Прекршени се правилата, дали ФИФА ќе мора да го менува резултатот на еден меч од СП!?

Тунис ја победи Франција со 1:0 во меч кој имаше контроверзен финиш. Во последните моменти од дуелот, Франција преку Гризман постигна гол за 1:1, а потоа судијата отсвири крај.

Сите помислија дека мечот заврши 1:1, но потоа се јавија арбитрите од ВАР-собата, кои побараа главниот делител на правдата, Мејту Конгер, да ја види акцијата по која Гризман погоди за 1:1.

По прегледување на снимката, судијата одлучи дека Гризман бил во офсајд, па иако претходно отсвири крај на средбата, ги врати фудбалерите на терен и играта продолжи, и тоа со поништен погодок за Франција.

На крајот Тунис славеше со 1:0, но остана фактот дека финишот беше контроверзен. Правилата на фудбалската игра се дека штом судијата дал знак играта да продолжи, односно Тунис да изведе од центар поради примениот гол, не смее да се враќа и да се гледа ВАР-снимка. Само во случај на погрешно исклучен фудбалер или прекршок кој може да биде казнет со црвен картон е дозволено „враќање на играта“.

Доколку судијата отсвиреше крај на мечот веднаш по голот, тогаш немаше да има ништо спорно. Сепак, фактот дека Тунис изведе од центарот, па потоа беше отсвирен крај на мечот, значи дека судијата згрешил, односно немал право да гледа ВАР-снимка и едноставно резултатот требаше на крајот да биде 1:1.

Токму затоа Французите најавиле дека ќе се жалат и дека ќе бараат средбата да биде регистрирана со нерешен резултат. Доколку ФИФА ја прифати оваа жалба, тоа нема многу да смени во конечниот распоред на табелата во оваа група. Франција ќе остане прва, но овојпат со 7 наместо сегашните 6 бода, Австралија ќе остане на 6, Тунис би имал само два бода, а Данска еден бод.

Интересно е дека дури и гледачите на француската телевизија останаа во заблуда околу конечниот резултат затоа што теливизијата го прекина преносот веднаш по последниот судиски свиреж на главниот арбитер, пред да се погледне ВАР-снимката.

 

- Оглас -

Најнови вести