Винисиус ќе добие „кралски“ договор

Винисиус Жуниор наскоро ќе стане најплатениот фудбалер на Реал Мадрид откако управата на клубот одлучи да го награди за одличните игри од минатата сезона, објави радиото Кадена СЕР.

Прва работа која претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, ја вметна во договорот е откупната клаузула од милијарда евра со која сака да се осигури дека никој нема да се обиде да го купи Бразилецот.

Во договорот ќе има и бонус за Бразилецот доколку ја освои Златната топка.
Винисиус Жуниор во Реал Мадрид пристигна во 2018 година од Фламенго во трансфер вреден 45 милиони евра и веќе со Кралевите ги освои сите можни трофеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести