Перо Антиќ го исмејува тимот кој го водат Филиповски и Митев (Фото)

На актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, како на поранешен играч на Црвена ѕвезда и навивач на тој белградски клуб, му беше забавно да гледа како ривалот Партизан се брука на гостувањето кај Крка во Нов Место, па на Инстаграм се шегуваше на сметка на тимот чиј тренер е Сашо Филиповски, а помошник му е Боби Митев.

Партизан во дуелот од АБА лигата го „окрка“ од Крка со 50-69. Нашата кошаркарска легенда, додека Партизан се мачеше дава кошеви и губеше, порача дека е ладно во Словенија.

Потоа додека Партизан беше во негатива од минус 22 поени разлика, Антиќ напиша дека е „смрзнувачки ладно“, а кога заврши средбата, екс НБА играчот го спомна Рок Стипчевиќ и го пофали за играта, додека на гостите им порача дека било „проклето ладно“.

 

- Оглас -

Најнови вести