Бохум игра за свој мерак, и го покажа патот кон Цвајта на Арминија Билефелд

Бохум игра за свој мерак во финишот на германското првенство и чесно ја победи Арминија со 2:1, што може да биде пресудно за тимот од Билефелд да се врати во популарната Цвајта.

Џорџ Бело е трагичарот на Арминија, откако си ја погоди својата мрежа во 89. минута и тој автогол може да биде пресуден за испаѓање.

Арминија остана на претпоследното место со 27 бода, само пред веќе испаднатиот Гројтер фурт и има само уште еден меч за играње, против Лајпциг на домашен терен.

Шанса им е да ги победат Биковите и да се надеваат на два порази на Штутгарт со Баерн на гости и со Келн на домашен терен. Штутгарт има 29 бода и веројатно ќе игра бараж со третопласираната екипа од Втората лига.

Бохум сезонава ги победи и Баерн и Борусија Дортмунд и тоа со по четири гола во мрежите на двата гиганти.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести