Тухел рутински во германски стил: Нема повредени и сè е в ред, не се случи ништо специјално меѓу мене и Конте (Видео)

Томас Тухел изјави дека ништо специјално не се случило меѓу него и Антонио Конте на возбудливото лондонско дерби меѓу Челзи и Тотенхем што заврши нерешено 2:2.

Имаше и голови и жестоки дуели, драма во финишот со гол на Кејн за израмнување во 96-тата минута, но и двоен конфликт меѓу двајцата тренери.

Најпрво Тухел и Конте се затуркаа во 70-тата минута по голот на Емил Хојбјерг, со кој Тотенхем израмни на 1:1, а многу пожестоко беше по завршувањето на дербито.

Тухел силно го повлече Конте за раката при поздравувањето и за малку ќе дојдеше до тепачка меѓу нив.

„Ситуацијата можам да ја споредам со двајца играчи на терен кои имаат недоразбирање во жар на играта. Немаше тепачка, ниту некој е повреден и за мене не е голема работа, туку е дел од фудбалската игра. Ова е Премиер лига, мечевите се интензивни, возбудливи и има и вакви дуели. Мислам дека и тој уживаше во дербито, а и двајцата сакаме да победуваме и, како и сите, не ги сакаме поразите“, рече Тухел.

И тој и Конте добија црвени картони за инцидентот што се случи веднаш по завршувањето на мечот и сега очекуваат и дополнителни казни за инцидентите.

- Оглас -

Најнови вести