Трипл-дабл машина: Нова историска ноќ за Дончиќ (видео)

Блескавото издание на Лука Дончиќ беше клучен фактор во победата на Далас во Сакраменто со конечни 127:123. Словенецот испиша историја против Кингс како најмлад играч во историјата на НБА лигата со трипл-дабл учинок со минимум реализирани 15 скока и 15 асистенции.

Дончиќ мечот го заврши со 25 поени, 15 скока и за него рекордни 17 точни додавања, воедно го запиша 20-от троен учинок во кариерата.

Орландо меџик изненади на гостувањето во Калифорнија, совладувајќи ги фаворизираните Лејкерс со минимални 119:118. Магичните им го нанесоа само петтиот пораз на домашен терен на Езерџиите оваа сезона, кои пак делуваа ранливо без Ентони Дејвис на паркетот.

Фулц го предводеше Орландо со трипл-дабл од 21 поен, 11 скока и 10 асистенции, тој беше најефикасен од шестемина двоцифрени играчи на гостинскиот состав. Џејмс оствари дабл-дабл од 19 поени и 18 додавања.

https://www.youtube.com/watch?v=yvPXJ5fW8io

Oстанати резултати: 

Бостон 103:116 Детроит, Филаделфија 117:106 Бруклин, Мајами 106:100 Сан Антонио, Чикаго 115:106 Вашингтон, Минесота 99:104 Индијана, Оклахома 121:130 Торонто, Денвер 100:86 Шарлот, Хјустон 107:117 Портланд.

- Оглас -

Најнови вести