Трипл-дабл број 21 за влез во историја – Дончиќ си поигра со Сан Антонио (видео)

Блескавата партија во тексашкото деrби му обезбеди на Лука Дончиќ место во историјата на франшизата на Далас. Со новиот троен учинок, Лука застана рамо до рамо со Џејсон Кид како единствени играчи со 21 трипл-дабл учиноци во дресот на Далас.

Дончиќ заврши со 26 поени, 14 асистенции и 10 скока во победата од 109:103, што беше доволно за Далас да ја запише 20-тата гостинска победа оваа сезона, односно 36-та севкупно. Покрај Дончиќ, за гостите блескаше и Кристапс Порзингис со дабл-дабл од 28 поени и 12 скока, додека Дерозен и неговите 27 поени не беа доволни за Сан Антонио да избегне пораз.

 

Останати резултати:

Шарлот 107:101 Њујорк, Кливленд 108:94 Филаделфија, Вашингтон 110:106 Бруклин, Атланта 120:130 Орландо, Мајами 126:129 Минесота, Хјустон 140:112 Мемфис, Феникс 92:102 ЛА клиперс, Јута 103:114 Бостон.

- Оглас -

Најнови вести