Ваков стрелец нема ниту еден клуб во Европа, само тој дава голови (Видео)

Младиот напаѓач на УФА, Хамид Агаларов, е вистински хит во Русија откако и денеска беше стрелец за победа против Ахмат Грозни и со 11 a гол е прв стрелец во првенството.

Што е уште поинтересно за 21-годишниот офанзивец е што тој постигна дури 80 посто од головите на рускиот прволигаш во досегашните 13 кола.

Агаларов постигна 11 погодоци, а целиот тим заедно само уште три, што моментно во европските првенства е раритет.

Фудбалерот кој е роден во Махачкала, Дагестан, пристигна во УФА од Анжи Махачкала и веќе сега по само 13 кола има повеќе од двојно постигнати голови, отколку на двојно повеќе натпревари што ги одигра за својот матичен клуб од Махачкала.

Денеска со неговиот нов погодок 11-ти од вкупно 14 што ги постигнаа играчите на УФА забележана е победа од 1:0 против Ахмат Грозни во меч од 13. коло во руското првенство.

Погодокот за победа на УФА што денеска го постигна Агаларов можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести