Клупската сезона во Европа е при крај и веќе се познати 18 од 36-те клубови-учесници во фудбалската Лига на шампиони за следната сезона. Првата половина е пополнета, останува до крајот на летото да се знаат сите 36 тима кои ќе играат во лигашката фаза во најсилното клупско натпреварување.
Сигурни учесници во ЛШ за следната сезона до овој момент се: Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Интер, Барселона, Реал Мадрид, Виљареал, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг, ПСЖ, Ленс, ПСВ, Феенорд, Порто, Галатасарај и Шахтар.
Места ќе има за уште три тима од Италија, два од Англија, уште по еден од Шпанија, Германија и Франција, а се чекаат и шампионите на Белгија, Чешка и Лигата ан Европа. На крајот ќе има уште седум слободни места, кои ќе се пополнат преку квалификациите.
Ако Астон вила ја освои ЛЕ, а биде петта на табелата во Премиер лигата, тогаш Англија ќе добие и шести претставник во ЛШ, шестиот од Премиер лигата. А, ако Астон вила ја освои ЛШ и биде во топ 4 во Премиер лигата, тогаш Англија нема да има шести тим, туку Португалија ќе добие директно уште еден.

