Трипл-даблот на дофат: Дончиќ си поигра со Сан Антонио (видео)

Далас маверикс го доби тексашкото дерби против Сан Антонио спарс со 102:98. Во камбекот на Лука Дончиќ по пауза од четири меча, одличниот Словенец беше на дофат од нов трипл-дабл учинок, со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции ги предводеше Маверикс до 20-тата овосезонска победа.

Уште на самиот почеток од средбата покажа колку му недостасувало да биде на паркетот, Дончиќ веднаш почна со своите егзибиции и ја „запали“ публиката во „Американ ерлајнс центарот“. Со него на теренот, Далас делуваше сигурно, иако тимот на Грег Попович пружи отпор до самиот крај.

Дончиќ ги реализира последните поени за Далас при резултат од 102:85, па иако домаќините не реализираа ниту еден кош во последните четири минути од средбата, ја сочуваа победата при серијата од 14-0 на Спарс. Покрај Дончиќ, Хардавеј со 17 поени имаше свој придонес во триумфот, додека Дерозен со 21 поен беше најефикасен играч од редовите на Сан Антонио.

https://www.youtube.com/watch?v=GNzt_z-5XcM

Останати резултати од НБА-лигата:

Детроит пистонс – Вашингтон визардс 132:102, Бруклин нетс – Њујорк никс 82:94, Оклахома сити тандер – Мемфис гризлис 97:110, Сакраменто кингс – Минесота тимбервулвс 104:105, Јута џез – Портланд трејлблејзерс 121:115.

- Оглас -

Најнови вести