Како што е веќе познато, Коронавирусот направи хаос во спортот и речиси сите првенства се одложени. Останува нејасно што ќе се случува со Олимписките игри кои се закажани за претстојното лето и треба да се одржат во Токио.
Иако е речиси сигурно дека нема да гледаме спорт во следните два месеци, ФИБА засега не реагира околу квалификациските турнири за ОИ. Предвидените квалификациски турнири кои треба да се одржат во Канада, Хрватска, Литванија и Србија се закажани за јуни и засега нема одложување, но доколку се случи такво нешто, патниците за Токио ќе се одредат според ранг-листата на ФИБА.
Тоа би значело дека Србија, Чешка, Грција и Литванија ќе обезбедат пласман, покрај веќе познатите патници Шпанија, Аргентина, Франција, САД, Нигерија, Австралија и домаќинот Јапонија.