Саутгејт знае сега што ќе бараат навивачите

Англија со 2:0 ја победи Германија и се пласира во четвртфиналето на Европското првенство. Со овој триумф, Англичаните барем малку им се реваншираа на Панцерите за болната елиминација на „Вембли“ во полуфиналето на ЕП 1996 година.

Гордиот Албион сега е меѓу најдобрите осум на турнирот, а следен ривал им е Украина. Реално, Англичаните се големи фаворити за победа и влез во полуфиналето, а според квотите во Sport Life, тие се и главни фаворити за титулата. Тоа го знае и селекторот Герет Саутгејт.

„Ова е опасен момент за нас. Го чувствуваме тој занес од успехот и сега се создава атмосфера дека мора да го освоиме трофејот. Свесни сме дека тоа ќе биде многу голем предизвик за нас, но играчите се подготвени за такво нешто“, вели Саутгејт.

Низ историјата на континенталните првенства, Англија никогаш не била на тронот на Европа, а вчера првпат ја победија Германија во меч од елиминација по пауза од финалето на Мундијалот во 1966 година, кое се играше исто така на „Вембли“.

 

- Оглас -

Најнови вести