Одлична бројка – Со Шесто-кец почна новата сезона на Спортска прогноза

Новиот формат на Спортската прогноза повторно привлече голем интерес кај обложувачите, а стартното коло кое е во тек го одиграа 601 играч на страницата на Sport Life.

Новитет во однос на ланската сезона која беше прва и промотивна за бесплатната игра што ја организира нашиот портал заедно со Sport Life е што сега може да се прогнозира и учествува само со SL картичка.

Наградите се привлечни, а како и лани прогнозерот што ќе погоди во коло 13 пара од основната понуда ќе добие мобилен телефон „I-Phone XS“, вреден околу 60 илјади денари.

За 12 погодени двојки ќе има награда, ваучер од 1.000 денари, а за единаесетка следува ваучер од 500 денари.

Како што ви е познато се типува и на два резервни пара, а погодоците важат за Генерален пласман. И тука за најдобрите ќе има вредби награди и премијата е Смарт ТВ 48 инча.

И веќе во првото коло поради ненамерен технички пропуст во одредувањето на двојките, мечот меѓу САД и Мексико нема да важи, поради тоа што се одигра ноќеска, пред официјалниот старт на новата сезона.

Место него ќе важи првиот резервен пар, а тоа е дуелот меѓу Депортиво Ла Коруња и Албасете, кој веќе се одигра попладнево од 16 часот и заврши со резултат 0:1.

Играта е бесплатна како и лани, ви нуди многу забава и награди, а сега и полесно може да се следи. Се што треба за да се вклучите е да имате Sport Life картичка, која е исто така бесплатна и да ја посетите интернет страницата на Sport Life.

Секако за сите останати информации, најави, дополнителни објаснувања и тек на играта читајте ја „Спорт Манија“.

Вклучете се , не е доцна, сезоната на Спортска прогноза само што почна.

- Оглас -

Најнови вести