Томас Милер искрен: Не беше пенал

Пред два дена го добивме финалниот пар во Купот на Германија, на 25 мај во Берлин ќе се борат Баерн Минхен и Лајпциг. Актуелниот германски првак одново се најде во финалето, откако го загуби во ланската сезона ов Ајнтрахт Франкфурт, но начинот на кој дојдоа до победата во полуфиналето против Вердер Бремен предизвика бура од негативни реакции.

Во завршните десетина минути, Баерн доби пенал во своја корист кој го реализираше Левандовки, откако дефанзивецот Гебреселасие го фаулираше Коман во опасната зона. Од таборот на екипата од Бремен смета дека пеналот бил непостоечки, односно дека Французинот симулирал прекршок.

Два дена по овој меч, преку социјалната мрежа Твитер се огласи и фудбалерот на Баерн Минхен Томас Милер. Тој ја призна грешката на судијата: „Во текот на натпреварот ми личеше на пенал, но од дистанца се гледа дека е судиска грешка“, вели Милер во дел од видео прилото.

Спорната ситуација можете да ја видите на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести