Вакви мечеви не треба да судат кловнови!

Репрезентацијата која триумфираше на два од последните три турнири на Копа Америка, Чиле, доживеа елиминација во четвртфиналето на шампионатот на Јужна Америка. Чилеанците минимално со 1:0 загубија од Бразил, кој е домаќин и прв фаворит на првенството.

Победникот беше решен на почетокот на второто полувреме кога Пакета го даде единствениот гол на средбата. Чиле погоди за 1:1, но тој гол беше поништен поради офсајд. По средбата, искусниот Артуро Видал го обвини аргентинскиот судија Патрисио Луста како главен виновник за елиминацијата на Чиле.

„На вакви мечеви треба да суди чесен судија кој има храброст, а не кловн. Многу сме разочарани“, рече Видал по мечот.

Чиле речиси цело второ полувреме имаше играч повеќе, откако Габриел Жезус доби директен црвен картон поради бруталниот старт, но Бразил успеа да се одбрани и да си закаже полуфинале со Перу. Вечерва се играат останатите два четвртфинални средби меѓу: Уругвај – Колумбија и Аргентина – Еквадор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести