Ракометарите тргнаа со вториот дел од подготовките а против Израел ќе играат „затворени“ натпревари

Ракометната репрезентација на Македонија со доаѓањето во Скопје ги започна вториот дел од подготовките за претстојното ЕП во Унгарија и Словачка.

Кире Лазаров и играчите ќе ги одработи последните тренинзи во нашиот главен град, а пред да се упатат кон Унгарија ќе треба да одиграат два контролни натпревари против Израел кои ќе се играат утре и задутре.

Средбите ќе бидат од затворен тип, а сето тоа е со цел да се споречи евентуално ширање на Ковид-19 меѓу националниот тим, што би било еднакво на катастрофа.

За среќа, сите наши играчи во моментов имаат се негативни по тестирањата, но, тие се и имунизирани, но, ќе имаат тестирања на секои три дена (4-ти, 7-ми, 10-ти јануари).

Експедицијата кон Дебрецин ќе се упати на 11-ти овој месец, додека првиот натпревар е само три дена подоцна и тоа против Словенија од 18:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести