Заниоло од миленик на навивачите стана предавник и го*но бидејќи не сака да си оди од Рома! (Фото)

Италијанскиот репрезентативец Николо Заниоло, се најде на удар на навивачите на Рома бидејќи не сака да си замине од клубот!

Челниците на Борнмут со приватен авион пристигнаа во Рим, подготвија 30 милиони евра како отшета и двојно поголема плата за Заниоло, но фудбалерот не се појави на преговорите.

Овој потег на поранешниот миленик ги полуде навивачите кои поставија транспарент на кој пишуваше „Заниоло, предавник и го*но без чест“.

Тие му се лути на Заниоло бидејќи сметаат дека тој иако има договор до 2024 година, сака уште оваа зима да се пресели во редовите на најголемите ривали, Милан или Јувентус и поради тоа ги одбива сите други понуди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести