Штета што немаше гол во акцијата од учебниците на Хрватите (Видео)

Хрватска ја декласира Словенија во соседското дерби во Х групата за настап на Мундијалот во Катар, а во триумфот од 3:0 најубавата акција не им донесе гол на домаќините.

Одиграа брилијантно и покажаа како од дефанзива експресно се оди во напад. Акцијата тргна од голманот Ивушиќ, потоа Баришиќ го пронајде Перишиќ, кој одигра извонредно со петица, а потоа следеше уште еден мајсторски потег на Крамариќ во најубавата акција на мечот.

Croatia – Slovenia – Tight situation solution from soccer

Хрватите беа многу подобри од Словенците и со головите на Ливаја, на Пашалиќ и Влашиќ го победија соседот и се реваншираа за поразот во март со 1:0 во Љубљана.

Хрватска по шест кола во Х групата е на првото место, заедно со Русија со по 13 бода, но има подобра гол-разлика. Словачка е трета со 9 бода, Словенија има 7, а аутсајдерите Малта и Кипар се на последните две места со по 4 бода.

 

 

- Оглас -

Најнови вести