Суарес ќе биде неупотреблив за Барселона во следните мечеви од ЛШ

Барселона синоќа го победи Наполи со 3:1 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Следниот ривал на каталонскиот гигант ќе биде Баерн Минхен. Тоа ќе биде дербито на оваа фаза, затоа што тоа се единствените два клуба кои останаа во ЛШ, а го имаат освојувано највредниот трофеј.

Од четвртфиналната фаза сите дуели ќе се играат во Лисабон. Главниот град на Португалија ќе биде домаќин на најдобрите осум екипи кои во еден меч ќе се „требат“.

Лионел Меси и Луис Суарес кои треба да бидат ударното дуо на Барселона во најважните мечеви, синоќа погодија по еднаш против Наполи. Меси даде еврогол, а Уругваецот погоди од пенал. Сепак, кога се игра надвор од „Камп Ноу“ доаѓаат проблемите за Суарес.

Докажаниот голгетер последните 16 голови во Лигата на шампиони ги има дадено на „Камп Ноу“. Поминаа речиси пет години кога Суарес последен пат погодил на гостински терен. Ако се знае дека Барселона веќе сезонава нема да игра на својот стадион, ако продолжи лошата традиција за Уругваецот, Барселона ќе има големи проблеми против Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести