Партизан загуби од европскиот шампион и си ја искомплицира битката за пласман во плејофот

Кошаркарите на Партизан се поразени во „Штарк арената“ од европскиот шампион Реал Мадрид со 76:88 и си ја искомплицираа борбата за освојување на десеттото место, кое води во разигрувањето за пласман во плејофот.

Црно-белите по вториот пораз од Реал Мадрид сезонава, по 31 коло имаат учинок од 14 победи и 17 порази колку што има и Анадолу Ефес, додека Валенсија со победа утре ќе го прескокне Партизан на табелата, а Армани Милано и Баерн Минхен имаат скор 13-17 и своите мечеви од ова коло ќе ги играат утре.

Клучен момент беше неверојатната серија на Кралевите од 0:16 од крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина, по која поведоа со 54:68 и предноста рутински ја одржуваа до крајот. Марио Хезоња со 22 поени ја предводеше листата на стрелци кај Реал Мадрид, додека во редовите на Партизан најрасположен за игра беше Френк Камински.

На останатите три меча кои се играа вечерва славеа домаќините. Анадолу Ефес со 85:84 ја победи Алба Берлин, Жалгирис со 94:76 ја совлада Басконија, а Олимпијакос немаше никакви проблеми против Асвел за триумф од 80:64.

- Оглас -

Најнови вести