историја.

Од 1900 година, па сѐ до 2000 година, Ливерпул само еднаш бил поразен на своја публика, токму од Црвена ѕвезда, благодарение на голот на Слободан Јанковиќ од слободен удар во 90-тата минута, за конечни 2-1. Тој дуел беше реванш, а „црвено-белите“ претходно со идентичен резултат триумфираа во Белград.

Леброн вети: На крајот сѐ ќе биде добро

Лос Анџелес лејкерс стартуваше со три порази во новата НБА сезона. Најболен од сите сите три неуспеси беше последниот. Утрово, Лејкерс на свој терен дури по продолжение загуби од Сан Антонио спарс со 143:142.

Првата ѕвезда се само во дресот на ЛА лејкерс туку и во цела лига, Леброн Џејмс од херој се претвори во трагичар на дуелот против Сан Антонио. Најпрво, во регуларниот дел Џејмс постигна тројка во последниот напад и израмни на 128:128, што беше доволно за продолжение.

Во дополнителните пет минути, Лејкерс водеше со 142:138 на помалку од 30 секунди, но загуби. Сан Антонио даде тројка, а потоа Леброн промаши две слободни фрлања. Гостите го реализираа и последниот напад водство од 143:142, а Џејмс ја превзема одговорноста во последниот напад, но промаши и ЛА лејкерс загуби.

„Го посакував тој шут и го добив, но не го реализирав. Имавме шанса, водевме со шест поени на една минута до крајот, но направивме грешки. Неприфатливо е да промашам две слободни фрлања. На крајот го утнав и последниот шут“, самокритичен беше Леброн, кој потоа додаде, дека се ќе биде како што треба.

„Играме се подобро и подобро. Ми се допаѓа начинот на кој играме. Сезоната е долга, иако овбие резултати не се добри, на крајот се ќе биде добро. Кога доаѓав не ни мислев дека ќе биде сјајно“, изјави Џејмс по поразот од Сан Антонио,

Се знае судијата за „Ел Класико“, во Реал веќе се жалат

Хозе Санчез Мартинез ја доби довербата да ја дели правдата на најголемото дерби во светот, популарното „Ел Класико“ во Шпанија. Барселона на „Камп Ноу“ ќе биде домаќин на Реал Мадрид во дуелот кој ќе се игра в недела.

Само што беше објавено името на главниот судија, веднаш започна да се загрева и атмосферата. Од таборот на Реал Мадрид веднаш почнаа да се жалат од судијата. Мартинез го судеше последното „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“ кога Барселона како гостин победи со 3:0. На тој меч, главниот арбитар го исклучи Карвахал, а досуди и пенал за Барселона, кој беше постоечки.

Сепак не е тоа единствен меч на кој Мартинез исклучувал играчи на Реал Мадрид. Во 2016 година го исклучи Матео Ковачиќ на средбата против Валенсија. Интересно е тоа што Мартинез никогаш досега не исклучил ниту еден играч на Барселона. Но дека Мартинез и не е толку „кобен“ за Реал се покажува по дуелот од Суперкупот на Шпанија, кога Реал го победи каталонскиот гигант со 2:0, а главен беше токму овој судија.

Дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра в недела со почеток од 16:15 часот.

 

Дебакл од Израел за втор пораз на македонските надежи

По несреќниот пораз од 0-1 против Шпанија пред неколку дена, фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години уште еднаш мораше да се помири со пораз. Овој пат немаше дилеми, Израелците ја декласираа нашата селекција во второто полувреме, односно со конечни 4-1, иако во првиот дел „црвено-жолтите“ имаа предност.

Во 33-тата минута Бехар Фета го постигна водечкиот гол за Македонија, а Израел во вторите 45 минути четири пати ја тресеше мрежата. За израмнување, односно комплетен пресврт, голови постигнаа Харуш и Габај за само две минути, во 52-та и 55-та минута од белата точка.

Торгеман ги реши дилеми со два гола, и тоа повторно постигнати во рок од две минути (77‘, 79‘).

По два меча и два порази, Македонија е без бодови на третото место на табелата, но со подобра гол разлика од Фарските Острови, кои претходно загубија 6-0 од Шпанија, а шансите за пласман во следната фаза се речиси невозможни.

Од оваа група понатаму со сигурност одат Израел и Шпанија, со тоа што Израелците засега се прво пласирани поради подобра гол разлика, а за првото место ќе се одлучува за три дена во директен дуел на овие две екипи. Македонија во ист ден игра против Фарските Острови, во терминот од 14:30 часот.

Барди го продолжи договорот со Леванте до 2022 година

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и официјално го продолжи договорот со Леванте. Шпанскиот клуб знае дека не смее лесно да го испушти Барди, па затоа му ја продолжи соработката за уште две сезони, што значи дека ќе остане до 2022 година.

Барди ја игра втората сезона во Леванте. Во дебитантската година одигра блескаво и се промовираше во еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Само Лионел Меси даде повеќе голови од Барди директно од слободен удар во Примера дивисион.

