Роналдо откри кому му бил потрчко: Морав да му ги чистам копачките и да му носам кафе

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдо, открива дека во деновите кога ја започнувал кариерата и кога се пробивал во бразилската репрезентација, морал да ги слуша постарите и едноставно да биде нивен потрчко. Роналдо имаше можност како 17-годишен тинејџер да биде дел од составот на Кариоките кои во 1994 година стигнаа до светската титула на Мундијалот во Бразил.

Главни ѕвезди во тоа време во бразилската репрезентација беа имиња како Дунга, Бебето, Ромарио… Токму Ромарио беше прва опција во нападот и голгетер од кого се плашеа сите противнички одбрани. Тогаш младиот Роналдо морал да го слуша Ромарио, па буквално му бил потрчко кога биле на репрезентативни собири.

„Ромарио беше навистина жесток кон мене. На секои два-три часа бараше да му носам кафе, а по завршување на натпреварите ми ги даваше копачките да му ги исчистам. Секако, тоа го правеше пред сите останати играчи“, открива Роналдо, кој едноставно како почит кон постариот и поискусен соиграч не можел да одбие да не го заврши тоа што ќе му го кажел Ромарио.

Роналдо подоцна се покажа како одличен наследник на Ромарио. Најпрво, во 1994 година Роналдо дојде во ПСВ Ајндховен, и тоа на местото на Ромарио, а две години подоцна го замени и во дресот на Барселона. Што се однесува до репрезентативниот дрес на Бразил, по златниот медал добиен затоа што седеше како резерва во 1994 година, Роналдо во 2002 година беше предводник на Кариоките до нов планетарен трофеј.

 

 

- Оглас -

Најнови вести