Прва лига со непар клубови – Ренова сепак не игра, првенството во Македонија ќе биде со 11 екипи?

Ренова сепак нема да игра во Првата македонска лига во новата сезона, иако на рвичната информација за откажување на Гипсарите, тие реагираа со демант и најавија дека остануваат прволигаши.

Сепак најавениот договор со австриски инвеститор речиси сигурно е пропаднат и се очекува во понеделник раководството на Ренова да соопшти дека клубот нема да игра во Првата лига.

Тоа ќе биде голем удар за домашниот фудбал, на кој и онака не му цутат рози, а пред само некој ден веќе беше извршена ждрепката за новото првенство.

Сега ако не се донесе некаква нова одлука од ФФМ за клуб што ќе го пополни местото на Ренова, или ако Гипсарите сепак продолжат во Првата лига, би имало слободна екипа во секое коло.

Новиот шампионат почнува на 6. август.

- Оглас -

Најнови вести