И во тековната сезона Барди игра одлично и е еден од најдобрите во средниот ред.

„Многу сум среќен за годината која ја поминав тука и се надевам дека ќе имам уште многу такви години“, рече Барди по продолжувањето на договорот. Досега тој има одиграно 38 средби за Леванте во кои постигнал 10 погодоци.

Роналдо на пресот се појави со часовник вреден 1,8 милиони фунти (Фото)

Кристијано Роналдо повторно се враќа на „Олд Трафорд“, стадионот каде го промовираше цеиот свој талент и знаење. Португалецот помина шест години во дресот на Манчестер јунајтед (2003-2009), пред да се пресели во Реал Мадрид. Од оваа сезона тој е во Јувентус.

Токму во дресот на Јувентус, Роналдо вечерва ќе истрча на „Олд Трафорд“, против својот омилен тим. Кога прв пат дојде на „Олд Трафорд“, Кристијано беше само едно обично момче со многу талент. Сега е милионер и еден од најдобрите играчи на сите времиња.

На прес конференцијата за мечот, Роналдо се појави со часовник на раката, кој вреди неверојатни 1,8 милиони фунти. Тоа е дијамантски часовник од брендот Јакоб&Ko, на кој има дури 424 бели дијаманти.

Ќе „грми“ во Битола: Нема веќе билети за Македонија – Турција

Македонската ракометна репрезентација ќе има голема поддршка во првиот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Како и што се очекуваше ракометна Битола е во еуфорија. Билетите за дуелот кој се игра в четврток, веќе се распродадени.

Турција е првиот протвник на нашите најдобри ракометари. Македонија предводена од капитенот Кирил Лазаров е огромен фаворит, но тоа треба да се потврди на теренот. По средбата во Битола, во второто поло наш следен противник ќе биде Грција. Ако се гледа според квалитетот, Македонија ќе треба има 4 бода по првите две кола.

Ново коло на Спортска прогноза – „Ел Класико“ е предизвик, наградите се одлични

Барселона и Реал Мадрид ќе играат во ново „Ел Класико“, за бодови, но уште повеќе за престиж, а токму тој меч ќе биде еден од дванаесетте што за Вас ги одбравме во новото коло на Спортската прогноза на Спорт Манија.

Ќе биде голем предизвик да се погоди исходот на едно од најголемите дербија на светот, а има уште 11 интересни двојки.

Почнуваме со дуелот од Чемпионшип меѓу Вест Бромвич и Блекбурн закажан за во сабота од 16 часот, а со нетрпение ќе се очекува понеделник и последниот меч меѓу Тотенхем и Манчестер сити од 21 часот.

Главната награда за точна прогноза на сите 12 двојки е мобилен телефон „Самсунг А6“, а има уште многу награди и за погодени 11, 10 и 9 натпревари.

Читајте Спорт Манија и прогнозирајте за привлечни награди на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

 

Напомена: Од ова коло при прогнозирањето ќе има опционално поле за внесување на бројот картичката од SL Клубот за полесен трансфер на наградите.

Важно: Внесете валидна email адреса која можете да ја проверите!

Хамбургер го отпушти тренерот Кристијан Тиц

Хамбургер го разреши тренерот Кристијан Тиц, после слабите резултати на тимот во оваа сезона во  втората германска лига. Ханес Волф кој е екс тренер на Штутгарт, ќе го заземе местото на 47-годишниот Тиц.

„Не го сакавме ова решение, но мораше да преземеме чекор. Видовме дека има опасност да не ја постигнеме нашата цел сезонава“ – изјави Ралф Бекер, кој е спортски директор на Хамбургер.

Тимот од Хамбург испадна од првата Бундеслига за прв пат во историјата, и сега сака експресно да се врати во елитата, но после 10 кола, тимот се наоѓа на петто место со скромни 18 бода, но има само два бода помалку од лидерот Келн. Во последните пет дуели, ХСВ имаше само една победа и тоа не му беше простено на Тиц.

Се приклучи и Талески, Раул работи со комплетен состав

Со појавувањето на левиот бек Филип Талески, македонската машка репрезентација се комплетираше и денеска ќе тренира со сите расположливи сили. Гонзалес работи со 20 ракометари, а до средбата задутре со Турците, треба составот да го скрати на 16 играчи.

Селекторот Раул Гонзалес утре на пладне со капитенот Кирил Лазаров треба да се појават на прес-конференција по повод договорот на РФМ со „Халк банка“, а потоа тимот заминува за Битола, каде в четврток се игра дуелот со Турција.

Ракометната селекција на Македонија цели 15 години немаше играно во спортската сала „Боро Чурлески“, поранешна „Младост“, па Турците ќе ги чека пеколна атмосфера. Три дена подоцна, „црвено-жолтите“ одат кај јужниот сосед во Кожани. Освен Турција и Грција, наш ривал во групата е Исланд, со кого би требало да се бориме за првата позиција, а пласман на ЕП 2020 ќе обезбедат најдобрите две.