Во нападот за победа Червар побарал да играат 7 на 6, но Дувњак и Циндриќ не прифатиле

Хрватска во неверојатен меч стигна до победа против Германија од 25:24 и си обезбеди место во полуфиналето на Европското ракометно првенство. На дуелот кој се играше во Виена, Германците речиси во текот на целиот меч беа во водство, но на крајот загубија.

Коцкестите имаа предност само од 1:0 и 2:1, но на три минути до крајот израмнија на 24:24 и добија напад за водство. неспоредно пред тој напад, селекторот на Хрватска, Лино Червар побара тајм-аут на кој ги праша играчите: „Момци ќе играме ли 7 на 6?“. Тогаш во еден глас се јавија капитенот Дувњак и некогашниот вардаров играч Лука Циндриќ и одговорија „НЕ“.

Хрватите останаа со шест играчи во поле, плсу голман и така успеаа преку Игор Карачиќ да дадат гол за 25:4, кој на крајот се покажа како победнички. Токму Карачиќ по дуелот со Германија изјави дека оваа победа го потсетила на многуте фантастични победи во дресот на Вардар во мечевите од Лигата на шампиони, каде Хрватот освои две европски круни со македонскиот шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести