Поради чудото од дете, Бундес лигата мораше да менува едно важно правило

Јусуф Мукоко има 15 години и е еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Иако има само 15 години, од неодамна тој доби шанса да тренинра заедно со првиот тим на Борусија Дортмунд. Тинејџерот кој е роден во Камерун, но има германски пасош ќе го носи дресот со бројот 18.

Големиот талент веќе неколку години е дел од школата на Борусија Дортмунд. Со само 12 години дебитираше за тимот до 17 години и даде 24 гола во 13 натпревари. Кога наполни 14 години доби и деби за У19 составот и иако беше пет години помлад од сите оситани играчи, Мукоко даде 18 погодоци на 11 средби. Посебно импресионираше на дебито, која постигна шест гола. 

firo: 16.06.2019, Football, Football, Season 2018/2019, U-17 Final, B-Juniors, Final German Championship, BVB, Borussia Dortmund – 1.FC Cologne 2: 3 Youssoufa MOUKOKO, BVB, jubilation but no goal | usage worldwide

Сите овие постигнувања беа препорака за Мукоко да биде префрлен во сениорскиот тим на Милионерите. Сепак, сигурно е дека тинејџерот ќе мора да почена до 20 ноември за да дебитира во Бундеслигата. Според правилата на германскиот фудбал, во профи фудбалот во Бундеслигата не смее да заигра играч пмлад од 16 и пол години. Од Борусија побараа оваа граница да биде намалена на 16 години, а од ДФЛ одобрија да може фудбалер да заигра со наполнети 16 години. Мукоко е роден на 20 ноември 2004 година, што значи дека за три и пол месеци ќе добие зелено светло за настап во германското првенство.

- Оглас -

Најнови вести