Пиоли знае каде потфрли неговиот Милан во историскиот неуспех

За првпат во клупската историја, Милан загуби со три гола разлика на домашен терен на меѓународната сцена. Лил дојде на „Сан Сиро“ во улога на аутсајдер на хартија, меѓутоа животната партија на Јазичи ја прекина низата од 24 меча на Росонерите без пораз во сите натпреварувања.

Тренерот Стефано Пиоли знае зошто ѝ дојде крајот на седуммесечната серија на неговата екипа.

„Очекував од Лил да биде опасен од контранапад, а штом го примивме првиот гол, веќе паднавме во нивната замка. Се отворивме во обид да израмниме, па така му дадовме шанса на противникот да чека прилика за брз напад. Воопшто не го потценивме Лил, ова беше само еден од оние денови кога ништо не одеше во наша полза“, истакна италијанскиот стратег по поразот.

- Оглас -

Најнови вести