Со еден играч над 10 поени не се победува Барселона (Видео)

Барселона ја победи Црвена Ѕвезда во Белград со 72:60 и не им дозволи на шампионите на Србија редок подвиг и две победи по ред против шпанските гиганти.

Домаќините очекуваа нов подвиг, откако во минатото коло од Евролигата во Мадрид го победија Реал со 79:77, што беше првокласна сензација, но вечерва немаше нов подвиг во дуелот со вториот великан од Шпанија.

Домаќините имаа малку расположени играчи и само еден, Добриќ со двоцифрен учинок од 11 поени, што е премалку да се изненади Барселона.

Каталонците одиграа цврсто во одбраната и за 40 минути игра примија само 60 поени, што беше доволно за убедлива победа.

Кори Хигинс со 14 поени беше прв стрелец на мечот, а Ориола и Смитс постигнаа по 12, односно 11 поени.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1352697303291883520?s=20

Претходно вечерва Фенербахче го изненади лидерот на табелата ЦСКА Москва со победа на гости од 89:83 и и овозможи на Барселона да се израмни со Армејците на првото место.

На свој терен победа славеше Жалгирис против Олимпијакос со 81:79. Американецот Волкап го постигна победничкиот кош за Жалгирис во последен момент од мечот.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1352705792479293440?s=20

- Оглас -

Најнови вести