Селекторот Бајиќ сака нов Мекејлеб во репрезентацијата на Македонија

Селекторот на македонскиот машки сениорски национален тим во кошарка, Драган Бајиќ, најавува дека во иднина во дресот на „Црвено-жолтите“ треба да има натурализиран играч кој настапува на надворешните позиции, плејмејкер или бек шутер.

„Ќе се обидеме да најдеме Американец на позицијата плејмејкер или на другите надворешни позиции каде што сме хендикепирани. Сигурно е дека во иднина подобро ќе играме и ќе имаме подобри резултати“, вели Бајиќ.

За вечерашниот дуел со Украина Бајиќ вели дека гостите се фаворити, но посакува нашата селекција да покаже борбеност и жар.

„Украинците покажаа дека се добра репрезентација, ја совладаа Грузија во полн состав. Сигурно е дека нè чека тешка задача. На момците им кажав, ако веќе губиме, мора да знаеме зошто губиме, а не тоа да биде без борба и без желба и без жар“, додава Бајиќ.

- Оглас -

Најнови вести