Руди одлично ја познава Старата дама – Почна со пораз од Јуве, си замина со победа

Руди Гарсија одлично го познава Јувентус и во трите сезони минати во Серија А како тренер на Рома ја предводеше Римската волчица на шест меча против најтрофејниот италијански клуб.

Денеска 56-годишниот стратег ќе биде едно од оружјата на Лион во обидот да се направи подвиг и да се победи фаворитот од Италија.

„Олдично го познавам Јувентус, но нема да подготвуваме никаква специјална тактика за да ги сопреме нивните силни индивидуалци. Кристијано Роналдо е вистински фудбалски уметник, но ако го маркираме стриктно, тогаш ќе ни треба иста тактика и за Дибала и за Игуаин. Тие се состав со многу моќни поединци на кои можеме да им се спротивставиме со тимска игра, со силна желба за победа, со максимално залагање на двата меча. Сите очекуваа и Ливерпул и ПСЖ да победат, па сепак не победија. Можеби и ние можеме да изненадиме“, изјави Гарсија.

Во Рома беше тренер од 2013 до 2016 година и ги почна меѓусебните дуели со пораз против Јувентус, но си замина од кормилото на римскиот клуб со триумф против црно-белите од Торино. Билансот му е негативен со по една победа и реми и три порази во мечевите од Серија А и една победа во купот на Италија против Старата дама.

Денеска од 21 часот со Лион ќе се обиде да го изненади Јувентус, овојпат во меч од Лигата на шампионите, и тоа прв осминафинален во двомечот со Старата дама.

Јувентус и Лион досега двапати играле во европските купови, еднаш во групна фаза во ЛШ и еднаш во четвртфиналето во Лигата на Европа. И во двата обиди италијанскиот гигант беше подобар и победуваше на „Стад Жерлан“ во Лион со по 1:0, а на домашен терен еднаш славеше со 2:1 и еднаш ремизираше 1:1, па сè уште е без пораз во евродуелите со францускиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести