Сензација: Венгер се нуди да биде селектор на Холандија!

На легендарниот Арсен Венгер му се отвори шанса првпат во тренерската кариера да предводи репрезентација, така што ќе биде заменик на Роналд Куман во Холандија.

Според шпекулациите на одредени холандски медиуми, Венгер сам се понудил да го преземе столчето на Лалињата штом Кумам биде промовиран во нов тренер на Барселона. Ангажманот на Куман е пред официјализација откако денес Барселона конечно ја прекина соработката со Кике Сетјен по дебаклот од Баерн Минхен во ЛШ.

Што се однесува за ексменаџерот на Арсенал, наводно е подготвен да ја напушти функцијата во ФИФА со цел да се врати во тренерската професија. Инаку Венгер беше на листата со кандидати за нов предводник на Барселона, меѓутоа не ги прифати условите на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести